Што можат жените да направат за да бидат силни лидери

Многу долго време, жените го одредувале професионалниот успех според нивната способност да се прилагодат на културата и деловните процеси каде доминираат мажи. Жените се обидуваат да играат според постоечките правила на работното место и се справуваат со дополнителните предрасуди во општеството за тоа како жените треба да дејствуваат и како да бидат перцепирани, пишува Business News Daily.

Иако образованието и професионалното искуство го намалуваат стравот од обврските со кои жена лидер треба да се справи, сепак постојат други предизвици пред кои жените во бизнис светот треба да се исправат и да ги надминат. Сегашните жени лидери имаат должност да го прифатат статусот на успешни примери што го имаат и да се зафатат со справување на тие предизвици директно и без одлагање.

За таа цел, сè повеќе жени на лидерски позиции ги поместуваат границите на родовата еднаквост преку искористувањето на нивните силни страни и лидерски квалитетите во поглед на вештини, знаење, искуство и емоции. Тие ги прават работите што ги сакаат, почнувајќи од нивното работно место и кариера, а не чекаат деловниот успех да „им падне на глава“. Клучна карактеристика на ваквиот пристап е вербата во сите нивни ресурси и способности, не само во тие што се наведени во нивните ЦВ-ија.

„Еднаш чув дека не треба да ги покажувам моите чувства на работа бидејќи тоа претставувало слабост, особено кога доаѓа од жена,“ вели Мајра Атуи, раководител на секторот за маркетинг во Verzion Media. „Сметам дека емоциите, страста и сочувството се вредни способности, а не работи што треба да се игнорираат или кријат.“

Важноста да се напушти сопствената комфорна зона

Често цитирана студија на Хјулит-Пакард за внатрешните практики на ангажирање персонал откри дека мажите често аплицираат за ново работно место дури и кога задоволуваат само 60 проценти од потребните квалификации, но жените аплицираат само кога се сигурни дека ги задоволуваат сите. Постои несвесно верување дека ако жена не ги задоволува сите критериуми прецизно, нема да биде земена предвид за тоа работно место. Менувањето на ова верување почнува со секоја жена. Секоја жена мора да верува дека е способна да ја сработи работата и да го докаже тоа во процесот на интервјуирање, наместо да не се обидува воопшто да конкурира за нова работа бидејќи се сомнева во себеси.

Дури кога се жените амбициозни, социјалните стеги што упатуваат на совршенство често ги водат кон тоа да одбегнуваат секаков ризик

Решма Соџани, основач и извршен директор на Girl Who Code, вели дека девојчињата се учат да играат безбедно, да се насмевнуваат на сладок начин, и да добиваат петки во училиште, додека момчињата се учат да играат грубо и да целат високо. „Со други зборови, ги воспитуваме нашите девојчиња да бидат совршени, а ги воспитуваме момчињата да бидат храбри,“ сподели таа на една ТЕД конференција. Дури кога се жените амбициозни, социјалните стеги што упатуваат на совршенство често ги водат кон тоа да одбегнуваат секаков ризик, Соџани заклучува.

Девро Валтон, сопственичка на Distinct Personal Branding, верува дека успехот се наоѓа надвор од зоната на комфорот, но патот до него е често спречуван од непознатото.

„Секој успешен претприемач и бизнис лидер го направил токму она од кое се плашел, наместо да си дозволи да се плаши од правилата во сопствениот професионален и личен живот,“ потенцира таа.

Валтон додава дека најдобар начин да се победи стравот е да се признае дека постои: препознајте дека чувствувате страв, но сепак сторете го тоа. Ако сте премногу крути, можете да пропуштите еден од оние просветлени моменти што ве тераат да си кажете „а-ха“, и што можат да ве инспирираат да дојдете до креативно решение или да ве натераат да изнајдете поинаков пристап.

Енџи Хикс, ко-основач и извршен маркетинг директор на Angie’s List, морала да се соочи со сопствените стравови кога како интровертен студент на факултет ì било понудено да почне да работи на сега националниот билтен за кориснички услуги.

„Мојот најголем предизвик беше победувањето на фактот дека бев навистина срамежлива и тивка,“ изјави Хикс на отворањето на буткампот на Американ Експрес за извршни директори во 2013 год. „Кога започнувате бизнис, морате да излезете и да зборувате со луѓето. Работев на претплатничка продажба од врата-на-врата, а тоа всушност беше последната работа што мислев дека ќе ја правам.“

Напуштањето на сопствената комфорна зона го поплочи нејзиниот пат кон успехот и ì ја овозможила предност за нови можности што немало да се појават доколку таа останела „заробена“ во сопствената комфорна зона.

Верувајте дека еднаквоста е реалност

Студија спроведена од Истражувачкиот центар Пју (Pew Research center) во 2018 год откри дека жените заработувале 85 проценти од заработката на мажите, врз основа на анализа на средните надоместоци за платена работа по саат и за тие што работат половина работно време и за тие што се вработени полни 8 часа дневно. Во 2017 год, американската канцеларија за попис откри дека жените заработувале 80 проценти од она што мажите го заработувале преку анализата на податоците за вработените со полно работно време.

Ако жените сакаат да бидат сфатени како еднакви со мажите на работното место, тогаш тие мора да стојат цврсто на земја и да ја побараат почитта што ја заслужуваат, а тоа започнува со однесување како да родовиот јаз е затворен

Голем број жени ги почувствувале ефектите од родовиот јаз за време на нивните кариери, без разлика дали станувало збор за недоразбирања околу платата, пропуштено унапредување или само недоличен коментар од колега. Дури и да работите во средина која промовира еднаквост, вообичаено е да сретнете луѓе кои се соочиле со некаков вид дискриминација, суптилна или помалку суптилна, поради нивниот род.

Тешко е да се размислува на овој начин кога секој ден се разговара за случаи на родова нееднаквост на вести или на социјалните медиуми. Сепак, ако жените сакаат да бидат сфатени како еднакви со мажите на работното место, тогаш тие мора да стојат цврсто на земја и да ја побараат почитта што ја заслужуваат, а тоа започнува со однесување како да родовиот јаз е затворен, потенцира Пола Стивенсон, маркетинг директор во Smoke’s Poutinerie.

„Сум забележала дека ако се однесувате како да постои еднаквост на работното место, тогаш и навистина ќе има,“ вели Стивенсон.

Но тоа не значи дека луѓето треба да се преправаат дека нееднаквоста не постои. Прифаќањето и станувањето свесен дека промена е потребна е важно, но уште поважни се вашите дејства и ставови на работното место. Охрабрете се себеси и другите, и не дозволувајте претходно утврдените норми да ви го уништат денот.

„Мајка вработена во корпоративниот свет секојдневно се соочува со предизвици,“ вели Атуи. И покрај борбата да се постигне рамнотежа, таа смета дека највнимателниот професионален момент се случил кога се вратила на работа по породилното отсуство. Таа верува дека нејзиниот истовремен личен и кариерен успех ја направиле подобар маркетер.  

Жените се лидери за други жени

На жените кои сега се приклучуваат на пазарот на трудот, Атуи им препорачува да водат преку сопствениот пример, но истовремено да бидат отворени, да даваат поддршка и да соработуваат со други. Барајте, создавајте врски и станете пример кој другите жени би можеле да го следат. Со придобивките од општествените движења како што беше кампањата #MeToo, сè повеќе и повеќе се разгорува дискусијата за родовиот јаз, но сепак постојат уште препреки што треба да се надминат.

Природните атрибути што вообичаено им се припишуваат на жените можат да направат голема разлика кога станува збор за лидерски квалитети на работното место. Жените можат да им помогнат на други жени да постават цели и да ги остварат, да го согледаат значењето на тимската работа и да инвестираат време во обука, менторство и личен развој. Малку е веројатно дека жените ќе поседуваат менталитет на „осамен волк“ или „лидер на чопор“, што пак значи дека природно им доаѓа да ја понудат сопствената помош на други.

Емили Хе, поранешен маркетинг директор на Saba Software, а сегашен на DobuleDutch, открива дека жените се повеќе поттикнати од внатрешни и наследни мотивации во врска со работата отколку од нивните конкретни работи или барањата на вработените за нив.

шансите се поголеми жените да им пристапат кон сопствените кариери на еден само-рефлексивен начин и да ценат фактори како што се значење, цел, врска со колегите и интеграција на професионалниот живот во целокупниот поглед за сопствениот живот

„За разлика од мажите, кои целат да бидат сконцентрирани на кариерата и сакаат да ја максимизираат финансиската добивка од работата, жените ја сфаќаат работата на еден холистичен начин, како компонента во нивниот целокупен животен пат,“ вели таа. „Оттука, шансите се поголеми жените да им пристапат кон сопствените кариери на еден само-рефлексивен начин и да ценат фактори како што се значење, цел, врска со колегите и интеграција на професионалниот живот во целокупниот поглед за сопствениот живот.

Кога жените ја носат оваа сила во тимот и помеѓу другите вработени, тогаш, овој чекор има долгорочни импликации. Тоа ја подобрува стапката на која вработените остануваат во компанијата, создава посилни тимски играчи и ја развива следната генерација на жени кои се успешни примери. Ако секоја жена во една компанија го сработува сопствениот дел во однос на родовата еднаквост на работното место, јазот полека но сигурно ќе се затвори со тек на време. Не станува збор за различни силни страни што мажите и жените ги истакнуваат за време на нивните кариери, туку за тоа како можеме да ја прифатиме мешавината на тие силни страни со цел компаниите да можат полесно да ги остварат поставените цели и да можат полесно да постават нови додека сите членови на тимот постигнуваат личен успех.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -