Што 2020 год не` научи за лидерството

Минатата година не` научи ептен многу за нас самите, и како поединци и како општество. Кризата со Ковид-19 го тестираше нашето трпение дома, нашата приспособливост на работа, и нашата можност да посегнеме подалеку од нашите сопствени животи и да им помогнеме на другите да ги преживеат дневните предизвици и неволји, пишува Кевин МекАрти, ко-основач на West Monroe, технолошка консултантска компанија која обезбедува опипливи вредности за нејзините клиенти, на нејзиниот деловен портал.

Тестот уште трае, и можно е да трае уште многу месеци. Но, кога конечно ќе го достигнеме тоа барано и потребно чувство на нормалност, активностите или отсуството на активности на луѓето и институциите на кои се потпираме, засекогаш ќе ја променат нашата перцепција за нив. Кога размислуваме за лидерството, ќе ги бараме тие институции и луѓе кои ги засилија сопствените напори да опстојат за време на деновите со најмногу предизвици.

Кому сме се обратиле за решенија на нашите најголеми проблеми? Не на владата (на САД), која често пати одбираше да се презентира презафатена и да го посочува прстот на одредени поединци, наместо да ги поддржи компаниите и можните решенија. Ниту пак тоа беше академската сфера, чиј чекор не соодветствуваше на потребата од брзина во поглед на реакција на кризата. Ниту пак тоа беа непрофитните организации, чијшто недостаток на ресурси не можеше да ја задоволи големината на задачите пред кои беа исправени, и покрај најдобрите намери и напори.

Постојаноста и некаков конкретен обид за справување со кризата дојде од лидерството во приватниот сектор. Лидерите на компаниите беа интегрален дел од обезбедувањето на домовите и болниците, советувајќи ги вработените во најпроблематичното време во нашите животи, и создавајќи средина на напредок, решенија и доверба. Ова доведе до нов резултат: Барометарот на фондот Еделман во 2020 год покажува дека приватниот сектор се здобил со статус на сектор кој ужива најголема доверба во нашето општество, а перцепцијата е дека е повеќе етичен во одлуките и постапките од медиумите или владата.

Прибегнувањето кон корпоративното лидерство, како и толку многу други трендови во нашето општество (добри или лоши), се забрза, но не потекнува од Ковид-19. На истиот овој блог, вели МекАрти, пред две години пишував како 64% од Американците веруваат дека извршните директори треба да го преземат водството во големите промени, и предложив дека корпорациите бараат начини да ги подигнат сферите на нивно влијание.

Критичните проблеми со кои сме соочени, од пандемијата до прашања поврзани со расата, до климатските проблеми, порано беа теми за разговор за време на вечерите, но сега за нив се разговара од страна на одборите во компаниите во салите за состаноци поради фрустрациите на голем број Американци. Корпоративна Америка ја заработи оваа завидлива позиција на јавната доверба само поради тоа што го разбира лидерството за овие прашања, и како идеологија и во пракса. Кога раководите со компанија, отсек или тим, вие одговарате за тоа што го правите, односно носењето тешки одлуки и нивно комуницирање на начин што ги прави луѓето да стојат на ваша страна, а не со нивно губење. Во ова време, работата на бизнисите се сведува на менаџирање низ и решавање кризи, а не за остварување поголем профит поради кризата.

За една деценија, или можеби за само неколку години, тие кои ја преживеаја пандемијата и се` уште ќе бидат присутни, ќе се сеќаваат на лидерите кои се исправија пред предизвикот, го најдоа соодветното решение. Извршните директори како Џеф Безос на Амазон, Алберт Бурла на Фајзер, Даг МекМилон на Волмарт, и Мајк Роман на 3М. А останатите ќе ги понесат нивните лекции и со надеж ќе ги применуваат до крајот на нивните животи.

Џеф Безос

Основачот на Амазон веќе ја имаше започнато неговата транзиција од секојдневните операции кога се појави Ковид-19. Но тој набрзина се врати назад, го промени тековниот бизнис модел и дојде до решение што вклучи инвестиција од 4 билиони долари што беше искористена да се зголеми бројот на вработени и да ја одржи дистрибуцијата на производите и покрај предизвиците без преседан.

За време на пандемијата, Амазон вработи повеќе од 275 000 лица со полно или половично работно време и почна со изградбата на 100 нови магацини за да ја задоволи пораснатата побарувачка. Компанијата изнајде безбедни начини да достави милијарди пакети до домовите, вклучувајќи намирници, лекови и други потребни работи за домаќинствата.

Алберт Бурла

Не е случајност тоа што Фајзер и неговиот партнер БиоНТЕк ја добија трката со вакцината против Ковид.

„Не сакаше да се фокусираме на можните препреки со кои би се соочиле, напротив тој кажа дека е многу подобро да се обидеме да направиме нешто што се чинеше невозможно, па дури и да не успеете, сепак ќе имавте направено нешто одлично,“ изјави еден од научниците во Фајзер.

Успехот на Бурла во координирањето на еден од најголемите (и најбрзите) научни потфати на човештвото го направи еден од ретките во светот кој ужива голема доверба во поглед на разбирањето на вирусот и борбата против него.

Мајк Роман

Кога респираторните маски Ен95 станаа една од стоките за кои има најголема побарувачка во светот, 3М ги засука ракавите. Компанијата ја удвои количината на произведени маски за два месеци, и продолжи да гради капацитети додека не почна да произведува речиси 100 милиони маски месечно, од 22 милиони маски месечно во 2019 год.

Роман не само што успеа да ја води компанијата во глобалната војна со наддавање, туку и се справи со политичките игри дома, а истовремено имаше дисциплинирано и сочувствително јавно присуство.

Даг МекМилон

Иако Волмарт се соочи со тешкотии во одговорот на почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, вработените беа главната грижа на нивниот извршен директор.

Во март 2020 год, компанијата издаде бонуси вредни 365 милиони долари на соработниците со нивните продавници, и воспостави безбедносни мерки што го спречуваат ширењето на вирусот во продавниците. И МекМилон беше еден од првите директори што ја промени постоечката маркетинг кампања за да им се заблагодари на незаменливите работници и вработени.

Во некои држави во САД, продавниците на Волмарт остануваат централни во однос на националните напори за тестирање и стратегии за вакцинација. И, иако речиси сите бизниси во Америка се променија во текот на пандемијата, вратите на продавниците на Волмарт останаа отворени.

Според мене, мојата најголема лекција како лидер е прифаќањето на вистината што е можно човечки порано. Што побрзо ја препознаам вистината, толку побрзо можам да се соочам со неа за доброто на фирмата и за целиот наш екосистем составен од вработени-сопственици, партнери, клиенти и заедници. Бидејќи избегнувањето на вистината, одбивањето да се види, или пак расправиите за неа немаше да не` однесат никаде. Проактивноста, одговорноста и одлучноста, сите овие карактеристики создаваат доверба и тоа е лекцијата за лидерство што ќе ја носам во себе до крајот на животот.

Иако корпоративните лидери се справија со уникатните предизвици во текот на минатата година, во нивните одговори можеме да видиме бестрашно носење одлуки, јасна комуникација и најважно, конкретни резултати.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -