Здрав начин да го започнете денот

Фото: Pexels

Неколку совети како уште од утрото да соберете енергија за целиот ден.

Разбудете се со природна светлина

Идеално би било да се разбудите со зраците на сонцето. Но, кога тоа е невозможно, добро осветлете го домот. Одбегнувајте да се подготвувате во простории каде што нема светло. Така само повеќе ќе копнеете по кофеин и многу потешко ќе се освестите.

Вежбајте

Не мора да биде нешто комплицирано и да ви одземе многу време. Едноставно протегнете се, направете неколку лесни вежби за телото, рацете и нозете. Сте спиеле со часови и утринската гимнастика е добар начин за да ја забрзате циркулацијата во организмот.

Пијте вода

Не посегнувајте веднаш по кафето – дајте и предност на водата. Ништо подобро нема да ве освежи од чаша вода. Доколку сакате можете да ставите и лимон, а сетила ќе ви бидат благодарни.

Појадувајте

Појадокот не смее да се прескокне. Тој е најважен оброк во денот. Одберете здрави намирници што ќе ви дадат енергија и со коишто ќе бидете сити подолго време. Житарки од цели зрна, овошје, јајца, јогурт… направете ваша комбинација.

Слушајте музика

Можеби не сте се разбудиле во најдобро расположение. Неколку омилени песни можат да го променат тоа. Практикувајте да слушате музика додека се подготвувате за работниот ден.  Ќе ве размрда, расположи и ќе ги “избрка“ негативните мисли.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -