Женското претприемништво расте, но дали жените претриемачи ќе успеат да ги соберат потребните финансии?

Нема никаков сомнеж дека пандемијата создаде поголеми негативни последици врз жените. Голем број погодени индустрии се најдоа во неволја поради вработените жени кои мораа да се снаоѓаат во поглед на детската нега, образованието на далечина, и слични домашни предизвици. Како последица на ова, милиони жени во САД ги напуштија работните места за да ја обезбедат потребната грижа дома, пишува Џенифер Барет, консултант за лични финансии, новинар и автор на „бест селер“ книги, за Форбс.

Но истовремено, ефектите од пандемијата предизвикаа и бран претприемачки активности, бидејќи некои го искористија новонајденото времена реализација на деловни идеи, благодарение на изгубените работни часови или часовите што успеале да ги заштедат поради работата од дома. Според американското биро за попис, бројот на новоосновани компании е над 3,2 милиони годинава, што е зголемување во споредба со минатата година кога имало 2,7 новоосновани компании.

Во оваа бројка има многу жени. Скорашна анкета на глобалната женска мрежа AllBright откри дека една од три жени во САД има планови да основа бизнис, додека 40% од нив имаат цел да стекнат поголема автономија и да работат за себе.

Но добивање финансиски средства за претприемачки потфати може да биде вистински предизвик. Откако покажуваше стабилен раст, глобалното почетно финансирање на компании основани од жени падна за 27% во 2020 год, во споредба со декември минатата година, покажуваат податоците на Crunchbase.

Барет зборувала за растот на женското претприемништво и како подобро да се поддржат жените претприемачи со сериската претприемачка Деби Восков, ко-основач на AllBright – женска заедница со клубови во Лондон и Лос Анџелес и дигитална платформа на која се нудат курсеви, настани и други ресурси за жени претприемачи.

Зошто една од три жени во Америка сакаат да основаат сопствен бизнис?

Поради тоа што пандемијата беше огромен катализатор за промена, и голем број жени се соочија со негативни последици во нивните кариера поради вирусот. Ние посилно бевме погодени поради намалувањето на работните часови на вработените, или отпуштањата, и поради откажувањето од работа што се должи на недостаток на обезбедена детска грижа.

Мислам дека многу жени го гледаат ова како шанса да направат нешто што отсекогаш сакале, или да бидат во можност да ги жонглираат сите обврски полесно откако ќе заврши пандемијата…Постои чувство дека работите како фокус и цел и поддршка на одредени иницијативи, односно користењето на работното време за нешто што навистина вреди, се влошија во текот на 2020 год.

Што треба да се направи за да се промени разликата во финансирањето на жените и мажите?

Само 2% од средствата за ризични инвестиции беа доделени во бизниси основани од жени. Мора да охрабриме повеќе жени да стекнат самодоверба да аплицираат за финансиски средства и да ги опремиме со потребните ресурси за да го направат тоа ефикасно.

Како да се надмине пристрасноста во однос на полот со која се соочуваат голем број жени основачи на бизнис?

Само отприлика 2 % од партнерите инвеститори се жени. Ни требаат повеќе жени инвеститори исто така, за да се нивелира теренот за игра. Знаењето поврзано со начините како да се добијат финансиски средства е исто така многу важно.

Дополнително, потребно е што повеќе жени претприемачи да ги споделуваат нивните приказни и колку што е можно повеќе успешни приказни бидејќи тогаш, кога сите седиме во собата и одлучуваме каде да инвестираме, очекувањата ќе бидат дека жените создаваат бизниси што ќе победат.

Мислам дека се `уште постои перцепцијата дека жените основаат непрофитни бизнисите.

Што прави вашата компанија да го промени тоа?

Го креиравме настаните „Најди ја“ заедно со HSBC. На дигиталните самити жените учат кои се потребните чекори што треба да ги направат за да дојдат до финансиски средства, достапните можности и им овозможуваме да ги чујат успешните претприемачки како успеале и како го растат нивниот бизнис.

Во текот на претходните три години организиравме настани на кои претприемачките ги презентираат нивните бизниси, како активност која е поттикната од нашата лична мисија да се обидеме да ја затвориме родовата празнина. Оваа година тие настани прераснаа во глобални виртуелни самити каде станува збор за финансирање, но и за инспирација.

Мораме да охрабриме повеќе жени да основаат бизнис бидејќи има голем број придобивки од поголем број бизниси основани од жени во светот, гледано економски и општествено.

Какво беше вашето искуство за прибирање финансиски средства за AllBright?

Ја поминав целата моја кариера презентирајќи го бизнисот пред мажи. Нема хорор приказни поврзани со нашата компанија. Но кога почнавме пред три години, имавме цел да се обидеме, во секоја рунда за прибирање капитал за бизнисот, да имаме 50% мажи и жени инвеститори. И ако се држевме до оваа идеја ќе можевме да финансираме едно купатила во една од зградите, бидејќи инвеститорите со (ризичен) капитал се 95% мажи.

Просветлените мажи се неверојатно важен дел од вашето патување. Навистина е важно да имате мажи кои ја ценат поддршката за жените како голема економска одлука. Но сепак би сакала да има повеќе жени инвеститори.

Што ве натера заедно со вашата партнерка Ана Џонс да го основате AllBright?

Компанијата се роди од разговорот што го имав кога првпат ја сретнав Ана на една забава. Не` запозна заеднички пријател кој ни кажа дека би требало да бидеме пријателки. Ана беше првата жена извршен директор во Hearst, Велика Британија. Јас бев сериски претприемач во технолошката индустрија, каде доминираат мажи. Се поврзавме поради сличните животни ставови, децата, вселената, местото на живеење, светкавите фустани, што и да е… Од таа средба произлезе пријателство со цел. Имавме исти ставови за недостатокот на жени во нашите полиња, за искрено кажано, криминалната статистика за недостатокот на инвестиции во бизниси основани од жени и од недостатокот на жени на лидерски позиции. Има повеќе мажи кои се викаат Џон од жени извршни директорки.

Дадовме заклетва дека ќе направиме нешто во врска со ова и ќе создадеме нешто што ќе ги охрабри жените да имаат соодветно место на масата. Нашата компанија го доби името по Медлин Албрајт која кажа: „Има посебно место во пеколот за жени кои не им помагаат на други жени“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -