Како да ја заштитите вашата кожа во зимскиот период

Неколку корисни совети за вашата кожа.

Капете се во млака вода

Топлата вода е добредојдена во студените зимски денови, но за да спречите дополнително сушење на кожата, обидете се барем лицето и рацете да ги миете со млака вода. На тој начин потребните масти коишто ја чуваат кожата од штетни влијанија нема да бидат отстранети.

Користете навлажнувачки креми

Многу е важно да користите креми што ја навлажнуваат кожата веднаш по миењето. Нанесувањето на кремите на влажна кожа помага за нивна подобра апсорпција и подолго задржување што овозможува и подобра нега.

Ракавици, шал, очила

Носењето ракавици и шал нека ви биде навика секогаш кога излегувате од дома во зима. На тој начин ја штитите кожата од студ, ветер, дожд и снег. Освен тоа доколку денот е сончев земете ги и очилата за сонце. Кожата околу очите е многу чувствителна.

Пијте доволно вода

Зимно време повеќе се посегнува по топлите пијалоци, како чај и какао, а поретко се конзумира вода. Сепак на кожата ѝ е потребна хидратација и одвнатре, а најдобро решение за тоа е водата. Чаша млака вода со лимон е одлична комбинација за освежување и хидратација во зимските денови.

Одбегнувајте алергени и надразнувачи

Ова важи особено за оние кои имаат осетлива кожа, егзема, атописки дерматит или псоријаза. Трудете се колку можете повеќе да одбегнете контакт со било каков алерген или надразнувач коишто можат да предизвикаат акутно воспаление и иритација на кожата. Особено внимавајте со волнени ткаенини и јаки детергенти. Користете производи специјално направени за осетлива кожа.

Фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -