Вината на Тиквеш и на Tikveš Châteaux & Domainеs со златни медали и една специјална награда во Франција

Вина на Тиквеш и на Tikveš Châteaux & Domainеs освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар Citadelles Du Vin 2020, којшто традиционално се одржува во близина на Бордо, Франција.

Златни медали добија три вина од премиум бренд платформата Tikveš Châteaux & Domainеs – Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016, како и Vase de Pierre 2018 и Terrasse à L’Ombre 2018, произведени во француската винарница Château de Gourdon, што е дел од Тиквеш. Со златен медал се закити и Vranec Special Selection од бербата 2017 год.

Дополнително, црвеното Barovo од бербата 2017 год ја освои специјалната награда Macedonia Special Prize.

Овој исклучителен успех е постигнат во конкуренција на 719 вина од 29 земји од светот, меѓу кои и неколку од регионот. Освојувајќи ги петте највисоки одличја, винарската визба Тиквеш уште еднаш ја потврди позицијата на најуспешна меѓу винарниците од регионот. Со ова Тиквеш значајно го надгради успехот постигнат на минатогодишното издание на Citadelles Du Vin, кога освои три сребрени медали.

Citadelles Du Vin е натпревар кој се одржува во еден од најзначајните и најпознати светски вински региони (Бордо) и има мисија да ги поддржи и промовира квалитетот и различноста на вината произведени ширум светот. Наградените вина дополнително добиваат и презентација на Винекспо – Бордо и Винекспо – Хонг Конг, со што остваруваат промоција пред француските и интернационалните потрошувачи и љубители на вино.

Вината на Тиквеш веќе со години се најтрофејни во Југоисточна Европа, а само од почетокот на оваа година освоија речиси 20 медали и тоа на престижни натпревари одржани во Кина, Франција и во Германија.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -