Шест практики што им помагаат на успешните луѓе максимално да го искористат времето

Сите ги имате истите 24 часа на ден, но важно е што правиме со тие 1440 минути што го одделуваат успехот од стагнацијата, смета Блејк Џонсон, претприемач со седиште во Лос Анџелес кој основа и продава бизниси чија вредност е проценета на 1,1 милијарда долари.

Ако сакате да стекнете поголема предност над конкуренцијата, да ги поставите целите и да остварите повеќе отколку што неделата ви дозволува, следните алатки како да го хакирате времето би требало да ви помогнат…

Размислувајте како некој мрзлив

Дали е побрзо да ја наполните машината за садови или да ги измиете сите чинии една по една? Резултатот е ист, без разлика како ќе го остварите, но вложениот напор е драстично различен. Обидот на Џозефин Кочран во 19от век да примени вода под притисок на чиниите, не е само иновативен туку и мрзелив. Таа не сакала рачно да ја мие секоја чинија или лажица и нашла начин како тоа да го прави поефикасно.

Наместо да седите и да се бавите со досадна и напорна работа, видете дали можете да најдете начин да ја направите работата помалку заморна. Создадете работни текови, автоматизации и иновации што ви овозможуваат да направите повеќе со помалку напор, и тоа време искористете го да го решите следниот проблем. Додека да направите пауза и фрлите еден поглед наназад ќе сфатите дека сте километри пред конкуренцијата.

Не ги извршувајте задачите по ред

Ризикот со листите со задолженија е дека повеќето претпоставуваат дека мора сите задачи да бидат сработени линеарно. Кога станува збор за тие задачи, не е мудро да почнете од врвот. Напротив, направете проценка на време за секоја задача. Гледате дека имате 10 минути време меѓу состаноци? Завршете некоја мала задача. Авионот доцни два часа? Завршете некоја поголема работа. Правете што можете кога можете и дозволете да бидете зачудени од тоа што можете да завршите во текот на денот.

Максимизирајте го времето за транзит

Наместо да зјапате од џамот во авионот, или проверувате што има на Инстаграм додека се возите во такси, или ги набљудувате луѓето во метро, патувањето нека ви донесе некаква предност. Патувањето до работа може да ви послужи за одговарање мејлови, за подготовка за состанокот што ве чека, па дури и да прочитате нешто што е директно поврзано со вашата работа и претставува нова можност за стекнување дополнителни знаења. Идејата е да го третирате секој поминат миг во седење како некој вид можност.

Земете го предвид повратот на инвестицијата

Секој пат кога размислувате да се посветите на нешто, размислете кој би бил потенцијалниот поврат на инвестицијата. Пијачка со пријател може да звучи како добро искористено време, но дали е тоа навистина така? Ако пиењето со пријателот ве одвлекува од работата, семејството или образованието, можеби не ја заслужува инвестицијата. Запрашајте се дали наградата го оправдува трошокот. Одморот и релаксацијата се, секако, важни – но се` што правите само поради обврска можеби не вреди да се троши време на тоа и во ред е да кажете „не“ ако повратот на инвестицијата не е поволен.

Остатокот ангажирајте го од надвор

Повеќето деловни лидери сакаат да мислат дека треба да се длабоко инволвирани во секој аспект од нивниот потфат, но ладната реалност е дека кога се обидувате да се разбирате од се` и сешто тогаш не сте усовршиле ниту една област. Наместо тоа, сфатете која е вашата суперсила и развивајте ја до степен во кој никој не го прави тоа толку добро како вие. Не грижите се за работи во кои природно не сте исклучително добри. Најдете луѓе кои се исклучително добри во области во кои вие сте слаби. Кога сфаќате во што сте добри се случува магија – а останатото, најдете експерти од надвор и ќе видите како се` се движи побрзо! Кога ќе ги ангажирате соодветните луѓе за вистинските позиции, никој нема да биде затрупани со обврски што претставуваат предизвици. Се` се насочува на вистинскиот начин, а резултатите можат да бидат вчудовидувачки.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -