Британската Royal Mint по 1.100 години доби жена за директор

Фото: Royal Mint

Жена е конечно на чело на британската компанија Royal Mint по долги 1.100 години. Новата извршна директорка е Ана Џесоп, која има работено таму речиси една деценија, јавува CNN.

Работата, којашто некогаш ја раководеше Исак Њутн, се состои од управување со 900 вработени  и производство на повеќе од 90 милиони монети неделно.

“Можеби се чекаше повеќе од 1.000 години, но Royal Mint сега е конечно предводена од жена и јас сум сигурен дека Ана ќе направи одлична работа”, изјави Роберт Јенрик, официјален претставник во Министерството за финансии на Британија.

Прва задача на Џесоп ќе биде да го надгледува воведувањето на новата монета од 50 пени, специјален дизајн што ја одбележува 100-годишнината од добивањето на правото на глас на жените во Британија.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -