Каква судбина ги чека европските старатап компании во 2021 год?

Ова време минатата година, бизнис сајтот Sifted подготви листа на поприлично точни предвидувања за годината што измина. Колумнистот Николас Колин предвиде дека годината ќе биде одбележана од работењето на далечина, иако поради различни причини. Филип Коломбел, генерален партнер во Partech кажа дека ќе биде година на „економска криза“.

Но не сите експерти во 2020 година дадоа точни предвидувања. Жан де ла Рошброкард, партнер во Kima Ventures, кажа дека технологијата за патување ќе доминира над финансиската технологија, но пандемијата стави крај на тоа. Габриела Хершам, ко-основач и извршен директор на компанија која издава простор за заедничко работење – Huckletree, посочи дека 2020та ќе биде „година на заедничко работење во рамки на заедницата“.

Така што, со оглед на несигурните 12 месеци што не` чекаат, какви предвидувања можеме да направиме за 2021 год? Во продолжение се размислувањата на некои од најистакнатите експерти во стартап светот во Европа.

Европските стартап компании ќе соберат рекордни 50 билиони американски долари

Во 2016 год, европските технолошки стартап компании успеаја да соберат 16 билиони долари во финансиски средства од глобалните компании за почетен, ризичен капитал. Минатата година, европските стартап фирми, во екот на глобалната пандемија, собраа рекордни 41 билион американски долари за развој на нивните производи и услуги. Ова претставува годишна стапка на раст од 30% во текот на 5 години и го потврдува она што веќе го знаеме: европскиот стартап екосистем цвета на начин што не е виден досега.

Така што, разумно е да мислиме дека финансирањето на стартап фирми оваа година ќе достигне 50 билиони долари, и тоа поради неколку причини. Најнапред, глобалната монетарна политика продолжува да биде многу лабава и има тони пари на располагање, особено од САД каде вредноста на стартап компаниите е многу повисока и инвеститорите доаѓаат во Европа за да најдат добра зделка. Второ, има „сув барут“ од 2020 год што чека да биде распределен кога економијата ќе почне да закрепнува.

Трето, и најверојатно најважно, Европа е посветена на развојот на стартап екосистемот и се вложува во технологија. Уште повеќе, млади и стари луѓе сакаат да основаат или да работат во технолошки стартап фирми, што пак претставува значајна промена во начинот на размислување споредено со пред 10 години. Како никогаш досега, вработените кои уште на почетокот на кариерата работеле во успешна стартап компанија сега ги напуштаат работните места за да работат на сопствени проекти, и со себе ги понесуваат парите, но и експертизата, смета уредникот на вебсајтот Мајкл Стотард.

Ќе порасне бројот на стартап компании – еднорози

Во 2020 год, Европа создаде 18 нови стартап компании – еднорози, во приватна сопственост чија вредност е процената на преку 1 билион долари, што значи дека вкупниот број на вакви фирми достигнува речиси 60, во зависност од тоа како ги броите.

„Јас предвидувам дека овој факт ќе го зголеми бројот на 25 технолошки компании што ќе соберат финансиски средства и што ќе бидат проценети на 1 или повеќе билион долари за првпат оваа година, како што поволните прилики продолжуваат да се развиваат,“ посочува Стотард.

Зошто? Затоа што Европа сега произведува компании еднорози со иста стапка како и САД, додека компаниите што добиваат финансии во рана фаза во двата региони имаат шанса еден во 100 да скалираат до компанија чија вредност е 1 билион долари или повеќе. Тоа би требало лесно да не` доведе до бројот 25.

90% од капиталот ќе биде доделен на тимови основачи составени само од мажи

Минатата година 90,8% од финансиските средства за стартап компании во рана фаза на развој беа инвестирани во тимови што беа составени само од мажи, вели извештајот на Атомико за состојбата во европските технолошки компании. Податокот е доказ дека работите споредено со минатите години не се промениле во голема мера.

„Од гледна страна на родот, податоците се неверојатно поразителни,“ изјави Том Вемејер, авторот на извештајот.

Додека има знаци дека и жените претприемачи успеваат да соберат финансиски средства за развој на нивните компании во рана фаза, сепак не го прават тоа во доволно голема мера. Што се однесува до финансиските средства што им се потребни во подоцнежна фаза на развој, бројките се уште полоши. Во 2020 год, ниту еден договор со вредност повисока од 50 милиони долари не беше склучен од страна на тим составен само од жени.

Стотард вели дека оваа состојба ќе почне да се менува во текот на оваа година, но сепак стравува дека ќе има прилично сличен исход како во 2020 год.

Klarna ќе тврди дека ќе биде новиот Amazon

Се сеќавате кога ко-основачот на финансиската технолошка компанија Klarna, Себастиан Симиатковски му се заблагодари на Си-Ен-Би-Си „што го официјализира моментот: Klarna е сега глобалниот иновациски лидер а Paypal е следбеник“.

Тогаш, голем дел од стручната јавност се насмеа на веста споделена во твитот на шведскиот претприемач кој бараше внимание. Но можеби Симиатковски бил во право. Неговата апликација се издвои не само како апликација за онлајн плаќање, туку и се претвори во нешто поголемо и посјајно. Апликацијата сега ги тера корисниците се` да купуваат онлајн.

„Иако сум осум месеци бремена и нема поента да гледам тесни фустани, сепак се фаќам себеси како разгледувам со нагон да потрошам пари. Во споредба со Amazon, чија платформа исто така ја посетив минатата недела, го имаше спротивниот ефект на мене,“ вели Мими Билинг, новинар во областа на медицинската технологија со фокус на нордиските земји.

Klarna тукушто вработи моден директор. Во однос на логистика и магационерско складирање, очигледно има уште пат да изоди, но ниту Amazon не беше создаден преку ноќ.

Најжешката инвестициска тема ќе бидат компаниите што работат во областа на климатските промени

Грета Тунбер и нејзините пријатели активисти го сторија своето. Владите одговараат на нејзините барања, иако премногу бавно. Големите компании се натпреваруваат меѓу себе во напорот да изгледаат „зелени“. Инвеститорите што обезбедуваат финансиски средства за рана фаза на развој се` повеќе вложуваат во технолошки стартап компании што работат во областа на климатските промени и животната средина, додека истовремено се очекуваат и големи промени во државните политики.

Во февруари, Бил Гејтс ќе ја објави многу очекуваната книга за тоа како да избегнеме климатска катастрофа, и ќе го поттикне светскиот дијалог за практичните чекори што се потребни да ги направиме. Во 2021 год, главен тренд ќе бидат „зелените“ инвестиции. Европските претприемачи имаат многу паметни идеи за тоа како да се справиме со климатските промени. Сега треба да го скалираат бизнисот.

До овој момент, инвестициите во ваков вид компании се многу ниски – околу 6% од глобалниот капитал во 2019 год, според Dealroom. Се очекува бројот на ваквите фирми да расте уште повеќе бидејќи граѓаните, потрошувачите, вработените, компаниите и инвеститорите сите бараат повеќе да биде сторено за да соодветно се одговори на итноста со климатските промени, верува Џон Торнхил, уредник за иновации и претприемништво во Financial Times.

Шефовите ќе сакаат вработените да се вратат во канцеларија што побрзо

Голем дел од нас имаат мешани чувства во врска со новото нормално и работењето од дома. Иако одговарањето на деловни мејлови во пижами од кревет е забавно од време на време, сепак се чувствуваме повеќе изолирани, помалку активни, па дури и помалку поврзани со светот околу нас без рутината да одиме во канцеларија.

Како што земјите осцилираа помеѓу потешки или полесни ограничувања како одговор на стапките на инфекција со Ковид-19, голем број компании усвоија хибридни модели според кои вработените доаѓаат во канцеларија само неколку дена неделно. Многу работници ќе настојуваат сличен флексибилен модел да стане долгорочна политика имплементирана од страна на нивните шефови.

Не очекувајте сите вработени да се откажат без борба.

По првичните карантини, веќе видовме приказни на работници кои биле повикани назад на работните места против нивната волја, додека Facebook беше обвинет дека „ги ризикува животите“ на вработените кога ги врати во канцеларија премногу рано.

Работниците кои претпочитаат флексибилност се исто така во право, бидејќи истражувањата посочуваат дека работата на далечина ја зголемува продуктивноста. Сепак, растечката невработеност во пост-пандемски економски застој би можела да ги ослабне преговарачките моќи на работниците како што ќе влегуваме во „пазарот на купувачите“, особено на почетна позиција.

„Очекувам вработените на повисоките позиции да имаат поголема одлучувачка моќ во однос на нивната работа и од нив ќе зависи дали ќе се усвои пофлексибилен пристап и за другите,“ истакнува Тим Смит, новинар кој известува за развојот на технолошкиот стартап екосистем во Шпанија и Португалија.

Европскиот технолошки екосистем ќе станува се` повеќе нееднаков

Последниот светски финансиски крах не беше лесно време за нациите од јужна Европа. Стапката на невработеност се вивна до небото, додека нестабилните економии се трудеа да се одржат во живот, а некои стравуваат дека овој регион ќе доживее уште повеќе вакви неприлики во годината што следи.

Знаците на разликата меѓу стартап компаниите во северна и јужна Европа веќе почнуваат да се гледаат. Додека Европа во целина изгледа како да е подготвена годинава да ги надмине нивоата на финансирање во споредба со 2019 година, инвестициите во шпанските стартап фирми се намалија за повеќе од половина.

На југ, исто така, владините програми за поддршка на технолошкиот сектор сликаат загрижувачка слика. Земјите како Германија и Франција креира шеми за финансиска поддршка, одвојувајќи 2 милиони и 4 милиони евра секоја посебно, но технолошкиот сектор во Португалија беше третиран со 25 милиони евра преку мерките за помош.

Сепак има надеж дека Европскиот фонд за  економско закрепнување ќе спречи оваа празнина да се зголемува. Во август, Европската Унија се сложи да одвои 750 билиони евра што ќе биде од корист првенствено за малите европски економии, но ветераните од последниот финансиски пад веруваат дека програмите на фондот ќе бидат неадекватни за да се создаде вистински интегрирана Европа, истакнува Смит.

Бурата што доаѓа а која е составена од рецесија и невработеност ќе ја погоди Европа многу силно кога ќе се потрошат средствата од мерките за поддршка. Кога тоа ќе се случи, малите економии ќе бидат далеку помалку опремени да се справат со неа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -