Како да го направите вашиот бизнис поефикасен и профитабилен

Пандемијата на Ковид-19 дефинитивно наметна повеќе предизвици за начинот на кој компаниите работат отколку кој било друг настан во нашето сеќавање, ако не и подолго. Додека надворешните притисоци врз бизнисите се зголемија, голем број претпријатија се` уште самите си предизвикуваат хендикеп со тоа што не создаваат и не инкорпорираат наједноставна процеси за системска ефикасност. Со ефективно менаџирање и приоретизирање на влезните податоци и информации во вашиот бизнис, најконкретно вашите и работните часови на вашиот сениорски тим, можете да остварите подобри резултати и на крајот, приход.

Во прилог се клучните принципи за оптимизирање на ефикасноста, што ќе ви помогнат да го ослободите бизнисот од само-наметнатите ограничувања во 2021 год, потенцира Самјуел Лич, директор на Samuel & Co Trading, Clarityy News & Security Elite за бизнис порталот Entrepreneur.

Не сте менаџер, туку лидер

Лидерството и менаџментот е една иста работа, нели? Не, не сте во право. Варен Бенис, професор по бизнис администрација и организационен консултант е цитиран поради следнава изјава: „Менаџерот го прифаќа статусот кво, лидерот го предизвикува“.

Дури и оваа мала промена во начинот на размислување ќе ве ослободи од една од најупорните неефикасности во бизнисот. Ако се гледате себеси како менаџер, тогаш стратешки гледано, не сте подобар од негувател, односно работите со тоа што го имате и го чувате. Претприемништвото почива на основата на лидерството: идентификување на силните и слабите страни на бизнисот, имплементација на позитивна промена додека другите ве следат на патувањето. Користете го системот наречен „Планирај, прави, гледај, делувај“. Работете на развивањето на идеја за подобрување на ефикасноста, тестирајте ја, одново анализирајте и потоа интегрирајте во активности што конкретно водат до подобрена ефикасност во целиот систем.

Ефектот на вистинското лидерство врз ефикасноста е како некој вид талог. Ако се идентификувате себеси како лидер ќе го подобрите бизнисот преку активности што водат кон ефикасност. Ако ги научите членовите на тимот да бидат лидери, тие ќе идентификуваат такви активности што водат кон ефикасност, постепено, постојано и на секое ниво на вашиот бизнис.

Бидете економични

Таичи Оно, основачот на продукцискиот систем на Тојота, и основоположникот на „економичното“ работење (lean working), прашан за „економичниот“ начин на размислување, одговорил: „Се` што правиме се состои од гледање во временската рамка, од моментот кога клиентот ни доставува нарачка до точката во која ги собираме парите. И ја намалуваме временската рамка со намалување на трошоците што немаат вредност или не додаваат вредност“.

Клучното прашање тука е: „Кои се работите што ги правите за кои луѓето сакаат да платат, и зошто се` уште ги правите?“. (1) Идентификувајте што сака вашиот клиент, (2) идентификувајте какви работни процеси се потребни за да ги постигнете целите на клиентот, и (3) автоматизирајте го процесот на креирање производи/услуги за да можете да продавате непречено, т.е. да продавате само доколку постои вистинска побарувачка а не врз основа на предвидувања. Отпадот може да настане од палета различни извори, вклучително и прекумерно процесирање, непотребно преместување на стоки и персонал, едноставно погрешно размислување во рамки на дизајнот на системот…Престанете со тоа, бидејќи никој не ви плаќа за таквите трошоци, но бидете внимателни ненамерно да не ја намалите вредноста на вашиот бренд со тоа што ќе го дехуманизирате процесот.

Инвестирајте во реална анализа на ефикасноста на вашиот бизнис

Кевин Занг, претприемачот кој стои позади електронскиот бизнис HEMPX – бренд за гардероба, има оригинален пристап кон деловната ефикасност, и таа е во срцето на неговата работа. Секој месец, Кевин поминува една недела во  евидентирање на се` што направил тој месец, час по час, и потоа внимателно испитува дали некаде има застој во ефикасноста. Кевин го анализира сопствениот распоред и потоа одредува кои активности имаат висока додадена вредност и кои можат да се автоматизираат преку ангажирање нов талент.

Разликата помеѓу успешна стартап компанија и скалиран бизнис е развојот на системи што креираат раст врз основа на проверен концепт. Универзитетот во Оксфорд ја идентификува скалабилната инфраструктура како еден од трите главни критериуми што се потребни бизнисот да го достигне следното ниво, заедно со силно лидерство и соодветен маркетинг. Ова вклучува информатички системи и производство или производствени системи, како и плановите поврзани со канцелариски простор и работна сила. Ако сопственикот на бизнисот го троши целото време на плевелот на бизнисот, наместо постојано да размислува за раст, тогаш секако, бизнисот нема да расте.

Фокус и посветеност во отстранувањето на неефикасноста е како отстранување окови од потенцијалот на бизнисот. Отстранувањето на непотребните трошоци бара храбро лидерство и способност да се идентификува тоа што му е потребно на вашиот клиент и да го обезбедите тоа на најрационален начин, како и желбата да бидете сигурни дека го користите вашето време ефективно со цел да го одведете бизнисот во вистинската насока.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -