Што е потребно да се биде лидер сега

Кога зборуваме за лидерството не зборуваме за лидерот. Од друга страна, лидерството се сведува на лидерот, смета Гери Риџ, извршен директор на WD-40 Company, кој лекцијата за тоа кои карактеристики треба да ги поседува лидерот ги споделува Џон Балдони, светски познат обучувач, едукатор и експерт по лидерство, во статија објавена на бизнис порталот SmartBrief.

Во 2008 год, на почетокот на Големата рецесија, кога патувал од канцеларија до канцеларија и од земја во земја, луѓето ќе го прашале Риџ како е. Прво тој мислел дека луѓето прашуваат за неговата благосостојба и како се држи. Подоцна, сфатил дека луѓето всушност прашувале „ние како сме?“. Го барале Риџ за да им даде одговор на тоа прашање, за да добијат јасни насоки и надеж во екот на кризата.

Родум од Австралија, Риџ изгледа на некој кој не поднесува глупости, но кој ги обожава. Односно, Риџ е приземјен и реален човек кој сака забава, и чувствува страст кога им помага на луѓето да дадат се` од себе за да остварат големи постигнувања и за себе и за компанијата. Неговите основни начела се грижа за луѓето, цел, стратегија, извршување или спроведување и слобода. Луѓето ги знаат задачите што треба да ги извршат на нивните работни позиции, учат на тие работни места, им овозможуваат на други да планираат и спроведуваат, и имаат простор да експериментираат.

Во едно скорашно интервју за програмата „Милост под притисок“ на ЛинкедИн, Риџ ја споделил неговата филозофија за лидерството и што е потребно лидерот да поседува во време на криза.

За работењето

„замислете си место каде одите на работа секој ден; правите придонес кон нешто поголемо од вас самите. Учите нешто ново, заштитени сте и ослободени преку привлечен пакет вредности. И си одите дома среќни. Нашата работа како лидери е да го создадеме тоа место бидејќи среќни луѓе создаваат среќни семејства, среќни семејства создаваат среќни заедници, и среќни заедници создаваат среќен свет. А боже мој, колку ли ни е потребен среќен свет“.

За директорот кој „ви ја пие крвта“

„Тој е господар на контролата. Тој знае се`. Тој е член на кралско семејство во корпорацијата. Знаете, поминал долго време борејќи се на патот нагоре. По патот на членовите на кралското семејство на корпорацијата. Тој мисли дека учењето е за губитници бидејќи тој ги има сите одговори. Најкарактеристично за него е што егото му ја јаде емпатијата, наместо емпатијата да го јаде неговото его. Мора секогаш да е во право. Обожава култура заснована на страв. Микро-менаџирањето е основна работа кај него. Мрази повратни информации“.

За надежта

„Морате да имате надеж. Ако немате надеж значи дека нема да ги испорачате резултатите што сте требале да ги постигнете. Надежта има врска со прагматичен оптимизам. Морате да бидете прагматични или оптимистични во исто време. Еден клучен атрибут на понизниот лидер е што тој или таа е шампион во влевање надеж“.

За подарокот на припадност

„Подарокот на припадност е сеќавањето дека една од најголемите потреби што ги имаме е подарокот на вистинска припадност. И, знаете, зборуваме за нашето племе како група на луѓе кои се сретнале за да бидат и заштитени и да се прехрануваат едни со други“.

За лекциите по лидерство

„Мислам дека најдобриот начин да учите е да предавате. И многу сум благодарен што последниве дванаесеттина години сум во можност да соберам кохорти луѓе и да ги преиспитуваме и да зборуваме за некои од лидерските принципи што ги практикуваме. И, знаете, една од предностите што ги имам кога предавам одредена програма е што не сум професор од академскиот свет, туку практичар. Така што, можноста да ја споделувам мојата лузна е вистинска награда“.

Лидерството се сведува на лидерот, сепак, а Гари Риџ го докажува тоа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -