За сите храбри, упорни и смели – за сите жени

Сè започнало на осми март 1857 година во Њујорк кога работнички од фабрика за текстил излегле на штрајк барајќи подобри услови за работа. 51 година подоцна, на исто место и во ист ден, повторно бил организиран штрајк за поголеми права на жените. Тој ден се случила и голема трагедија. Работиничките биле затворени во фабрика од каде не можеле да излезат. Подоцна избил пожар при кој 129 жени го загубиле својот живот.

Година дена подоцна во Њујорк, во спомен на овој трагичен настан, за прв пат бил одбележан осми март како Денот на жените.

Протестите продолжиле и следните неколку години. Најмасовниот бил во 1908 година кога над 15.000 жени излегле на улиците на Њујорк барајќи право на глас, повисоки плати и помалку работни часови.

Официјално, Денот на жените е меѓународно признаен дури во 1910 година во Копехаген, на иницијатива на Клара Зеткин, лидерот на германските социјалисти и женското работничко движење. Во 1977 година и Генералното Собрание на ОН усвојува предлог да се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир. Почнувајќи од тој ден, многу држави се приклучиле кон чествување на Меѓународниот ден на жената.

Денеска и ние го празнуваме 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, на грижливата мајка, на посветената сопруга, на вредната домаќинка, на жената претпримеач, на жената лидер…

Зошто секоја жена го заслужува тоа, секој ден.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -