Животниот век на бизнисите се намалува – но има начин како да опстоите

Дали знаете дека долговечноста на компанијата искусува негативен тренд во претходните неколку години? Всушност, истражувањето од софтверската компанија QAD предвидува дека просечниот животен век на 500 S&P компании на американската берза ќе биде пет години пократок во 2030 год отколку во 2019 год. Не изненадува тоа што истражувањето посочува дека главна причина е зголеменото нарушување во индустриите.

Технологијата го предводи тоа нарушување кое остава голем број компании кои имаат тешкотии да останат агилни и да еволуираат за да излезат во пресрет на новите и итни потреби на потрошувачите. Лидерите во индустријата открија дека опсегот на внимание на потрошувачите  е пократок, а тоа значи дека компаниите мораат да се тркаат со времето за да обезбедат производи пред да станат застарени. Пандемијата на Ковид-19 само го забрза овој тренд, бидејќи луѓето се` повеќе и повеќе се потпираат на технолошки решенија. Не е чудо што McKinsey & Co. известува дека развојот на компаниите на дигитални или дигитално овозможени производи и сервиси се зголемил за вредност што се постигнува во текот на седум години, за само неколку месеци во 2020 год.

Според моето искуство како претседател на компанијата која успешно обезбедува технолошки решенија поврзани со здравствената нега речиси 30 години, сум видел што е потребно за да се обезбеди долговечноста на една компанија во свет на постојано иновирање и нарушување на пазарот. Ако сте загрижени за тоа што ваквата промена значи за вашата организација, примената на следните 3 генерални согледби може да ви помогне да го издржи тестот на времето.

Доведете ја компанијата во соодветната големина преку ревизија

Можеби е тешко да се замисли како премногу ресурси можат да и` наштетат на една компанија. Но, во овој случај, ангажирањето нови вработени може да се претвори во оперативен одлив, ресурси што се од помош можат да останат недоволно искористени, и на крај, профитот може да се влече. Од друга страна, со премалку ресурси, на организацијата може да и` недостасува она што и` е потребно да стаса до следното ниво на развој или доволно брзо да го промени првичниот план за да се справи се менливите потреби на пазарот.

Имајќи го сево ова на ум, со сигурност направете ревизија на вашите луѓе и други ресурси? Дали се` и секој работи на вредна и конкретна цел што ја турка организацијата напред кон развој или кон остварувње на нејзините цели? Запомнете да си ги поставите овие прашања во редовни интервали, бидејќи вашите потреби можат да се променат неверојатно брзо. Особено преку пандемијата на Ковид-19, видов како индустријата на технологијата поврзана со здравствена нега набрзина се смени и морав да реагирам со тоа што го ревидирав секој оддел за да видам дали треба да реалоцираме, додадеме или одземеме ресурси. Понекогаш тоа значи носење тешки одлуки, но целта на сето тоа е да бидеме сигурни дека компанијата ќе остане агилна и компетитивна. Често пати размислувам на оваа клучна реченица: „Приходите ги диктираат ресурсите“. Мораме да бидеме во можност агресивно да се движиме кон мисијата на компанијата без да банкротираме во процесот, а тоа значи тимови во соодветна големина кои се присутни во секој сектор и во секоја транзиција.

Подредете ја мисијата со потребите на клиентите

Вашата изјава за мисијата (mission statement) е „зошто-то“ позади се` што прави вашиот бизнис и секако би требало да биде со фокус на клиентот. Изјавата за мисијата на мојата компанија е: „Прифатете ја промената, слушајте ги клиентите и создадете решенија за здравствена нега на далечина што ги охрабрува организациите да обезбедат нега преку дигиталната технологија“. Слушаме од нашите клиенти дека ја ценат нашата способност да ги приспособиме нашите дигитални технолошки понуди во чекор со промената на нивните потреби, па конкретно ја фокусиравме нашата изјава за мисијата околу тој концепт. Ако вашата единствена причина да постоите како компанија се заснова на она што го слушате од вашите клиенти, ќе развиете производи што им се нависитна потребни, наместо само да им ја нудите импресивната технологија на која можеби налетале. Обезбедувањето ваква вредност – дека клиентот е секогаш на прво место – ќе ви овозможи да ги задоволувате променливите побарувања на пазарот и ќе бидете на врвот на листата конкуренти.

Разликувајте се од другите со искрено и целосно прифаќање на промена

Функционираме со сфаќањето дека барем 10 компании се обидуваат да ја пополнат нашата ниша. Па, се обидуваме да ги разбереме вистинските бенефити од се` што сме создале до овој момент. Исто така, даваме заклетва дека ќе водиме подобар бизнис од тие т.н. нарушувачи на пазарот/индустријата.

Секако, клучот да сте прв пред конкуренцијата е прифаќањето на промената наместо пружање отпор. Има причина зошто првите два збора од нашата изјава се „прифатете ја промената“ – тоа е голем дел од тоа како нашата компанија остана конкурентна 30 години. Само во текот на последните 18 месеци, сум видел повеќе промени кон исплаќање надоместоци, медицински лиценци и медицински помагала во оваа индустрија отколку што сум видел во претходните неколку децении.

Особено внимавам на нови технологии (помислете на мултифункционалните медицински уреди што можат да осплужуваат седум различни функции). Ние ги интегриравме тие уреди и други иновативни алатки во нашите сопствени платформи. Во исто време, се погриживме да ги отфрлиме поскапите уреди што ни беа оставени во наследство, кои најверојатно ќе бидат застарени во блиска иднина.

Лидерите кои дозволуваат гласот на нивните клиенти да ја дефинира нивната мисија, ги организираат нивните компании во насока на реализација на таа мисија, и ја прифаќаат секоја промена како можност за иновации. Тоа пак значи дека се многу подобро позиционирани во однос на обезбедување долг животен век на компанијата во деловна средина во која се појавуваат се` повеќе комплексни предизвици.

Автор: Ерик Бејкон – претседател на AMD Global Telemedicine, со дваесетгодишно искуство во дизајнирање нови медицински уреди и решенија за теле-медицина што се користат во повеќе од 100 земји во светот. Тој успеал да ја трансформира и прошири компанијата од фирма што продава медицински уреди во технолошка компанија за развој на софтвер.

Извор: chiefexecutive.net

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -