Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 Програмата на Европската Унија, предводена од заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, денес одржа онлајн работен состанок со претставници на меѓународните институции – донатори на средствата наменети за оваа програма.
- Првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка веќе се дистрибуираат
- Отворен повик за презентација на бизнис идеи и стартапи пред ЦЕЕД Клуб на бизнис ангели
- Македонија: Објавен јавен повик за зајакнување на конкурентноста на домашните компании во пост Ковид периодот
На состанокот се дискутирало за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, кој се однесува на поттикнување на претприемништвото, поддршка на малите и средни претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновациите и технолошки развој.
Иновациите и технолошкиот развој се приоритет
Вицепремиерката Царовска во своето воведно излагање рече дека индустрискиот раст и развој е приоритет на оваа Влада и дека истото е содржано во Стратегијата, каде фокусот е ставен на јакнењето на домашните бизниси и новите иновативни идеи, како и продолжување на директните инвестиции кои имаат значајно учество во економскиот раст и развој на државата.
Владата ќе биде посветена на спроведувањето на потребните реформи за унапредување на бизнис климата и обезбедување на подобри услови за сите компании, особено малите и средните фирми, а поддршката од ЕУ е добредојдена за исполнување на потребните критериуми и усогласување на домашното законодавство со европското, пред сè во насока на отворање на преговорите за членство во Унијата.
Секторската работна група за конкурентност и иновации, во којашто освен заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, учествуваат и Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Централниот регистар, Царинската управа и други надлежни организации и институции, ќе ги продолжи преговорите со ЕУ и во наредниот период.