Како екстремна топлина и` штети на економијата

Ова лето најверојатно ќе биде едно од најжешките, како што десетици градови на Запад искусуваат досега невидени високи температури. Екстремната топлина се чувствува во многу делови на САД и предизвикува стотици смртни случаи, избувнување на диви огнови и влошување на условите за суша во преку десет држави, пишува Дерек Лемуан, професор при Универзитетот во Аризона.

Но како овој топлотен бран влијание на пошироката економија?

Како економист кој ги изучувал ефектите на времето и климатските промени, сум консултирал многубројни научни трудови што ја поврзуваат топлината со економските резултати. Еве четири начини на кои екстремната топлина и` штети на економијата, како и малку добри вести.

Економскиот раст трпи

Истражувањата покажуваат дека екстремната топлина може директно да му наштети на економскиот раст.

На пример, студија објавена во 2018 година открива дека економиите на американските држави се склони да растат со побавна стапка за време на релативно топлите лета. Податоците покажуваат дека годишниот раст паѓа за 0,15 до 0,25 проценти за секој Фаренхајтов степен кога просечната летна температура во државата била абнормална.

Работниците во индустриите што се изложени на времето, како што е градежништвото работат помалку часови кога е потопло. Но, повисоките летни температури го намалуваат растот и во многу индустрии што вклучуваат работа во затворени простории, вклучително и малопродажната, услужните дејности и финансиите. Работниците се помалку продуктивни кога е потопло надвор.

Пад во приносите на посевите

Земјоделството е очигледно изложено на времето. На крајот на краиштата, посевите растат на отворено.

Иако температури од 29 до 32 Целзиусови степени можат да придонесот во растот на посевите, приносите драстично паѓаат кога термостатот се качува повеќе. Некои култури што се особено погодени од екстремната топлина се пченка, соја и памук. Овие намалувања во приносите можат скапо да го чини американското земјоделие.

На пример, скорашна студија што ја спроведов открива дека дополнителни 2 Целзиусови степени од глобалното затоплување ќе го елиминира профитот од просечен хектар земјоделско земјиште во источните делови на САД.

Добар пример за ова беше колапсот на жетвата на пченица во Русија како одговор на топлотниот бран што ја погоди земјата во 2010 год, што пак ја качи цената на пченицата во светот.

Употребата на енергија рапидно се зголемува

Секако, кога е топло се зголемува потрошувачката на енергија бидејќи луѓето и бизнисите функционираат со клима уреди и друга опрема за разладување.

Истражување од 2011 год открива дека само еден дополнителен ден со температури повисоки од 32 Целзиусови степени го зголемува годишното користење на енергија во едно домаќинство за 0,4%. Поново истражување покажува дека употребата на енергија се зголемува највеќе во места што се потопли, најверојатно бидејќи повеќе домаќинства имаат клима уреди.

Зголемената употреба на струја во текот на топлите денови ги оптеретува електричните мрежи баш во моменти кога им е најпотребна на луѓето, како што беше случај во Калифорнија и Тексас за време на неодамнешните топлотни бранови. Прекините во струјните мрежи се скапи за економијата, бидејќи залихите на храна и други стоки можат да се расипат, а многу бизниси ќе треба да функционираат на генератори или да се затворат. На пример, прекинот на дотокот на струја во Калифорнија во 2019 год, ја чинеше економијата 10 милиони долари.

Трпат и образованието и заработката

Долгорочното влијание на се` потоплото време ја погодува и способноста на децата да учат, и оттука нивните идни заработки.

Истражувањата покажуваат дека топло време во текот на учебната година ги намалува резултатите на тестовите. Резултатите по математика се намалуваат се` повеќе и повеќе како што температурите се качуваат над 21 Целзиусов степен. Резултатите по читање се поотпорни на високи температури, што според истото истражување покажува дека различни регии на мозокот имаат различна реакција на топлина.

Едно истражување предлага дека учениците во училишта во кои нема монтирани клима уреди учат 1 процент помалку за секој Фаренхајтов степен зголемување во просечната температура во училиштето. Исто така, учениците од малцинствата се особено погодени од потоплите училишни години бидејќи најверојатно во нивните училишта нема клима уреди.

Пропустите во учењето резултираат со помали приходи во текот на животниот век и негативно влијае на економскиот раст.

Влијанието на екстремната топлина на развојот, всушност почнува пред и ние да се родиме. Истражувања откриваат дека возрасните лица кои биле изложени на екстремна топлина како фетуси заработуваат помалку во текот на нивниот животен век. Секој дополнителен податок со просечна температура над 32 Целзиусови степени ги намалува заработките 30 години подоцна за 0,1%.

Клима уредите можат да помогнат – до одреден степен

Клима уредите можат да намалат некои од овие ефекти.

На пример, студии откриваат дека функционален клима уред значи дека умираат помалку луѓе, учењето на учениците не се компромитира и екстремната топлина надвор за време на бременоста не им наштетува на фетусите.

Не секој има клима уред, особено во поладни области како Орегон, Вашингтон или Канада каде жителите искусија невидено високи температури ова лето. А голем број луѓе не можат да си ги дозволат. Податоци од анкета од 2017 год откриваат дека околу половина од домовите во Пацифичкиот Северозапад немаат клима уреди. Околу 42% од училниците во САД исто така немаат клима уред.

Иако топлотните бранови тераат се` повеќе домаќинства да инсталираат клима уреди, тоа е едвај лек. До 2100 год, зголемената употреба на клима уреди би можела да ја зголеми и потрошувачката на енергија во домаќинствата за 83% на глобално ниво. Ако таа енергија доаѓа од фосилни горива, ќе ги засили топлотните бранови што предизвикале и зголемена побарувачка на прво место.

А на југот на САД каде клима уредите се сеприсутни, невообичаено топлите лета ќе имаат поголемо влијание на економскиот раст на државите.

Со други зборови, како што се качуваат температурите, економиите ќе продолжат да трпат удари.

Извор:Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -