Што можат да направат претприемачите кога се чини дека ништо не им успева

Сушите се нормален дел од животот, и се случуваат речиси во сите видови клими. Но и покрај нивната редовност, сушите доаѓаат по ураганите кога станува збор за економската штета што ја предизвикуваат во САД, смета Џулиен Хејс Втори, советник за здравје кој има долги години искуство на работа со претприемачи.

Сушите се разликуваат од ураганите бидејќи не се така директни во пристапот, ниту пак лесно се идентификуваат и дефинираат. Повеќето луѓе ги поврзуваат сушите со продолжен период на суво време. Сушите вообичаено водат до уништување на посевите, недостаток на вода и диви пожари.

Како што сушите во природата се непредвидливи и можат да предизвикаат емотивна, ментална и физичка штета, исто толкава моќ на уништување имаат и претприемачките суши.

За време на глобалните карантини, голем број претприемачи се соочуваат со некаков вид суша.

За некои, тоа е губење на работното место. За други, е бизнисот од нивните соништа кој виси на конец. Многумина се соочија со нарушени дневни рутини и беспомошно гледаат како нивните здрави навики исчезнуваат.

Во тие моменти, кога се чини дека ништо не ви оди од рака, искористете го моментот во ваша корист со помош на советите што следат.

Работете вредно но на еден важен проект

Кога ништо не ви успева и се наоѓате во сушна ситуацијата, можеби ќе сакате да стигнете до повеќе информации. Иако обидот да го најдете одговорот на вашето прашање доаѓа природно, има големи шанси тој да не ви е од помош.

Информациите се вредни, но кога ништо не успева, повеќе информации водат до поголема парализа при нивното анализирање, нерешена анксиозност, стрес и сомнежи во себе.

Во оваа фаза, она што треба да го направите е да го пронајдете моментот и да го искористите, а тоа значи самите да преземете почетно дејство. Оттука, најкритичниот чекор што треба да го направите е да најдете нов фокус на еден значаен проект.

Без разлика дали станува збор за вашето здравје или бизнис, има многу работи кон кои можете да ги насочите вниманието. Што е едното нешто што ќе има најголемо влијание врз вашето закрепнување?

Живееме во ера на огромни напори за преживување. Повеќе е секогаш подобро. Но кога се соочувате со сушен период, помалку е подобро бидејќи се создава простор вие да можете да најдете нов фокус и да иновирате.

Давајте и најдете благодарност

Кога сте во деловна или животна суша, вашите акции за самодоверба можат да потонат и можете да почнете да се прашувате дали придонесувате во општеството. Приходот на вашата компанија можеби е несигурен во моментов, но ниту негувањето ниту покажувањето благодарност изискуваат пари.

Можете да покажете благодарност ако одлучите некому да му станете ментор, со тоа што ќе го споделувате вашето знаење преку пишување, останување во контакт со некој или испраќање рачно пишана порака.

Преку давањето, вие повикувате благодарност, што пак е вредна алатка во претприемништвото.

Покрај тоа што е потенцијална алатка за долг век, благодарноста помага во развивањето на клучните вештини за отпорност. Според едно истражување, ветераните од Виетнамската војна која покажувале повисок степен на благодарност биле поотпорни на и искусувале пониска стапка на посттрауматски стрес.

Сите ние се бориме на војното поле на животот. И без разлика на теренот, основните принципи се исти. Направете ја благодарноста дел од вашата ДНК, и ќе изградите соодветен панцир да ги издржите секојдневните животни проблеми.

Исто како и во случајот на спортистите, самопочитта на претприемачите е клучна за нивната секојдневна ефикасност. Според едно истражување објавено во Билтенот за примената спортска психологија, спортистите кои практикуваат покажување благодарност ја зголемуваат нивната самопочит.

Кога рефлекторот нема да бие во вас и ќе престанете да се фокусирате исклучиво на вашите тешкотии, тогаш ќе можете да се совладате себеси.

Зголемете ги активностите за физичка подготвеност

Кога животот ви се чини неописливо тежок и се обидувате да преживеете и вие и вашиот бизнис, вежбајте.

Секако, вежбањето е одговорно за ослободување на хормоните што не` прават да се чувствуваме добро, каков што е ендорфинот. Но уште поважно е дека вежбањето обезбедува вентил да ги исфрлите големиот број животни фрустрации и ја отстранува наталожената негативна енергија.

Вежбањето исто така ја подобрува циркулацијата, ги опушта напнатите мускули и ги намалува симптомите на стрес.

Кога вашето тело и ум се чувствуваат подобро, имате поголеми шанси да носите подобри одлуки.

Напуштете го личниот остров

Кога сте се одлучиле да бидете претприемач, сте се сложиле да почитувате една имплицитна клаузула што вклучува потенцијална депресија, осаменост, прегореност и несакано отуѓување од вашите најважни врски.

Една од најголемите грешки што ги прават претприемачите, особено кога ништо не им оди од рака, е „живеењето на остров“, односно изолирање од останатиот свет со цел да се решат проблемите.

Но изолацијата не е решение, особено кога сте емоционално компромитиран. Наместо тоа, најверојатно ќе бидете уште повеќе фрустрирани бидејќи нема да сте во можност да ја согледате пошироката слика.

Ако се најдете во ситуација во која ви се стеснува светот, побарајте помош, одговорност и поддршка.

Емоционално неангажиран тим за поддршка што може да ја види големата слика е од непроценлива вредност.

Ако во моментов сте на остров, одвојте време да направите краток список од 5 лица на кои можете да им се јавите во ваква ситуација. Ако ги немате тие луѓе, почнете да работите на тоа да ги пронајдете.

Проблемите, сушите, патењето, непостојаните приходи – сите кризи се природен дел од животниот циклус. Тие не се знак за вашата неспособност.

Извор: msn.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -