Во време на коронавирус, дали навистина треба да се дезинфицираат сите намирници?

Во моментов не постои доказ дека Ковид-19 се пренесува преку храна. Најголемиот ризик што се однесува на коронавирусот и намирниците е кога сте околу луѓе во продавница додека сè уште пазарувате, пишува порталот sciencealert.com.

Поврзано:

Со цел избегнување на недоразбирањата што се однесуваат на третманот на намирниците и храната во време на светска пандемија од Ковид-19, во прилог се одговорите на неколку основни прашања во врска со тоа како треба да се однесуваме со намирниците што ги внесуваме дома. Доналд Шафнер, микробиолог и експерт за сигурност на храна од универзитетот „Руџерс“ одговара на најчесто поставените прашања.

Дали треба да ги чувам намирниците во гаража или на прагот од влезната врата 3 дена?

Ова е бескрајно смешно. Дали навистина би ги оставиле млекото, сладоледот и месото надвор три дена? Ова исто така повлекува важни здравствени импликации, и звучи како рецепт за катастрофа, или во најмала рака, за расипана храна.

намирници

Сепак постои зрно вистина во овој совет бидејќи знаеме дека вирусот полека се деактивира на собна температура, со половина живот од отприлика 8 часа. Но советот претпоставува дека сите намирници се контаминирани, и дека само ако ги допрете намирниците ќе се разболите. Ниту едно од овие две тврдења не е точно.

Дали навистина треба да ги дезинфицирам сите посебни кутии и кеси и сè што внесувам дома?

Сметам дека овој совет исто така нема научна основа. Ако сте загрижени дека надворешната страна на пакуваната храна е заразрена со коронавирус, предлагам да ги миете рацете и/или да ги дезинфицирате пред да седнете да јадете каква било храна што можеби сте ја извадиле од контејнер. И погодете што, миењето раце пред да јадете е најдобрата практика шро некогаш била примената за време на пандемија!

Ви паднало на памет да ги миете свежите производи со сапун? Сапунот апсолутно никогаш не треба да се користи за миење храна! Сапунот не е создаден да се користи на храна. Доколку се внесе во телото, сапунот може да предизвика вртоглавица, повраќање и дијареа.

намирници

Моменталните препораки од научни експерти, вклучувајќи ја и американската Агенција за храна и лекови, посочуваат дека свежите овошја и зеленчуци треба да се мијат со ладна вода.

Дали има ризик кај торбите за пазарење што ги користиме повеќе пати?

Многу луѓе користат торби за пазарење како одговорен животен избор. Најдобро нешто што можете да го направите со нив е редовно да ги перете, дури и кога не живеете во време на пандемија.

Иако е теоретски возможно торбата за пазарење да прибере бактерии и вируси, вклучувајќи и коронавирус додека сте биле во продавницата, најголемата закана за кого било е кога некој во продавницата е заразен со Ковид-19. Предлагам да ги чувате овие торби во колата, за да ви бидат при рака кога одите на пазарење.

Ако сте загрижени дека вашите торби имаат коронавирус на нив, можете да ги исперете. Исто така, треба да ги измиете рацете откако ќе завршите со раскревањето на сите намирници. Ова е исто така добар совет и во времиња кога не владее светска епидемија.

Што можам да направиме за да го намалиме ризикот додека пазаруваме?

Голем број продавници и супермаркети нудат гел за дезинфекција на влезот, а нудат и дезинфицирани колички. Двете постапки се одлични идеи и муштериите треба да ги искористат доколку се нудат.

намирници

Мојот друг совет е да составите листа и точно да знаете што сакате, па кога еднаш веќе ќе влезете во продавницата ќе можете да се движите брзо и ефикасно низ целиот простор, одбирајќи ги само тие работи што сте ги запишале.

Практикувајте го пропишаното социјално оддалечување, и потрудете се најдобро што можете да се држите на околку 2 метри растојание од другите купувачи. Доколку има на располагање гел за дезинфекција, искористете го и кога ја напуштате продавницата, а кога ќе се вратите дома, повторно искористетето го откако ќе ги раскревате сите работи што сте ги купиле и сте ги вратиле торбите за пазарење во кола.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -