Ширењето на Ковид-19 може да однесе 800 милијарди евра од европските банки

Европските банки, во наредните три години, се под закана да загубат 800 милијарди евра поради доделени кредити и намали приходи од 30 милијарди евра поради последиците предизвикани од кризата со коронавирус, тврди консултантската компанија Oliver Wyman, изестува Ал Џезеира.

Според основното сценарио на консултантската фирма, економското закрепнување ќе биде бавно и ќе има недостаток на второ затворање на економијата во поголемиот број земји. Проценките посочуваат дека лошите кредити ќе се искачат до 400 милијарди евра. Тоа е за 2,5 пати повеќе од нивото пред три години.

Од друга страна, според ова негативно сценарио кое го вклучува и сериозниот втор бран на пандемијата, овие цифри би се дуплирале, а уделот на лошите кредити во европските банки би достигнал десет проценти од вкупното кредитно портфолио.

Банките соочени со тежок период на опоравување

„Иако не е веројатно дека пандемијата ќе донесе многу тешки последици во банкарскиот сектор, голем број банки ќе се најдат во незавидна ситуација со многу слаб поврат,“ истакнува Кристијан Еделман, еден од директорите за анализа на европскиот сектор на финансиски услуги во Oliver Wyman.

Тој додава дека оваа ситуација ќе резултира со аверзија на банките кон ризикот кога станува збор за доделување кредити.

Во текстот на анализата стои дека европските банки поминале низ тежок период на опоравување во текот на мината финансиска криза од 2008 год, и дека тие повеќе од една деценија имаат слаба профитабилност, како и огромна конкуренција на пазарот.

Во просек, европските банки се два пати помалку профитабилни од американските банки.

Пад на приходите од 180 милијарди евра

Петте најголеми банки во САД подготвиле 55 милијарди долари за да ги покријат потенцијалните губитоци по основ на кредити во текот на првата половина од оваа година.

Пандемијата на Ковид-19 негативно ќе се одрази и на приходите на европските банки, првенствено поради долгорочните исклучително ниски каматни стапки.

По очекуваните губитоци поради кредитирањето, оваа година приходите би можеле да паднат за 180 милијарди евра од 385 милијарди евра, дури и ако се одбегне второто затворање на економијата.

Опоравувањето кое цели да се достигне нивото од минатата година не се очекува да се случи до 2022 год, кога приходите од 535 милијарди и понатаму би биле пониски за 30 милијарди евра, велат проценките на Oliver Wyman.

Компанијата исто така прогнозира дека нето приходот од камата следната година ќе падне за 8 % во однос на минатогодишното ниво, оттука посебно ќе бидат погодени банките кои не работат со инвестиционо банкраство или управување со имот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -