Жените сѐ уште се малцинство во информатичката технологија

Информатичката и комуникациската технологија сѐ уште се сметаат за машка работа. Ако се суди по податоците објавени на Eurostat, жените се малцинство во посочениот сектор.

Статистиката покажува дека во 2016 година, повеќе од 1,3 милиони луѓе од земјите на Европската унија биле запишани на студии од областа на информатичките и комуникациските технологии, од нив само 16,7% биле жени.

Најмалку биле регистрирани во Холандија и тоа 6%, Белгија 8%, а во Луксембург речиси 10% биле жени од вкупниот број запишани студенти во областа на ИТ технологијата. Нешто поголем е бројот на жените студентки во посочената област во Кипар и тоа 26%, во Шведска и Грција 29%, Романија 31%, а во Бугарија една третина од студентите во ИТ област се жени.

Слични параметри има и на пазарот на трудот. И таа статистика укажува дека ИТ технологијата е машка професија. Од вкупно 8,4 милиони луѓе во земјите на ЕУ вработени како ИТ експерти, само 1,4 милиони се жени.

Фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -