Како да станете партнер со други компании за да го зголемите сопствениот бизнис

Кога сакате да го скалирате бизнисот, имате неколку избори. Можете да потрошите повеќе пари на маркетинг. Можеби ќе можете да додадете уште еден производ или услуга во вашето портфолио. Можеби дури и ќе можете да ги охрабрите моменталните клиенти да ви дадат повеќе од нивните дискрециони долари.

И знаете што? Секоја од тие тактики може да функционира во насока на проширување на дострелот на вашиот бренд. Сепак, би требало да земете предвид уште еден докажан пристап: создавањето стратешки партнерства, смета Тифани Делмор, ко-основач на  SchoolSafe, компанија која помага да се развијат побезбедни образовни средини.

Зошто би требало да станете партнер со други бизниси?

Пред да го замислите хаосот и трошоците поврзани со легално здружување сили со друг ентитет, направете чекор назад. Партнерството со други организации не секогаш изискува опширни договори. Често пати, можете да формирате привремени односи што ќе обезбедат корист за сите вклучени страни.

Кои се некои од главните резултати од проширувањето во зона на партнерството? Прво, автоматски ќе го претставите вашиот бренд пред различен сегмент од публиката. Второ, можете да заштедите пари на рекламирање со онлајн споделување и трошоците за маркетинг офлајн во заеднички проекти. А да, и никогаш не треба да ја потцените вредноста на добивање увиди во компанија со одлични резултати, каде лидерите менаџираат промислено и со емпатија.

Како да стигнете до деловно партнерство?

Секако, отвореноста кон идејата за партнерство е едно нешто. Треба да сфатите како да станете партнер со некој бизнис на начин што има смисла за краткорочните и долгорочните цели на вашиот тим, и тоа е друга работа. Проверете некои конвенционални и иновативни можности за партнерство што функционирале за другите бизниси.

Работете со некој кој понекогаш ви е конкурент

Сакате да испратите силна порака дека имате самодоверба во врска со тоа што имате да и` го понудите на публиката? Станете партнер со некој конкурент. Оваа одлука ја покажува вашата одлучност и влијание, особено ако работите во поле каде овој вид односи се реткост.

Поврзете се со бренд на кој вашата таргетирана публика веќе му верува

Во 2018 година, компанијата Kohl се соочи со пад на популарноста кај помладите купувачи. За да ја надмине таа ситуација, Kohl формираше партнерство со Popsugar, популарна технолошка компанија и издавач. Односот траеше две години, период во кој Kohl го подобри имиџот како свеж и модерен бренд. Во тој период, Popsugar стекна повеќе изложеност и беше во можност да создаде уникатна содржина на неговите сајтови.

Ако имате мака да влезете на одреден пазар, откријте на кои ентитети публиката веќе им верува. Сакате да посегнете по луѓе кои чуваат миленичиња за да ги поттикнете да ја купат вашата смарт правосмукалка? Поврзете се со познат суров материјал или производ поврзан со грижата за миленичиња. Имате тешкотии да стекнете клиенти припадници на генерацијата Зед? Зборувајте со бизнис што веќе ги има за клиенти. Само бидете сигурни дека давате нешто за возврат, за партнерството да не биде еднострано.

Збогатете ја стратегијата за односи со јавноста со забава и игри

Формална или неформална деловна врска не мора да биде долготрајна. Повремено, можете да добиете лифтинг на брендот и тон спомнувања на социјалните медиуми со краткорочни партнерства засновани на хумор.

Пример е шегата за први април на компаниите Arby’s и Warby Parker од пред неколку години. Компаниите рекламираа невозможно смешни производи – монокли од прстени од кромид? – во обид да покажат поопуштена страна. Иако овој вид рекламирање може да ви се чини шашав, сепак беше ефикасен. Warby Parker ја распродаде ексклузивната стока со наслов „Мило ми е што се запознаваме“, а Arby се стекна со значајни нови муштерии.

За да бидете сигурни, партнерството со сериозен бизнис не би требало да се сфати здраво за готово. Сепак, немојте автоматски да мислите дека пристап базиран на хумор нема да се исплати. Кога се прави со вкус, партнерството со хумор, или на нежен, опуштен начин, може да прави чуда. Може исто така да му покаже на светот дека во вашиот случај не станува збор само за работа, што потрошувачите често пати го ценат.

Поттикнете ја продажбата со понуда на производи во ограничено издание

Дали сте во бизнисот со продавање стоки наместо услуги? Дали вашето лого или имиџот на брендот е добро познат но не сте сигурни како да го проширите бидејќи сте обезбедувач на услуги? Имајте бура на идеи за да изнајдете начини како да станете партнер со друга компанија за да генерирате ексклузивни производи во ограничено издание.

Ова не е ново правило. Не многу одамна, производителот на пиво Heineken стана партнер со дизајнерот за облека BAPE. Нивната врска произведе мала колекција специјално брендирани производи достапни во мали количини на специфични локации. Со тоа што ја подигнаа возбудата околу недостигот на производите, бизнисите беа во можност да направат брз профит.

Најдете го вашиот близнак со компанија од друга индустрија

ИКЕА. ЛЕГО. Двата брендови се несомнено супер-успешни на нивните пазари. Иако не беше неопходно ниту еден од нив да го поттикне другиот да остварува поголем профит, тие сепак најдоа заедничко тло. Како? Тие ја создадоа колекцијата BYGGLEK што ја комбинира креативноста на ЛЕГО со практичноста на ИКЕА.

Која е крајната вредносна пропозиција што може да се заклучи од овој пример? Бракот на различни брендови со слично влијание го поттикнува опсегот на маркетинг активностите и дострелот. Размислете за тоа каде е позиционирана вашата компанија во вашето поле. Дали вашиот бренд е добро познат лидер? Или пак е некаде на половина? Или дали вашата компанија е нов бренд што сега почнува да расте?

Бидете искрени. Ако немате став, тогаш тоа е „лош“ став. Кога ќе дознаете на кое ниво е вашата операција, отворете ги очите кон бизниси како вашиот во индустрии што не ви се конкуренција. Со заедничка работа, ќе успеете да ги придвижите двете компании кон нови ниши.

Не скокајте во партнерства, планирајте ги

Стратешкото партнерство со друг бизнис има одлични позитивни страни, нема збор. Одвојте време за однапред да ги менаџирате очекувањата и целите. На тој начин, може да го пробиете патот кон нови публики – и профити.

Извор: articles.bplans.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -