Зошто малите бизниси и стартап компании треба да се рекламираат на социјалните медиуми?

Позади рекламирањето секогаш стоела личната препорака или принципот од-уста-на-уста. Тоа е еден сигурен метод за поттик на продажбата и зголемување на интеракцијата со постоечките и потенцијалните клиенти. Кога станува збор за маркетинг, малите бизниси и стартап компании често пати немаат буџет налик оној на големите корпорации. Оттука, одвојувањето финансиски средства за маркетинг не доаѓа предвид. Покрај ова, има начини како таквите бизниси да ги рекламираат нивните производи или услуги на релевантната публика.

Дигиталниот маркетинг е еден од начините што можат да им помогнат на малите бизниси и страртапи да стапат во контакт со потенцијалните муштерии и клиенти. Има неколку различни техники што се користат во дигиталниот маркетинг. Станува збор за оптимизација на пребарувачкиот мотор (Search Engine Optimization SEO), плаќање-по-клик (Pay-Per-Click – PPC), рекламирање, развивање вебсајт, пишување содржина за постови на социјалните медиуми, маркетинг на социјалните медиуми и други.

Овие техники се валидни и клучни за поттикнување на продажбата и зголемување на интеракцијата со вебсајтот на компанијата. Сепак, маркетингот на социјалните медиуми игра клучна улога во зголемувањето на препознатливоста на брендот.

Ако сте сопственик на мал бизнис или стартап компанија, можете да земете превид некои од причините наведени подолу за тоа зошто би требало да инвестирате време и напор во маркетинг на социјалните медиуми.

Корисниците на социјалните медиуми се зголемуваат од ден на ден

Според одредени официјални статистички податоци, во 2020 година имало околу 3,6 милијарди луѓе кои биле активни на социјалните медиуми. До 2025 година, според проценките, бројот на корисници на социјалните медиуми ќе порасне до 4,41 милијарди. Колку повеќе луѓе ги користат овие платформи, ќе најдете толку повеќе потенцијални корисници. Сепак, потребна ви е маркетинг стратегија за да можете да ја пронајдете вашата публика.

Речиси секој вид бизнис има присуство на социјалните медиуми. Причината за тоа е што можат да ги најдат нивните муштерии на овие платформи. Голем број бизниси ја зголемуваат интеракцијата со нивните вебсајтови преку платформите на социјалните медиуми.

Корисниците на социјалните медиуми поминуваат се` повеќе време на нив

Во просек, корисниците на социјалните медиуми поминуваат повеќе од два часа дневно на платформите. Што повеќе корисници поминуваат време на платформите, толку повеќе бизнисите имаат можности да допрат до клиенти. Сепак, тоа исто така значи дека има конкуренција. Маркетинг агенции за социјални медиуми им помагаат на стартап компании да стигнат до нивните клиенти.

Корисниците на социјалните медиуми бараат производи на тие платформи

Околу 54% од пребарувањата на социјалните медиуми се истражувања поврзани со одреден производ, посочува Глобалниот Веб Индекс. Корисниците не само што истражуваат одреден производ, туку и се ангажираат во интеракција со брендот. Оттука, бизнисите можат да ја искористат моќта на социјалните медиуми за да ја зголемат свесноста за брендот меѓу луѓето. Луѓето се склони да следат брендови што се во согласност со нивните верувања. Уште повеќе, брендовите што се активни и активно влегуваат во интеракција со нивните следбеници сигурно ќе стекнат повеќе доверба во нивната мисија и цел.

Спонзорираните објави на социјалните медиуми се читани

Голем број брендови ангажираат инфлуенсери на платформите на социјалните медиуми со цел да ги промовираат нивните производи. Инфлуенсерите и блогерите на социјалните медиуми, како што е Инстаграм, се прилично популарни. Тие можат да го насочат мислењето на нивните следбеници со самата проверка на некој бренд и неговите производи.

Заклучок

Социјалните медиуми се важна алатка за маркетерите и бизнисите. Тие не само што обезбедуваат платформа за малите бизниси и стартап компании за да ги изложуваат нивните производи, туку исто така им помагаат директно да комуницираат со нивните клиенти.

Извор: finsmes.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -