Како да знаете дали бизнис идејата што сте ја добиле во 2 часот наутро е брилијантна…

Тимот на бизнис порталот inc.com ги прашал сопственичките на стартап компании кои се дел од листата на 100 жени основачи кои се нивните најдобри совети за доаѓање до и тестирање на идејата што ќе ја создаде основата на вашата компанија. Еве ги нивните одговори:

Пуџа Бавиши, основач на Malai

  • Поставувајте прашања секому за се`, и барајте причини зошто можеби грешите. Потоа, слушајте ја интуицијата.

Кајла Родригез, основач на SweetBio

  • Ако 90 проценти од луѓето мислат дека вашата идеја е добра, веќе доцните.

Ана Шефиелд, основач на Anna Sheffield

  • Важно е да правите смели чекори уште на почетокот, дури и да ви се чини како тие да се закана по сопствениот живот, и знајте дека е во ред да не постигнете совршенство првиот пат. Ќе продолжите да се подобрувате. Чекорењето по патот ќе ве однесе таму каде што треба да одите.

Елизабет Миранда, основач на CQ Fluency

  • Размислувајте на големо, но одбирајте мудро.

Џулија Чик, основач на Everlywell

  • Запомнете дека некои од најголемите компании, на почетокот не сфатиле дека можат да таргетираат глобален масовен пазар. Кога го основав Everlywell, бев убедена дека има голем пазар за жени на возраст од 25 до 45. Она што целосно не го разбирав беше фактот дека има уште поголема можност за многу повообичаени, секојдневни производи – како што се тестови за мерење на нивото на шеќер во крвта наспроти  специјализирани хормонални тестови.

Каролин Вит, основач на Tia

  • Опсесијата со проблемот што се обидувате да го решите е клучна. Никогаш не би охрабрила некој да основа компанија без да го поседува тоа. Не можам да спијам бидејќи го живеам, дишам и се опседнувам со тој проблем. Тоа ви е потребно за да ве тера да го туркате каменот кон врвот на ридот (како Сизиф).

Кет Чен, основач на Skylar

  • Бев во можност да ги повторувам процесите за многу кратко време бидејќи добив повратни информации од клиентите за многу кратко време. Дури имаше клиенти на кои ќе им пишев меил за да се состанеме на телефонски разговор бидејќи сакав да научам за нивното однесување и искуство. Голем дел од она што го направив на почетокот беше навистина хаотично, но ми помогна да научам и да го подобрам нашиот бизнис, да ги подобрам нашите производи, и да го подобрам нашето искуство.

Шила Микаил, основач на AskBio

  • Најдете го тоа што ви побудува страст, што ќе ве натера да не се грижите за „хејтерите“.

Кристал Етјен, основач на Ruby Love

  • Не мора да завршите во мал семеен бизнис. За да постигнете големи нешта, треба да размислувате на големо. Размислувајте како „еднорог“. (*Приватна стартап компанија чија вредност се проценува на повеќе од 1 билион долари).

Стефани Бенедето, основач на Queen of Raw

  • Не плашете се едноставно да ја претставите вашата идеја, дури и да не изгледа совршено. Ако можете да го направите тоа, тогаш можете да почнете да учите за вашата заедница и вашите клиенти, и потоа можете да почнете да ги повторувате процесите и да се подобрувате.

Каролин Родз, основач на Hello Alice

  • Многу сум отворена за се` што ќе ми падне на памет, иако голем број претприемачи не ги споделуваат многу нивните идеи. Луѓето ќе отфрлат или ќе развиваат идеи на различни начини. Учам од двете врсти на луѓе. Ако ја отфрлат, тогаш сум во можност да согледам пречки што треба да ги надминеме. Ако ја развиваат, ги гледам можностите.

Амбер Леонг, основач на Circadian Optics

  • Размислувајте едноставно. Ако смислите производ што навистина решава проблем и не бара луѓето да трошат многу пари или да го променат секојдневниот живот, тогаш терајте напред.

Колет Куртион, основач на Joylux

  • Кога ја разгледував можноста, видов како многу жени патат во тишина. Не дека еден ден се разбудив и си реков себеси: „Боже, сакам да основам компанија што ќе ме спречи да се подмочнувам откако ќе кивнам“. Нема да ви биде удобно да скокате на трамполина со вашето дете ако знаете дека ќе ги намокрите панталоните. Не ви продавам совет. Ви продавам подобар живот.

Кристи Ким, основач на TomoCredit

  • Бидете комотни со сознанието дека не го знаете одговорот. Не постои еден одговор. Бидете креативни и пронајдете ги вашите одговори.

Ванона Сачер, основач на Makhers Studio

  • Вашиот бизнис мора да реши вистински проблем. Ако го прави тоа, тогаш кога ќе се случат пандемии и големи катастрофи, не се соочувате со итна промена на планот колку што гледате потврда дека сте на вистинскиот пат.

Даниел Аплестон, основач на Daughters of Rosie

  • Ако одберете идеја која доаѓа од местото каде тлее вашиот оган, од местото каде се чувствувате неудобно со тоа каков е светот, и каква разлика сакате да направите во него, тогаш тоа ќе ве „полни“ кога се` останато делува невозможно.

Никол Сахин, основач на Globalization Partners

  • Која голема авантура не почнува со екстремна возбуда, и малку страв? Направете го скокот!

Робин Вилсон, основач на Robin Wilson Home

  • Ќе има денови кога ќе го менаџирате вашиот бизнис од денес за утре, и ќе им исплаќате на сите освен на себеси, но некако се` уште ја имате енергијата и возбудата да станете наутро и да отидете на работа и следниот ден. Тогаш знаете дека сте претприемач. Кога сте основач, и кога верувате во вашиот бизнис и го живеете, тој станува дел од вашето платно што го ткаете за сопствениот живот. Станува збор за патување, не за спринт. Станува збор за верба во себеси и повторување на мантра. Ако не се борев за мојот бизнис, немаше да имам почит за тоа што е возможно. Една мудра жена еднаш ми кажа дека кога го правиш тоа што си роден да го правиш, ќе им помогнеш на милиони луѓе. Тоа нема да биде работна позиција. Тоа е она што го правиш.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -