Како да ги привлечете купувачите

Имате одличен производ или услуга, но едноставно не успевате да привлечете купувачи. Испробајте ги следниве неколку тактики.

Разбудете емоции

Неретко се случува некој да посака да купи нешто само затоа што измамило позитивни емоции и насмевки. Покажете го тоа. Доволна е една мини реклама со фотографија на којашто се изгледа прекрасно и весело. Со тоа ќе покажете колку убаво ќе се почувтвуваат доколку го купат тоа што го нудите. Играјте со емоциите, така полесно ќе создадете поврзаност со клиентите.

Доказ за квалитет

Дури 95% од купувачите читаат онлајн препораки пред да купат некој производ. Демонстрирајте докази за квалитет. Искористете го вашиот веб сајт, оценките на клиентите за услугата… сето она што ќе покаже дека вреди да се потрошат пари за тоа што го нудите.

“Страв да не се пропушти“

Создадете чувство дека понудата едноставно не смее да се пропушти. “Ограничена залиха“, “Пониска цена денеска“ и слично се добра тактика за привлекување на купувачи. На тој начин тие ќе се плашат дека можеби нешто ќе пропуштат доколку не ја искористат “Супер понудата на денот”.

Бесплатен примерок

Понекогаш треба да се даде нешто гратис за да се добие повеќе. Кога некој ќе ни даде макар и најмал подарок, односно бесплатен примерок, чувствуваме обврска да купиме нешто. Дури и ако вашиот бизнис е онлајн, можете да понудите, на пример, бесплатни прирачници со цел да го привлечете вниманието на купувачите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -