Зошто вашите пријатели не сакаат да одржуваат социјална дистанца

Кога на жителите на Мадрид конечно им беше дозволено да се среќаваат до 10 пријатели во група, по шест недели во карантин, некои едвај чекаа да се најдат со другарите на пиво во омилениот бар, или пак да приредуваат домашни забави во нивните станови. Но други не беа толку сигурни како да социјализираат, па некои дури и почнаа да ги осудуваат различните однесувањa на луѓето во нивните кругови, пишува BBC.

„Се обидуваме овој викенд да координираме состанок на поголема група луѓе во куќата на еден пријател, и мислам дека тоа предизвикува одредени тензии,“ вели Амбер, невработен проектен менаџер која живее во Мадрид, и која исто така замоли да не се користи нејзиното вистинско име во случај тоа да предизвика идни конфликти.

Некои од нејзините пријатели, во нивните триесетти или четириесетти, се нервозни поради тоа што еден член на нивната група го презел ризикот да се изложи на вирусот. Жената им кажала дека било „премногу непријатно“ да се носи маска во супермаркет иако ова е задолжително во Шпанија. „Ова е транзициона фаза….и секако, луѓето почнуваат да гледаат еден на друг со малку повеќе сомнеж,“ објаснува Амбер.

Гарвин Вулф ван Дернут, е 21-годишен студент во округот Авон, во Колорадо – едно од првите места во САД што почна да ја отвора локалната економија -, но тој исто така се чувствува анксиозен поради среќавањето со пријателите кои не се толку внимателни како тој.

„Некои луѓе прават мали забави и собиранки каде сите препораки се игнорираат,“ вели тој. Ова вклучува превезување со кола каде луѓето седат близу едни до други, и одбиваат да го покријат лицето, иако државата ги советува жителите да носат маски или марами во јавност. „Станува збунувачки кога сè уште гледаме смртни случаи… но луѓето се однесуваат како за нив пандемијата да е завршена,“ вели Вулф ван Дернут.

Нему му е тешко да зборува со тие кои ги прекршуваат насоките. Тој напишал саркастични коментари на профилот на некоја девојка на Снепчат, што пак довело до тоа да биде отстранет од нејзиниот список на лица за кои добива известувања. Иако не биле блиски, тој не верува дека ќе почнат да разговараат во иднина.

Зошто имаме различни граници?

Д-р Кејт Хамилтон-Вест, здравствен психолог од Универзитетот во Кент, Англија, смета дека додека повеќе луѓе лесно ја разбираат пораката дека „мора да останете дома доколку е тоа можно“ за време на карантините, сепак е во „човековата природа“ да се појавуваат различни типови однесување и одговор на пандемијата ако владите и институциите им даваат на луѓето повеќе избор.

Ова делумно се должи на тоа дека различни типови личности можат главно да бидат повеќе или помалку свесни за ризикот, или имаат спротивставени сфаќања за вредности. „Заштитата на другите, на пример, е нешто што луѓето ќе го ценат во различен степен… за некои луѓе тоа може да биде помалку важно отколку работи како на пример автономија врз сопствените одлуки“.

Лицата кои се „про-социјални“ се повеќе склони да се придружуваат до физичката дистанца и мерките за хигиена, да купуваат маски за лице и да бараат здравствени информации поврзани со ширењето на Ковид-19.

Во Шведска, каде никогаш не се спроведе карантин, истражувачите од Универзитетот Лунд откриле дека најсилниот индикатор за тоа колку се подготвени луѓето да следат доброволни препораки е нивната желба да ги прилагодат нивните дејства за корист на другите. Ваквото „про-социјално“ однесување го измериле преку анкети и експерименти засновани на игри, чиј фокус е степенот до кој учесниците ги ставаат другите во ризик со цел да освојат повеќе пари за себе. Лицата кои се „про-социјални“ се повеќе склони да се придружуваат до физичката дистанца и мерките за хигиена, да купуваат маски за лице и да бараат здравствени информации поврзани со ширењето на Ковид-19.

Други можни клучни влијанија вклучуваат информации што ги добиваме од различни медиуми, пријатели или членови на семејството кои се медицински професионалци, и нашите минати искуства со болести. На пример, тие кои општо земено се чувствуваат добро и претходно не се соочиле со тешка болест можат да веруваат дека нема да го фатат вирусот, без разлика на доказите дека дури и млади, здрави луѓе починале од Ковид-19.

„Склони сме да создадеме нешто што се нарекува „личен модел“ на болеста,“ објаснува таа. „Сите ние имаме сопствен сет перцепции за работи од типот на колку сериозни би биле симптомите ако се заразиме со болеста, колку долго тие би траеле, колку ефективни би биле третманите.“ Овие лични модели исто така можат да бидат поврзани со тоа колку директно сме ја искусиле кризата. На пример, животот со роднина кој е дел од ризичната група или ако познаваме некој кој се разболил или умрел од Ковид-19 во екот на пандемијата, може исто така да игра улога во тоа колку сте внимателни при вашите социјални интеракции по отстранувањето на здравствените препораки.

Во Мадрид, каде Амбер се справува со несогласувањата помеѓу пријателите, таа веќе забележала разлика помеѓу оние кои го поминале карантинот затворени во станови во градскиот центар и тие кои деновите ги поминале „во богати, зелени предградија или на планина… и секој ден излегувале надвор со кучето.“ Првите чувствувале подиректна закана кога го напуштале домот во екот на пандемијата, и таа верува дека ова е причината поради која многу од нив се повнимателни во однос на дружењето сега.

За разлика од неа, Александар, 34-годишен Австралијанец кој работи во Рим во стартап бизнисот, вели дека имало „многу малку тензија“ помеѓу неговите пријатели, кои исто така брзо се привикнале на заедничкото излегување во барови, иако претпочитаат тераси на отворено и состанување во помали групи. „Сите сакаат да се придржуваат до правилата бидејќи таквото постапување се смета за граѓанска должност.“ Тој претпоставува дека единствената причина поради која неговите најблиски пријатели се однесуваат на истиот начин се должи на фактот дека неговиот најтесен круг е составен од луѓе кои делат слични искуства со пандемијата, вклучувајќи го и моментот дека никој од нив не познава друг во градот кој бил потврден случај на пациент со коронавирус.

Различни емоционални реакции

Психолозите исто така ја истакнуваат важноста на емоциите во формирањето на нашето однесување. Можеби не е изненадување фактот што тие кои имаат постоечка тенденција да се грижат ќе имаат повеќе потешкотии со социјализацијата по завршетокот на карантинот. Но, Хамилтон-Вест посочува дека ако некој редовно ги прекршува правилата за социјално дистанцирање или другите здравствени насоки, тоа исто така може да биде предупредувачки знак дека тоа лице искусува високо ниво на анксиозност поврзана со Ковид-19.

Одбегнувањето да размислуваат на вирусот, тера некои „да се впуштат во активности што не ги потсетуваат на него“, како што се социјалното дистанцирање, носењето маска или миењето раце, и тие лица се повеќе склони да социјализираат или да бараат физички контакт на истиот начин како што го правеле тоа пред почетокот на ширењето на болеста.

„Ако сме навистина загрижени за тоа, можеме да направиме работи што нè тераат да се чувствуваме подобро, и едно од тие нешта се вика „справување со одбегнувањето“, вели Хамилтон-Вест. Одбегнувањето да размислуваат на вирусот, тера некои „да се впуштат во активности што не ги потсетуваат на него“, како што се социјалното дистанцирање, носењето маска или миењето раце, и тие лица се повеќе склони да социјализираат или да бараат физички контакт на истиот начин како што го правеле тоа пред почетокот на ширењето на болеста.

За други, одбивањето да се следат насоките за социјализација може да е реакција на предизвиците и срединските околности, како што се проблеми со личните односи дома, социјална изолација или финансиски проблеми. „Некогаш, овие реакции не доаѓаат од место на бунт, туку од место на осаменост, очај, или потреба,“ објаснува д-р Мириам Кирмајер, кличнички психолог од Монтреал и експерт за пријателство.

Има смисла дека „посегнувањето по другите, дури и кога тоа доаѓа со ризик“ е механизам за справување за некои од тие лица кои се соочуваат со проблеми за време на пандемијата. Психолошките истражувања долго време покажуваат дека физичкото поврзување со другите може да го подобри нашето ментално и физичко здравје.

„Ние сме програмирани за врски и постои утеха кога посегнуваме кон оние кои ги чувствуваме најблиски,“ објаснува Кирмајер.

Како да разговарате со пријателите со кои не се согласувате

Додека разбирањето или барем сочувствувањето со тие кои имаат алтернативен пристап во однос на социјалното дистанцирање е клучен прв чекор, едноставното согласување да не се согласите со пријателот можеби не е добра опција. За разлика од повеќе други кавги, однесувањето на пријателот може да претставува ризик за вашето и здравјето на другите со кои сте во контакт, како и по сопственото.

Кирмајер предупредува дека директното соочување со лицето кое ги крши правилата може да резултира со тоа што ќе пројави одбранбено однесување, и додава дека е важно однапред да прифатиме дека на крајот, ние „всушност немаме удел во тоа дали некој ќе го промени однесувањето.“

Сепак, постојат трикови што можат да ви помогнат да ги олесните тие видови тешки разговори.

„Наместо да етикетирате пријател како неодговорен и невнимателен… може да помогне ако се фокусирате на вашите сопствени вредности и искуства и јасно да кажете дека тоа доаѓа од место на грижа и нега, наместо од место на високи морални гледишта,“ потенцира Кирмајер.

„Ако тоа ве стави вас и вашите други пријатели во ризик, тогаш соврешно разумен коментар би било „всушност не можам да се сретнам со тебе во моментов… Не сакам да бидам одговорна да го пренесам на моите други пријатели.“

Ако вашиот пријател се чини дека нема желба или не е способен да го промени сопственото однесување, следниот чекор е „да ја донесете таа одлука дали вие навистина ќе продолжите да одржувате контакт со него во физичка смисла,“ вели Хамилтон-Вест. „Ако тоа ве стави вас и вашите други пријатели во ризик, тогаш соврешно разумен коментар би било „всушност не можам да се сретнам со тебе во моментов… Не сакам да бидам одговорна да го пренесам на моите други пријатели.“

Таа додава дека е иста така важно постојано да се следи што се случува во социјалните ситуации на кои сакате да присуствувате. На пример, ако се појавите на роденденот на некој ваш пријател каде очекувате најмногу петмина, но сте во соба со 20 луѓе каде е невозможно да се одржува дистанца, прифатливо е „да им кажете – не се чувствувам безбедна во оваа ситуација и сега ќе си одам.“

„Нашиот концепт за тоа што е добар пријател во моментов, морал да се промени, и мислам дека тоа е нешто навистина корисно за размислување за сите нас,“ вели Хамилтон-Вест.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -