Како да пронајдете радост и благодарност и во најтешките времиња

За многумина, животот пред Ковид-19 беше прилично стресен. Сега, со глобалната пандемијата и несигурната иднина, протеститете ширум светот, нивото на стрес што го доживуваме достига нови височини, пишува Роб Дуб за Форбс.

Тој е благодарен што имал можност да разговара со д-р Елизабет Бохам, вистински визионер и тренер како да најдете позитивност и благодарност и во добри и во лоши времиња. Бохам е докторка со специјализација за функционална медицина и директорка на УлтраВелнес Центар. Нејзините совети за проактивна подготовка за неизбежните животни предизвици се исклучително корисни.

Секогаш има нешто за што можете да бидете благодарни

Денес, д-р Бохам изгледа како природно позитивна личност. Но, таа е првата што ќе признае дека стигнувањето до таква ментална и душевна состојба изискува вистинска работа. Дијагнозата на рак на дојка, поставена пред 20 години, ја натерало одново да го процени сопствениот живот и да ја промени сопствената перспектива кон благодарноста.

На триесетгодишна возраст, таа стажирала како докторка втора година по ред кога почнала да учи како да прави прегледи на градите на пациентите. „Вежбав на себе… и тогаш одеднаш ја пронајдов грутката,“ д-р Бохам се присетува.

Во нејзиното семејство не постоело историја на пациенти кои боледуваат од рак на дојка, така што на почетокот таа не била многу загрижена. Но, охрабрена од нејзиниот сопруг, д-р Бохам одлучила да ја испита грутката што ја напипала. Набрзо открила дека станува збор за агресивна форма на рак на дојка. За среќа, го открила навреме, но сепак морала да подлегне на голем број третмани.

Токму за време на нејзината борба со ракот таа почнала да ја открива користа од благодарноста, а голем дел од таа промена се должи на влијанието на Опра Винфри.

Додека била на лекување, д-р Бохам редовно го гледала Шоуто на Опра Винфри. „Таа имаше цела емисија посветена на благодарноста и како таа помага со анскиозност, стрес, депресија и страв,“ објаснува таа. Еден од омилените начини на Опра за пронаоѓање радост во животот било пишувањето дневник за благодарност секој ден.

Д-р Бохам испробувала различни методи да го одржи и менталното и физичкото здравје, па одличила да го послуша советот на Опра и да практикува живот со повеќе благодарност.

Претворете ја негативноста во радост

Иако советот на Опра ì се допаднал на д-р Бохам, седнувањето и пушувањето за нешта за кои таа чувствува благодарност додека се справувала со борбата со ракот не било лесно. „Кога почнав да го правам тоа, ми беше тешко. Имав 30 години. Бев лута поради дијагнозата. Навистина бев лута зашто бев болна.“

Не само што била млада, туку таа го имала поминато животот во грижа за сопственото здравје кое секогаш ì било приоритет. „Направив сè што треба за правилно да се грижам за моето здравје,“ вели таа. „Се фокусирав на исхрана и вежбање. Немав семејна историја. Не можев да сфатам зошто тоа ми се случува мене. Така што, не се чувствував баш благодарна.“

Сепак, таа била одлучна да се обиде со благодарноста. Д-р Бохам се посветила на дневно вежбање медитација и најпосле го почнала дневникот за благодарност. Се терала себеси секој ден да изнајде три нешта за кои била благодарна. „На почетокот измислував работи како „сонцето“ или „храната“,“ споделува таа низ смеа.

Но набрзо почнала да забележува значителни промени во нејзиниот менталитет. „Ми помогна да сфатам дека мојот ум чест пати одел на многу негативни места. Она што беше природно за мојот ум беше да не се чувствувам благодарна и да бидам повеќе загрижена,“ д-р Бохам вели. „Целиот процес ми помогна, како што им помогнал на голем број луѓе, да препознаам дека мојот ум не ми помага секогаш. Не ми помагаше во процесот на опоравување.“

Таа исто така почнала да сфаќа дека стравот, негативноста и недостатокот на радост се посилни од нејзините чувства за болеста. Тие чувства одиграле сериозна улога во нејзиниот секојдневен живот дури и пред таа да ја дознае дијагнозата. „Мојот ум секогаш беше фокусиран на следната година и на утре,“ вели таа.

Што би можело да се случи? Нејзините мисли ретко се однесувале на сегашноста, и тие тешки мисли почнувале да ја исцрпуваат.

„Запишувањето на трите работи за кои бев благодарна секој ден навистина го промени процесот на размислување, и тоа не се случи преку ноќ,“ објаснува д-р Бохам. „Беа потребни месеци, па дури и повеќе. Но тогаш почнав да се сеќавам на работи за кои сум благодарна за време на денот автоматски. На пример, ќе шетав надвор и ќе си помислев: Ох, тие лисја се преубави.“

Набрзо, позитивноста почнала да се подразбира. „Пред целиот процес, мојот ум дефинитивно не препознаваше радост, благодарност, и убавина во сè,“ вели таа. „Сè уште мислам дека е неверојатно во колкава мера сум се почнала да размислувам на овој природен начин.“

„И ако тоа може да стане природен процес на размислување за мене, тогаш може да стане природен процес на размислување и за вас.“

Како да останете ментално здрави во тешки времиња

Скоро две децении по нејзината победа на ракот, д-р Бохам решила менталното и физичкото здравје да биде клучен дел од нејзиниот живот и кариера. Како доктор специјалист по функционална медицина, таа е промотор на концептот за грижа за себеси и придобивките од холистичкиот начин на живот.

За време на моменталните несигурни околности, таа смета дека сега е поважно од кога и да е претходно, грижата да стане дел од нас самите. Настрана од дневникот за благодарност, д-р Бохам поседува голем број други техники и практики што им ги препорачува на пациентите. Во продолжение се неколку од нејзините омилени.

Грижа за себе

Кога сè ве тера да се чувствувате како животот дека ќе ве проголта, лесно е да ја одлагате грижата што треба да си ја дадете себеси. Таквото однесување може да има многу поопасни последици што ќе ви одземат многу повеќе време отколку практикувањето грижа за себе. „Толку многу е важно што морате да имате време да се грижите за себе,“ потенцира д-р Бохам.

Откако тежината и штетите од пандемијата на Ковид-19 им станаа јасни на поголемиот број жители на планетава, овие последици стануваат поочигледни од претходно бидејќи се објавуваат извештаи во кои се потенцира зголемениот број на случаи на депресија и анксиозност. Д-р Бохам и нејзините колеги директно го засведочиле влијанието на пандемијата бидејќи сè повеќе пациенти им се обраќаат со молба за решение како да си го повратат доброто расположение и менталното здравје.

Мислите дека е невозможно да издвоите време за грижа за себеси? Квалитетна грижа за себе повлекува само неколку минути на ден. Така што, одвојте неколку минути за да ја анализирате вашата рутина. Многумина сметаат дека веднаш по будењето или баш пред заспивањето се отвора можност да си дадете себеси добро заслужена пауза.

Медитација

Д-р Бохам практикува медитација на дневна основа. Таа верува дека медитацијата е клучна алатка за препознавање кога умот почнува да лута на нездрави места. Со тоа што ќе одвоите време за пауза, ќе ви биде полесно да ги следите мислите што ви се туркаат во глава. Тогаш можете намерно да одберете кои мисли ќе ги следите и кои ќе ги оставите.

„Низ годините научив дека умот може само да оди, и да оди, и да оди,“ вели д-р Бохам. „Знаете, умот не е секогаш во право.“

Сега веќе постојат мобилни апликации и онлајн курсеви за медитација. Но д-р Бохам претпочита да практикува медитација на едноставен начин. „Многу пати, едноставно ќе седнам и нема да правам ништо што е насочено или планирано,“ вели таа. „Ќе вдишам и ќе го чувам здивот додека да избројам до пет. Тогаш ќе издишам додека да избројам до пет и внимавам на дишењето.“

Во овие непредвидливи времиња, медитацијата и паузата од работа е лесен и докажан начин да се намали стресот. Едноставното забавување на динамиката на работните обврски може да ни понуди шанса да ја најдеме вистина, и да најдеме вистинска радост без разлика на предизвиците со кои се соочуваме.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -