За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би требало да си го поставуваат следново прашање: „имам голема идеја, како можам да ја разложам на помали ризични делови и да ги идентификувам најважните ризици што се релевантни за мојата идеја,“ советува Рашми Синха, извршна директорка на SlideShare .

Според неа, „основачката визија за стартап компанија е слична на научна хипотеза“.

На почетокот на секоја деловна идеја, вашиот ризик и несигурност се на највисоко ниво, немате појма дали воопшто ќе биде прифатена на пазарот или дали некој е желен да го купи вашиот производ или услуга. Ваша работа како претприемач е да го направите ризикот експлицитен со тоа што ќе ја разложите вашата голема деловна идеја на помали, тестливи хипотези. Многу често, она што го гледаме во вистинскиот свет е дека луѓето не поминуваат доволно време во разбирање на нивните најважни хипотези на прво место. Односно, најважната хипотеза е таа што ги прави сите други хипотези ирелевантни доколку не е точна. На пример, ако на клиентите им е гајле, не е важно дали ќе го развиете вашиот производ или не.

Графиконот покажува лесен и директен пристап што може да ви помогне да ги идентификувате најважните хипотези. Тргнете ги хипотезите од вашата вредносна пропозиција и Канвас бизнис моделот и мапирајте ги на „мапа на претпоставки“ според тоа кои мислите дека претставуваат најголем ризик за вашата идеја.

Една од главните карактеристики на научната хипотеза е тестирањето. Ги двоиме и ги подредуваме според приоритетите нашите деловни хипотези со цел да одредиме кои да ги тестираме во реалниот свет. Пред да помислите да создавате нешто, секогаш запрашајте се себеси: како да најдам начин да ги тестирам моите најважни хипотези што поевтино и што побрзо.

Извор: strategyzer.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -