Што да се јаде во време на коронавирус кога чувствуваме прекумерен стрес?

Најверојатно ги почитувате мерките и препораките за само-изолација и ретко излегувате од дома; децата не ги прават вообичаените рутини па така и тие се дома и го делат истиот простор со вас; а згора на сè , пандемијата со коронавирусот ја прави иднината сè понесигурна од ден на ден. Ако сте како 27 проценти од американската популација, тогаш најверојатно утеха ќе побарате во фрижидерот, пишува Вашингтон Пост.

Поврзано:

Храната може да биде еден од најлесните и најнепосредните начини како да направиме да се чувствуваме подобро во стресни времиња. Додека задоволувањето на нашата потреба за храна е добра работа, експертите посочуваат дека емотивното конзумирање големи количини храна со мала нутритивна вредност може да го ослабне имуниот систем и да го влоши расположението, и тоа токму во време кога заштитата на нашите тела и поттикнувањето позитивен став кон животот е особено важно.

„Ако сакаме да можеме да се чувствуваме подобро, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, мораме да размислуваме за тоа како сакаме да го „напојуваме“ телото на таков начин на кој можеме да бидеме раат,“ објаснува Ева Селхуб, лекар чија специјалност е справување со стрес, отпорност и медицина поврзана со односот ум-тело.

Зошто моите диететски навики се важни во овој момент?

Како дополнување на често предизвиканото чувство на вина и срам, Селхуб посочува дека јадењето повеќекратно обработена храна и грицки со многу шеќер може да предизвика телесно воспаление што го зголемува заморот, анскиозноста и депресијата. Различни патишта го поврзуваат стомакот со нашиот мозок, објаснува таа, така што внесување нутритивна храна во нашиот систем помага во контролата на нашите чувства.

храна

Како можам да правам разлика дека јадам поради емотивен дисбаланс а не поради глад?

Јадењето кое се јавува како резултат на стрес најчесто е автоматски инстинкт, слично како ставањето рака во кесичка чипс без воопшто да размислувате за тоа, информира Деана Минич, нутриционист при Американската нутриционистичка асоцијација. Физичкиот глад трае подолго и е податлив за различни видови храна, а не само за храна со мала нутритивна вредност.

Како можам да го спречам или барем ограничам емотивното јадење во овие несигурни времиња?

Иако внесувањето храна во нашето тело нё прави да се чувствуваме подобро затоа што се ослободува допамин и серотонин во нашиот мозок, Селхуб истакнува дека тие ефекти имаат краток рок на траење. Со цел спречување на емотивното јадење, таа предлага да направите „проверка на стомакот“ пред да посегнете по грицки: „Се подготвувам да јадам бидејќи сум физички гладен, или бидејќи чувствувам стрес и сум тажен?“.

Ако вашиот одговор спаѓа во втората категорија, Селхуб препорачува да земете предвид други извори на утеха како што се: вежби со дишење, движење, спритуалност, социјални интеракции, хоби или време поминато во природа, меѓу останатото. Држете се до вашиот вообичаен распоред на внесување храна што значи 2 или 3 оброци на ден, иако вашата дневна рутина се променила, посочува таа.

храна

„Без разлика дали сте сами или со други луѓе, направете ритуал од храната – дека се храните себеси, дека се „напојувате“ себеси,“ Селхуб предлага.

За дополнителна помош, ако сакате да водите сметка за вашата фигура и физичка кондиција или пак да ослабнете, тогаш можете да најдете или самите да креирата онлајн група за поддршка.

Што ако кај мене анскиозноста има обратен ефект и се борам да ја изедам доволната количина храна?

Иако некои луѓе јадат повеќе кога се чувствуваат анскиозни, можно е да имате мака со јадењето воопшто. Стресот може да предизвика зголемена физиолошка состојба во вашето тело, како да се соочувате со непосредна опасност, како во времето на првите луѓе кога биле бркани од лав, елаборира Селхуб.

За да правилно се свари храната, нашиот дигестивен систем мора да е опушптен, додава Минич. Топли чаеви можат да му помогнат на вашето тело да се олабави, додека протеински шејкови и електролитски препарати обезбедуваат енергија.

Најмалко што можете да направите спроед Минич, е да пиете многу вода за да останете хидратирани. За да се вратите на редовната шема на конзумирање храна во текот на денот, важно е да се справите со стресот кој лежи во основата на прекумерното јадење, како што е физичкото движење или правењето едноставни медитативни вежби.

исхрана

Што би требало да се обидувам да јадам за време на оваа криза со јавното здравје?

Правењето правилни избори за храна почнува кога ги скенирате полиците во супермаркетот и одлучувате што да понесете дома, објаснува Минич. До таа мера што можете да купувате свежа храна во многу бои, така што треба да се фокусирате на неа.

Освен опцијата за купување свежо месо и производи, Минич посочува дека замрзната храна е секогаш подобра од конзервираната, кога станува збор за нутритивноста. Смрзнатата храна е зачувана во состојба блиска до првичната и вообичано има малку интеракција со пластиката во која се чува, објаснува таа, додека пак конзервираната храна го допира менталниот контејнер во кој е сместена, и е дополнително обвиткана во пластика. Конзервираната храна исто така се чува во раствор со висока концентрација на сол или шеќер.

храна

Минич исто така предлага да се користат зачини за да се намали воспалението предизвикано од стрес, и конзумирање храна со витамин Ц за да се засили имуниот систем. Сега е одлично време да споделувате рецепти со пријателите и семејството, и да се осигурате дека посветувате внимание на сите аспекти на вашето здравје, како што се физичко движење и редовно и доволно спиење.

На крај, Минич истакнува дека здравото јадење го поттикнува чувството на добросостојба, ја зголемува љубопитноста и нё прави посреќни.

„И мислам дека ова е време кога ни треба добросостојба и среќа,“ додава таа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -