Замки што говорот на телото ги наложува за жените лидери и како да ги надминете

Една директорка имала проблеми во справувањето со нејзините колеги мажи. „Им се допаѓам, но никогаш не ме сфаќаат сериозно,“ се пожалила таа. „Како да мислат дека флертувам со нив, а дефинитивно не го правам тоа,“ пишува проф. д-р Карол Кинси Гоман, меѓународна говорничка од областа на лидерството на нејзиниот ЛинкдИн профил.

Откако ја набљудував како се однесува со различни мажи од вишите менаџерски позиции во компанијата, видов каде лежи проблемот. Таа се обидуваше да дискутира за проблеми поврзани со работата, а истовремено користеше и „социјален поглед“.

Еве на што мислам, продолжува Гоман.

Ако создадете имагинарен триаголник, каде основата се очите и врвот е некаде на средина на челото, ќе го имате мапирано „деловниот изглед“. Кога го чувате погледот во таа област, тогаш невербално сигнализирате дека не ви е до глупости, туку дека сте дојдени да завршите работа.

Ако го превртите триаголникот и го поместите фокусот од оваа област, односно го насочите од очите до устата, тогаш го претворате погледот во став и положба на телото што е посоодветен за социјални средби. И социјалниот поглед може да биде погрешно толкуван како флерт, дури и во корпоративна средина.

Навистина е мала работа. Но, како што таа жена лидер откри тогаш, еден мал невербален сигнал може да ја смени динамиката на целата деловна интеракција.

Свесноста за сигналите што ги испраќате е првиот чекор кон зголемување на умешноста на контролирање на говорот на вашето тело. Во продолжени се 10 невербални замки во кои жените често паѓаат, и совети како да ги одбегнете.

Главата е пречесто навалена

Навалувањето на главата е сигнал дека некој слуша ангажирано, и е особено женствен гест. Како такво, навалувањето на главата може да оддава многу позитивни сигнали, но тие потсвесно се толкуваат како сигнални на потчинетост. Кога кучињата ги навалуваат главите да го покажат вратот тогаш покажуваат отстапка од доминантното животно. Совет: Навалувајте ја главата кога сакате да покажете грижа за членовите на вашиот тим или кога сакате да ги охрабрите луѓето да елаборираат на она што го кажуваат. Но, кога треба да проектирате моќ и авторитет, ќе бидете поефективни ако ја држите главата исправена.

Физичка кондензација

Жените се склони да ги кондензираат сопствените тела, ги држат лактите по страна, цврсто ги држат нозете превиткани и ги виткаат телата за да заземат што помалку простор. Мажите со висок статус го прават токму спротивното: тие се прошируваат во достапниот простор и заземаат дел од него. Совет: Запомнете дека присуството на лидерот е невербално засилено преку искористеноста на висината и просторот. Стојте или седете исправено, повлечете ги рамената назад, проширете го стоењето, поместете ги рацете подалеку од телото, и навистина изгледајте како моќниот водач кој сте.

Девојчински гестови

Сите користи смирувачки гестови кога се под стрес. Ги триеме дланките, се фаќаме за горниот дел од рацете и го допираме вратот. Но жените се доживуваат како многу помалку моќни кога се успокојуваат со девојчински гестови (играње со прстите со косата, играње со накит…). Совет: држете ги рацете на конференциската маса каде што можат да се видат и така ќе се потсетите дека треба да ги држите мирни. Кога веќе користите гестови, забележете дали тие ги засилуваат вашите искази. Ако е тоа случај, најверојатно ги покажувате дланките кога посочувате на отвореност и инклузивност, или ги допирате врвовите на прстите со одвоени дланки кога се чувствувате особено сигурни во изјавата, и ги вртите рацете со дланките надолу кога сте донеле одлука.

Говорете без да ве прекинат

Гласовите на жените често пати се извишуваат на крајот на речениците како да поставуваат прашања или бараат одобрение. Совет: кога давате декларативна изјава бидете сигурни дека го користите авторитативниот лак, каде звукот на гласот почнува со еден тон, па се искачува високо низ реченицата, а на крајот повторно паѓа.

Прекумерно смешкање

Прекумерното или несоодветното смеење може да биде многу збунувачко и да биде крадец на кредибилитетот. Ова особено се забележува ако претерано се смеете додека се дискутира одредена сензитивна тема, се искажува гнев или се даваат негативни повратни информации. Совет: употребена во вистинското време (на пример, за време на почетен состанок со потенцијален деловен клиент), смешкањето може да биде еден од најмоќните и најпозитивните невербални сигнали, и особено силно кога сигнализирате пријателство или симпатизерство. Но, кога темата станува сериозна, треба да изгледате сериозни.

Прекумерно климање со главата

Кога маж клима со главата, значи дека тој се согласува. Кога жена клима, значи дека и таа се сложува, или дека внимателно слуша, покажува сочувство, или го охрабрува говорителот да продолжи да зборува. Всушност, склони сме толку многу да климаме со главата што не` обвинуваат дека личиме на кукличките што се поставуваат на шал-таблата во автомобилите. Совет: Постојаното климање со главата може да искаже охрабрување и ангажирање, но не авторитет и моќ. За да проектирате авторитет, особено кога го кажувате вашето мислење, не ја движете главата.

Чекајќи го вашиот ред

На деловните состаноци, мажите често преземаат контрола со тоа што зборуваат повеќе од жените и прекинуваат повеќе пати. Совет: едно гледиште за вредноста на говорењето без прекини доаѓа од поранешната министерка за надворешни работи на САД, Медлин Олбрајт, која, кога ја прашале за совет за идните професионални жени, таа одговорила: „научете како да прекинувате“.

Флерт

Жените добиваат симпатии но губат конкурентска предност во преговорите кога флертуваат. Ова е заклучокот од истражувањето на Универзитетот Беркли во Калифорнија, каде глумици играле улоги на продавачи во био-технолошкиот бинзис. На половина од учесничките во истражувањето им било кажано да имаат „не-трпам-глупости“ деловен стил, додека другата половина требала да флертува, користејќи невербални знаци како што се насмевки, сугестивно наведнување нанапред, суптилно зафрлување на косата, итн). Исходот од студијата бил дека во просек „купувачите“ им понудиле на тие што флертуваат 20% помалку од понудата што им ја дале на сериозните продавачи. Совет: флертот може да биде забавен и возбудлив, но во деловни преговори секогаш е подобра стратегија да ве сфатат како компетентни и професионални.

Премногу силно искажување емоции

Додека одредена количина движење и анимирање додава страст и значење во една порака, жените кои видливо ги изразуваат нивните емоции со гест на раката што се подига над нивните рамена може наеднаш да се доживее како непостојаност и променливост (особено пред публика каде повеќемината се мажи). Совет: за да ги ангажирате и мотивирате луѓето, емоционалната презентација може да биде многу ефективна. Но во ситуации каде сакате да го максимизирате вашиот авторитет, ќе треба да ги минимизирате вашите движења, а гестовите да внимавате да не бидат повисоки од половината. Кога се претставувате смирени и сталожени, изгледате многу помоќно.

Нежно ракување

Дури и повеќе од мажите колеги, жените кои нежно се ракуваат се осудувани дека се пасивни и дека имаат помала самодоверба. Совет: одвојте време да го негувате вашето „професионално ракување“. Вашето тело треба да е стабилно поставено пред другото лице. Бидете сигурни дека имате контакт дланка-на-дланка и дека мрежата на вашата рака, т.е. кожата помеѓу палецот и показалецот ја допира мрежата на дланката на другото лице. Гледајте го партнерот во очи, насмевнете се (во овој случај насмевката може да биде деловен адут), и почнете да зборувате: „Многу ми е мило што ве запознав…“, или што год. Највеќе од се`, запомнете дека ракувањето треба да биде цврсто.

Секако, зголемената свесност за тоа како седите или стоите, какви гестови правите, како се ракувате и употребата на други невербални сигнални е само половина од умешноста за успешен говор на телото. Другата половина е вашата способност да ги читате немите сигнали на другите. И токму во овоие случаи жените лидери имаат предност во ситуацијата. Жените се повеќе синхронизирани со динамиката на односите и се повешти во толкувањето на невербалните сигнали. Тоа е вештина што на жените им овозможува увиди што мажите често пати ги изоставуваат и не се свесни што навистина се случува за време на состанокот или преговорите. Интересно е сознанието дека „женската интуиција“ навистина се претвора во вредна и моќна лидерска вештина.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -