Каде завршуваат македонските извезени производи?

Во текот на 2019 год од Северна Македонија се извезени производи во вредност од 7,2 милијарди долари, што е за 4% повеќе во однос на минатата година, покажуваат податоците на World’s top exports за нашата земја.

Податоците покажуваат дека од 83,5% од производите извезени од земјава, дури 48,7% завршуваат во Германија. Потоа следуваат: Србија (8,5%), Бугарија (4,9%), Белгија (3,3%), Италија (2,7%), Грција (2,7%), Унгарија (2,6%), Романија (2,4%), Кина (2,3%), Велика Британија (2,2%), Холандија (1,6%) и Шпанија (1,5%).

Анализирајќи го извозот на земјава по континенти, 93,8% од извозот на Македонија заврши во другите земји од Европа, а 4,5% отпаѓа на увозници од Азија. Многу е помал процентот на извоз на другите континенти: Африка (0,4%), Латинска Америка (0,1%) и Австралија исто толку.

Најпродавани се хемиски производи

Според видот на производи што најмногу се извезувале од Македонија, удел од 21% имаат хемиските производи на чија продажба на странски пазари се инкасирани 1,5 милијарди долари.

Потоа следуваат: машини и опрема (1,1 милијарда долари), машини, вклучувајќи и компјутери (899,9 милиони долари), железо и челик (552,2 милиони долари), облека (377,9 милиони долари), возила (356,4 милиони долари), мебел, постелнина, осветлување… (314,3 милиони долари), производи од железо и челик (194,7 милиони долари), тутун и тутунски производи (160,8 милиони долари).

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -