Како да обезбедиме повеќе можности и еднаквост за жените претприемачи и по Месецот на женската историја

Оваа година, темата на Меѓународниот ден на жената – „Одбери да предизвикаш“ (#ChooseToChallenge), со себе носи зголемено чувство на итност. Последната година создаде единствен сет предизвици за жените, особено за жените од малцинствата во САД, а голем број од нив го носеа тешкиот товар на обезбедувањето нега дома и паузирање на нивните кариери. Како резултат на пандемијата, невработеноста кај жените е четири пати повисока отколку кај нивните колеги мажи. За жените претприемачи, ситуацијата е ужасна. Според една статија неодамна објавена во Форбс, само 26% од жените основачи известиле дека имале период од барем 12 месеци во кој имале директен пристап до кеш, во споредба со 38% од мажите основачи. Таа бројка паѓа на 19% за жените основачи од малцинствата,“ пишува Рудина Сесери, основач и партнер во Glasswing Ventures, компанија која обезбедува финансирање на стартап фирми во почетна фаза.

Одбирањето да се предизвика значи сукање ракави и ангажирање во време кога родовата еднаквост во работната сила се соочува со сериозен удар. Можеме сите да дадеме наш придонес во обезбедувањето помош да се сопре падот во напредокот и да осигураме можности и еднаквост за жените.

Жените поддржуваат жени

Жените кои успеаја во стартап екосистемот, како инвеститори, претприемачи, извршни директори и членови на одбори, се вистинските пионери. Веќе не би требало други кои го следат нивниот пат да ги прескокнуваат истите пречки. А сепак, статистиката покажува дека за сиот напредок што го постигнале жените и недоволно застапените групи во последните неколку години, сепак се во голема мера отсутни од лидерските позиции во стартап и слични компании. Овој недостаток се влоши за време на пандемијата.

Гласот на жените во собата за состаноци треба да се чуе, но тие не можат да бидат осамен глас. На нив им е потребно да им се приклучи цел хор, а сега, како никогаш досега, е вистинското време жените да поддржуваат други жени. Во случајот на инвестициите со ризичен капитал, истражувањето покажува дека кога жените инвеститори се присутни на маса, 32% од нивните инвестиции во почетна фаза одат кај жените основачи, што е двојно од сумата што мажите инвеститори ја вложуваат во жени основачи. И се` на се`, жените се повеќе склони да поттикнуваат разновидност во нивните организации.

Жените во стартап екосистемот кои веќе си освоиле место на лидерски позиции ги знаат пречките и знаат што е потребно да се стигне таму. Надоврзувајќи се на тоа искуство, жените можат да негуваат инклузивна култура и да создадат домино ефект што ја истакнува важноста на пронаоѓање исклучителни кандидати за лидерски позиции, вклучително и жените од расните малцинства и жените припадници на ЛГБТКју заедницата.

Преземање дејство и ангажирање

Има голем број организации што ги поддржуваат и охрабруваат жените. Еден таков пример е невладината Women on Boards Project, организација која им помага на жените да стигнат до лидерски позиции со тоа што им нуди на жените и компаниите можност да се поврзаат и да ги пополнат директорските позиции. Друга организација е CEOX која нуди платформа за номинација на жени на директорски позиции или за седиште во одборот и им помага на компаниите да регрутираат жени за сениорски менаџерски позиции.

All Raise е непрофитна организација чија мисија е да го забрза успехот на жените основачи и финансиери во технологијата, со што придонесува кон создавањето на поплодна и еднаква иднина. Оваа организација нуди советување со физичко присуство и редовни онлајн настани чија цел е да ги донесат на едно место жените основачи, финансиери и оператори.

Социјалното стартап претпријатие digitalundivided е непрофитна организација што координира прибирање нови податоци и лобирање за да катализира економски раст за жените претприемачи од малцинствата во иновации и технологија. Тие нудат обуки и акцелераторски програми, како и финансирање, професионален развој и пристап до менторство и ресурси.

Уште еден пример е Women in VC, најголемата глобална заедница за жени инвеститори, чија цел е да ги поврзаат тие жени, да соработуваат и да создадат нови можности. Тие активно работат со партнерите од екосистемот за да обезбедат ресурси, образовни вебинари и виртуелни состаноци.

Пример за акцелератор кој нуди постојана поддршка за жените претприемачи и менаџери во С. Македонија е ЦЕЕД Хаб Скопје. Во рамките на оваа организација постои ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери, чии членки, преку разни видови работилници, предакцелераторски и акцелераторски програми, менторски средби, можности за вмрежување и партнерства, како и пристап до бизнис ангели како инвеститори, ги надградуваат сопствените лидерски вештини и го унапредуваат работењето на нивните компании.

Одбирањето да се предизвика ситуацијата со сукање на ракавите, посегнување по помош и поддршка и активно вклучување во некоја од горенаведените организации (или други), што нудат помош за жени претприемачи, ќе ја зголеми свесноста и ќе ја забрза инклузијата, а тоа сите ќе не` натера да одиме напред. Поправањето на грозната штета што пандемијата ја предизвика кај жените и родовата еднаквост бара масовен напор, и токму затоа ако сакаме да успееме, секој од нас треба да преземе активна улога.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -