Зимата во време на пандемија е совршено време да се испроба „бавна работа“

Како што пандемијата продолжува, голем дел од нас чувствуваат поголем притисок на работа во споредба со кога било претходно. Можеби вашата компанија работела со загуба во првите неколку месеци од пандемијата, а сега повторно застанува на нозе и се обидува да спроведе неколку нови проекти истовремено. Можеби се отпуштени неколку членови од вашиот тим и сега сте принудени да го работите и нивниот дел. Или можеби се обидувате да најдете нова хонорарна работа на страна… Како и да е, овие флуктуации на работното место се стресни, пишува Дијана Шај, помошник уредник во бизнис порталот Fast Company.

Дури и пред пандемијата, секогаш постоела тенденцијата оптовареноста со работа да се третира како извор нешто што треба да се слави. Побавно годишно време, како што е оваа празнична сезона, може да ни помогне одново да си го најдеме личниот центар и да ги разјасниме целите што сакаме да ги постигнеме кога ќе се вратиме на нашите бироа.

Движењето познато како „бавна работа“ прави приоритет од значајна и мерлива продуктивност, како и од времето посветено на конструктивни паузи. Овој работен стил дава значење на концентрираната работа, особено на индивидуалните задачи. Скокањето од едни работни обврски на други не е дел од филозофијата на „бавната работа“. Сепак, одржувањето помалку набиен работен распоред е клучен дел од иницијативата.

За да го испробате овој работен стил, најдете време за активностите во кои уживате. Создадете концентрирани делови од вашиот ден за да работите на проекти што ви будат страст и кои бараат да ги користите рацете – не само палците што се движат нагоре по екранот на мобилниот телефон. Така полесно можете да стасате до место каде вашиот ум не е под стрес и е слободен да талка, можеби да стигне на такво место што ќе ви дозволи да доживеете откритие.

Нашиот нормален начин на работење, каде постојано работиме во ситуации под висок притисок, можат да делуваат мотивирачки на краток рок, но прекумерниот напор е лош за нас. Најверојатно веќе сте стекнале нездрави работни навики, како што е скокање од задача на задача, што пак непотребно го „оданочува“ мозокот и когнитивно не` уназадува. Ако често пати се наоѓате во ситуација во која во краток временски период треба да присуствувате на видео повик, треба да комуницирате на некоја платформа со тимот, а ве чека извештајот што треба да го завршите до крајот на денот, тогаш вашиот мозок најверојатно се извиткува поради сиот тој напор и притисок. Крајниот резултат е нефункционален ум и неспретно завршена работа.

Треба малку да застанеме за да се вратиме на здравото ниво на продуктивност. Доколку одвоите време за себе и за вашето хоби, можеби нема да се чувствувате продуктивно, но тоа може да доведе до балансиран и промислен резултат. Уште повеќе, кога ги забавуваме сопствените мисли, нашите импулси стануваат поверодостојни. Не треба одново да размислуваме за некоја ситуација ако нашите умови самите посегнуваат по најлесната опција. Нашите мисли, исто така, стануваат сами од себе појасни.

Еден начин да се инкорпорира „бавната работа“ во вашиот живот, особено во време на зголемен стрес и изолираност, е ново хоби. Убаво би било да одберете хоби кое бара работа со раце, охрабрува фокусирана работа, и опфаќа медитативни процеси.

Во прилог се неколку насоки што ќе ви помогнат да го пронајдете и организирате слободното време. Мозокот ќе ви заблагодари подоцна!

Испечете колач или згответе нешто ново

Постар член на тимот на информативниот портал, Лиз Сегран, опишува во неодамна објавено видео дека оваа година празничните активности можеби се поинакви, но сепак можат да бидат обоени во духот на славењето. На пример, сега е одлично време да се вратите во кујната и да откриете нови празнични рецепти. Ако ја потрошите енергијата на усовршувањето на вештината за месење лиснато тесто или вадењето свежо печен леб од вашата рерна ви предизвикува радост, тогаш вашиот ум е способен да забави и да биде во дослух со околината.

Во време како ова, кога се применува социјална дистанца, можете да споделувате радост со тоа што ќе ги испорачувате вашите кулинарски достигнувања на вратата на вашите роднини и пријатели. Бонус поени ќе добиете ако оставите и некоја рачнонапишана порака, бидејќи рачната кореспонденција е уште една активност што опфаќа фокусирана и медитативна рутина.

Зафатете се со тактилен проект

Уште еден писателка за Fast Company, Павитра Мохан, објави извештај во мај годинава каде се истакнува дека некои мали бизниси, како што се произведувачи на сложувалки, остваруваат успех за време на пандемијата.

Овие продавници и услуги што претходно функционираа со физички простор, исто така вградија аспекти на бавната работа. Сложувалки, плетење, и секако, печење леб и кифлички доминираа на почетокот на пандемијата, но тие исто така направија приоритет од активности што опуштаат и што се фокусирани на детали, и кои се извршуваат со раце.

Ако сложувалките не ви се допаѓаат, можете да се обидете со некоја друштвена игра или игра со карти, плетење, хеклање… бидејќи за сите овие активности не мора да седите пред монитор. Други вредни медитативни активности што можете да ги правите е изработување на новогодишни украси и декорирање на домот.

Создавајте уметност или музика

Дури и да не сте Пикасо, овој стресен период е одлично време да создадете ужасни уметнички дела. Што помалку сте резервирани во поглед на оваа активност, толку подобро. Дајте си дозвола да создадете навистина непривлечен сет глинени садови или некаков авангарден музички микс на синтисајзерот што го користевте во средно училиште. Она што е важно е да ја направите активноста. Истражувањата покажуваат дека ангажирањето на сетилата и умот со визуелни и музички уметности може да има позитивни психолошки ефекти. Времето посветено на уметност како некој вид терапија може да го намали стресот, да ви помогне да се изборите со депресијата и да ги држи хроничните болести под контрола.

Олеснете го вашето работно место од предмети (па дури и целиот дом)

Како што бавното работење може да ги подобри шансите да ги завршите работните обврски во еден здив, без корективни дополнителни дејства, подобрувањето и рафинирањето на просторот во кој живеете и работите можат да го ослободат вашиот дом од премногу натрупани предмети, и исто така ќе ви овозможат да имате пофокусиран ум.

Ако сте работеле од дома и се` уште сте незадоволни со решението да работите на далечина, тогаш празничните денови е добро време да го расчистите бирото. Исфрлете ги старите белешки и исушените пенкала, исчистете го бирото и создадете празен, чист простор за работа, отплеткајте ги електричните кабли и заменете ги батериите на безжичните уреди, и на крај, одвојте време да си купите квалитетна работна столица за биро, бидејќи сигурно ве боли грбот. Заслужувате да ви биде удобно и да се подготвите за фокусот што ќе ви биде потребен во месеците што доаѓаат.

Иако голем дел од нас сега ги организираат животите преку меил сандачиња и дигитални досиеја, нашите домови типично се полни со застарени документи и вишок хартија. Овие купишта можат да ви го одвлечат вниманието од вашата работа, но и да предизвикаат ментален хаос, подигнувајќи го нивото на стрес и да ја изместат нашата смисла за контрола.

Оваа зима одвојте време да го прочистите домот од застарени хартии, па дури и поминете неколку часа во скенирање на вашите најважни папки со документи на онлајн платформа. Без вообичаеното празнично лудило на забавите и собирите, можеби ќе имате вишок време да се справите и со дигиталната детоксификација, што подразбира отпишување од некои услуги и бришење непотребни апликации.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -