Европските земји започнаа со намалување рестриктивните мерки

Италија и Шпанија заедно со други европски земји почнуваат да ги олеснуваат мерките за карантин. Повеќето бизниси во Италија, вклучувајќи ги баровите и фризерските студија, ќе отворат и започнат со работа по 2 месеци, известува BBC. 

Поврзано:

Шпанија ќе ги намали рестриктивните мерки надвор од Мадрид и Барселона, со што ќе може да се собираат групи до 10 луѓе.

Оваа одлука доаѓа како резултат на намалениот број на случаи заболени од коронавирус. Во неделата, Италија имаше најмал број на регистрирани смртни случаи од кога започна карантинот во Март. Во Шпанија пак, бројот на смртните случаи падна под 100 за првпат откако се воведоа мерките за карантин.

Властите предупредуваат дека пребрзо олабавување на мерките може да доведе до втор бран на инфекцијата.

Како ќе изгледа намалувањето на мерките

Рестораните, баровите, кафулињата, салоните за убавина и продавниците ќе можат да отворат со тоа што мерките за одржување социјална дистанца ќе треба да се почитуваат.

Католичките цркви се подготвуваат за одржување на црковните миси, но ќе има строги правила за одржување на социјална дистанца и ќе мора да се носат маски на лицето.

„Здраствените работници постојано апелираат дека сè уште е опасно да се присуствува на големи собири.“

Седењето на надворешните тераси ќе биде дозволено во баровите и рестораните, како и фамилијарните собири на кои би можеле да присуствуваат до 10 луѓе.

Најголемиот дел од рестрикциите ќе останат на сила Во Мадрид и Барселона, и во некои делови на северозапад во земјата, но сепак некои помали продавници ќе може да ги отворат вратите.

Oвие држави се приближуваат до целосно запирање на пренесувањето на вирусот. Но, предупредувањата за појава на втор бран на коронавирус се сè уште актуелни. 

Белгија ги отвора основните училишта, но со строги мерки за заштита. Други држави кои започнаа со враќање во нормала се Португалија, Грција, Данска.

Што се случува на светско ниво?

  •  Повеќе од 4,6 милиони случаи на корона вирус се пријавени на глобално ниво, според Универзитетот „Џон Хопкинс“ , додека вкупниот број на смртни случаи е повеќе од 312,000.
  •  Бразил е едно од главните жаришта на вирусот, и е на четврто место по број на потврдени случаи во светот
  • Властите во САД велат дека американската економија нема да се опорави најмалку до 2021 год
  • Индија го продолжи карантинот низ земјата до 31 мај

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -