Како викендот драстично се промени во време на само-изолација

Времето поминато во слободни активности е важно – особено во стресни периоди. Што може да направиме за да ни бидат викендите поисполнети додека пандемијата на Ковид-19 трае?

Поврзано:

Одговорите ги дава ББЦ, а уводот во објаснувањето е сцена од позната серија Downton Abbey. Имено, една обилна вечера чии домаќини се Кравлиеви е прекината кога еден од поканатети гости ги известува останатите дека нашол вистинска работа. Кога истиот тој гостин објаснува дека има и други обврски за време на викендот, Меги Смит прашува со доза загриженост: „А што е тоа викенд?“.

Истово прашање си го поставуваме сите ние кои не работиме во болница, полициска или противпожарна станица, или аптека, и кои имаме доволно време во последниве неколку недели, бидејќи училиштата, канцелариите и јавните простори од секаков вид се затворија со цел забавување на ширењето на коронавирусот, да се бавиме со вакви нешта. Затворени во нашите домови, и лишени од секојдневните рутини, многумина кои мораат да поминуваат време во само-изолација доаѓаат до сознанието дека времето станува чудно и аморфно и дека не може да се дефинира со помош на стандардниот календар.

карантин

Ако сте се уште во пижами, и телевизорот и лаптопот од работа се вклучени, не е важно колку е саат? Ако уште играте пинг-понг помеѓу работата што треба да се заврши и децата кои бараат ужина, дали е важно кој ден од неделата е? Што навистина е викенд, и дали е можно да имаме викенд во свет затворен во карантин?

Нешто на што ќе се радуваме

„Еден од предизвиците на сегашната криза е фактот дека голем дел од нашите распореди се целосно во хаос,“ објаснува Лори Сантос, професор по психологија на универзитетот „Јејл“, која го предава многу популарниот предмет – науката за добросостојба. „Луѓето се суштества од навика, и имањето редовен распоред за тоа кога работиме и кога се впуштаме во слободни активности може да помогне во намалување на несигурноста, особено во вакви несигурни времиња.“

Во нормални времиња, редовниот распоред ни го диктираат надворешни сили: распоредот на училиштето, рапсоредот на возовите, работните состаноци и договорените обврски. Без нив, луѓето низ целиот свет мораа да измислат сопствени начини да прават разлика меѓу времето за слободно активности и останатото време.

Шанеј Куруниотис е маркетинг директор која работи во Сиетл, за патната компанија Рик Стивс Европа. Иако сега работи од дома, таа продолжува да го навива аларамот за да стане на време и да се смети на бирото во редовното време. Спиењето подоцна наутро е задоволство што го чува за викендите.

карантин

За оние кои имаат деца дома, утра со слободни активноси кој било ден се надвор од дневен ред. Емили Сефтел работи во администрацијата на меѓународна организација во Париз, нејзиниот сопруг работи во технолошката индустрија, и двајцата се справуваат со обврските на двете работи дома, како и со грижата и образованието на нивниот шестогодишен син. За да се осигураат дека имаат на што да се радуваат за време на викендите, тие воспоставиле едно правило, секој ден од викендот, секој родител добива 3 часа за себе, во кој било слободен простор што можат да го најдат во станот.

„Другите членови на семејството се преправаат дека тој родител не е таму,“ Сефтел објаснува. „Менуваме утра и попладниња. Последниот викенд го добив утрото во сабота и попладнето во недела за да читам на балконот на сонце, да се заклучам во собата со Нетфликс, или да правам што сакам.“

Човечки конструкт

Зошто се важни викендите? За разлика од 24-часовната ротација на Земјата, или нејзиното патување околу сонцето за 365 дена, работната недела составена од 7 дена е социјален конструкт, посочува новинарката Катрина Онстад во нејзината книга „Ефектот на викендот: Животоменливи придобивки од одморањето и предизвикување на култот на прекумерна работа.“

карантин

Во суштина, дводневниот викенд е делумно роден од една друга економска криза, Онстад вели. За време на „Големата депресија“ во 1930тие, многу индустрии сё уште се немале приспособено на 40-часовната работна недела каде работниците имаат распоред за 5 работни дена, така што тогаш помалку работни часови биле распределувани на поголем број луѓе. Веќе до 1938 година, 40-часовната работна недела се вкоренува во работењето со Законот за правилен работен стандард.

Многу е можно оваа сегашна криза да доведе до долгорочни промени, исто така.

„Дури и пред пандемијата на коронавирусот, традиционалната работна недела се менуваше,“ истакнува Бред Бевен, професор по историја на универзитетот во Портсмут, осврнувајќи се на подемот во работењето на далечина, самовработувањето и економиијата базирана на хонорани работи. „На многу чуден начин, само-изолацијата му …. овозможи на работникот да го одреди неговиот сопствен циклус на продуктивност, сопствените паузи и работни рутини.“

Вратете малку нормалност назад

Како општеството ќе ги промени своите навики како одговор на оваа криза е нешто што допрва ќе го видиме. За поединците, сепак, воспоставување некој вид структура во денот и неделата е критична компонента во однос на преживувањето на несигурноста и притисокот во неделите што доаѓаат.

карантин

„Ако не сакате да ги завршите работите, не е важно“ ако имате рутина, посочува Нир Ејал, консултант за продуктивност и автор на „Неподвоено: Како да го контролирате вашето внимание и да го изберете вашиот живот“. „Ако треба да завршите работи, тоа не е опција. Ни треба структура во нашиот ден и знаеме дека без структура, луѓето побудалуваат. Буквално. Стапките на депресија и анксиозност одат нагоре (во некои ситуации) кога има мала контрола и високи очекувања.“

Ејал се осврна на истражување од 2006 година кое покажа дека луѓето кои заземаат работни места каде имаат мала контрола врз сопствените работни услови, минимална социјална поддршка и високи психолошки професионални барања е поверојатно да искусат нарушувања со менталното здравје, како што се депресија или анксиозност.

Споредете го тоа со нашата сегашна ситуација, во која сите сме заглавени да работиме дома, не можеме да поминуваме време со пријателите, саканите или колегите, и ги балансираме истовремените работни, семејни и образовни обврски сред светска пандемија. Има многу работи тука што не можеме да ги контролираме. Одржување некаков вид дневна структура и смисол за време ни помага да го одржиме фокусот на она што можеме да го направиме.

карантин

„Би ги охрабрил луѓето да најдат начини да го пресликаат она што го правеле за време на викенд со користење на креативни работи што ги правиме во ова време. Дали секоја недела одевте на ручек со пријатели? Направете палачинки дома и сретнете се на Zoom. Дали во сабота наутро одевте на долго џогирање? Тогаш отидете на џогирање ама со пропишаното социјално оддалечување,“ објаснува Сантос. „Идејата е да се најдат начини да ги пресликате рутините што сте ги имале претходно што повеќе можете за да внесете доза нормалност во оваа чудна ситуација во која се наоѓаме.“

Содржината на вашата рутина не е толку важна колку фактот дека имате рутина, Ејал дополнува. Сегашната криза може да биде шанса да се сменат работите и да создадете распоред што одговара на вашиот ритам наместо на ритамот на работодавачот. Па дури може да откриете дека има некои аспекти во работењето дома што ви се допаѓаат.

Карол Хорн, која работи за добротворна организација за постари лица во Лондон, им понуди на нејзините деца на возраст од 9 и 7 години да учат од среда до недела за таа да може да им посвети повеќе време на нив и нивните домашни задачи за време на викенд. Таа го напушти планот кога постарото дете реши да не се придржува до договорот.

„Кажа дека сака викендот да биде во сабота и недела,“ додава Хорн. „И, бидејќи нормалноста излета од прозор, сакав да и` дадам барем мал дел од редовната рутина за да се држи за тоа.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -