ЖЕНИТЕ И НИВНАТА ЛИДЕРСКА ФУНКЦИЈА

Една од најкористените дефиниции за лидер(ка) е човек кој предводи група на луѓе или организација. Но, што всушност ние подразбираме под лидерство? Дали е тоа работна позиција, карактерна особина или пак период од денот кога ја преземаме таа улога?

Четврток, 23ти jануари во просториите на CEED Hub Скопје успешно се одржа настан организиран во рамките на проектот “Women in Adria и CEED Hub за поддршка на женското претприемништво во Македонија“ финансиран од Министерство за Економија на Р.С.Македонија. Главната цел на овој проект е јакнење на капацитетите за водење бизнис на жените претприемачи и жени кои започнуваат бизнис. 

Што всушност ние подразбираме под лидерство? Дали е тоа работна позиција, карактерна особина или пак период од денот кога ја преземаме таа улога? Со овие прашања предавачот Весна Кардалевска, МА, МБА, сертифициран Capital Coach ја отвори работилницата и направи вовед за дефинирање каде жената е лидер. Едно од главните мислења кое преовладуваше е дека жената ја зазема оваа улога во секоја сфера од својот живот- дома и на работа но, ја применува на различен начин.

Работилницата беше посетена од  жени со различна професионална позадина, жени кои се на почетокот на својот самостоен бизнис, жени кои со години водат свои компании и жени кои во рамките на компаниите во кои се вработени се лидери и иноватори на нови бизнис идеи и проекти. Благодарение на овој диверзитет, дискусиите изобилуваа со различни мислења и идеи кои ги подржаа различните аспекти на лидерството и подобро ги дефинираа вредностите кои го градат столбот на една успешна лидерска приказна.

“Кој квалитет како лидер сакам да го застапувам?; Зошто ми е тоа важно?; Кои постапки ќе ми го овозможат тоа?”беа трите прашања кои секоја жена требаше да си ги одговори за да може да си постави една појасна слика за својата цел како водач. Планирањето и поставувањето на јасни цели во одредена временска рамка се клучен сегмент во лидерството бидејќи овозможуваат објективно следење на напредокот и успехот. Затоа покрај прашањата кои ги одговорија, жените имаа и задача да си постават цели, кон кои ќе се стремат, и задачи кои ќе ги исполнат во наредниот ден, месец и година.

Дел од оваа работилница беа и вежби кои ги поттикнаа посетителите  да се фокусираат на своите силни но, и да се соочат со своите слаби страни како лидер преку слики од секојдневието во кои тие се пронајдоа. Зборувајќи на оваа тема и притоа доверувајќи се на друга личност со поинакво гледиште им овозможи на жените да успеат да осознаат нови детали за сопствената перспектива, да веруваат во своите силни карактеристики и да се соочат со своите слабости за да работат на нивно надминување.

За крај, Весна на своето предавање практично ни покажа колку малку треба за да си ги наполниме батериите и да добиеме нова сила за остатокот од денот со што подобро ќе се соочиме со предизвиците.

Би сакале да го споделиме нејзиниот совет- во текот на работниот ден да си пуштите смирувачка музика, да си дозволите на 2 до 3 минути да земете длабоко воздух и да се исклучите од бучната позадина. По ова ќе се почувствувате посмирено и пофокусирано на работните задачи и на сопствените цели, со што поефективно ќе пристапите кон нив.

Само со посветеност, силен фокус и постојан напредок можеме да бидеме вистински лидери.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -