Како да ги пронајдете можностите кога предизвикот е преголем

Како да ги пронајдете можностите во тешка ситуација е темата на следниот онлајн настан  – Global Leaders Talk, во организација на CEED Global, a со посредство на CEED Macedonia. 

Поврзано:

Настанот, на кој главен говорник ќе биде Џон Курувила – ко-основачот и извршен директор за менаџирање ризици во Kalpnik Technologies со седиште во Бангалоре, Индија, ќе се одржи на 3 јуни 2020 год, во 15ч, а за да го потврдите вашето присуство, регистријте се на овој линк

Курувила ќе зборува за сопственото искуство со претприемачите и како им помогнал да го извлечете најдоброто од која било тешка ситуација, во услови кога бизнисите мораат да се приспособат на „новото глобално“ и да ги прифатат новите трендови.

Компанијата Kalpnik Technologies е водечка компанија на глобални ниво која користи виртуелна реалност и зголемена реалност за да им помогне на верниците да ги продлабочат личните искуства со Вербата.Неговото портфолио е богато и разнолико, со искуство од повеќе индустрии, како што се рекламирање, недвижнини, авијација, хорека и вложување ризичен капитал. Тој во Индија ги има стартувано некои од најпопиларните кампањи и работел со големи како како што се: Oberoi Group Hotels, J. Walter Thompson, Leo Burnett, и Lintas (Lowe).

Едно од неговите поголеми достигнувања е неговиот придонес во тимот кој одново го измисли комерцијалното летање во Индија со  Air Deccan, компанија која постигна првична јавна понуда за купување во првите три години. Во неговиот последен професионален ангажман беше назначен за извршен директор на Gennext Ventures, компанија во чие сопствеништво удел има фирмата Reliance Industries. Оваа компанија го лансираше JIО, телекомуникациски бренд кој користи 4Г технологија и која ја смени мапата на телекомуникациите во Индија засекогаш.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -