Што е добивка?

Добивка често се нарекува и заработка или профит и претставува позитивен финансиски резултат што компанијата го остварува во одреден временски период. Добивката се остварува во ситуации кога вкупните приходи ги надминуваат вкупните расходи на компанијата.

Таа претставува остаточна вредност стекната во деловното работење. Најчесто се појаснува како разлика помеѓу куповната и продажната вредност на доброто во една компанија. Добивка може да оствари работодавач, сопственик, но и вработен во некоја фирма или организација. Таа подлежи на оданочување, односно тоа е уредено согласно Данокот за добивка.

Данок на добивка е данок што правните лица (претпријатијата, финансиските институции и другите организации) ги плаќаат на остварената добивка во претходната финансиска година.

Обврзници на данокот на добивка се сите претпријатија (домашни и странски) како правни субјекти коишто остваруваат добивка од дејноста што ја извршуваат.

Како предмет на оданочување се јавува добивката, (профитот), којашто се утврдува како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи, согласно сметководствените прописи и законот за данок на доход. Даночната основица е износот на добивката, односно профитот.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -