Шест моќни фактори за исклучителен раст

Во 1980тите, Лу Памбианко, психолог кој работи Гешталд терапија, заедно со Дејв Ричардс и Кен Марино, ја основаа консултантската фирма, Corporate Development Partners, која работи со стартап компании што прераснаа во милионски компании вклучувајќи ги Intel, Cisco, Sun, Compaq,  и Apple. Кога основачот и извршен директор на Connor Peripherals ги запрашал: „Како вие ќе растете со стапката со која растеме ние без да попукате по рабовите?“, тие го започнаа нивното истражување за исклучителен раст.

Летото 1989 год, за да открие како Apple, Sun, и Compaq пораснаа од нула до милијарда долари вредност за 10 години или помалку, Памбианко и неговите партнери ги интервјуирале сениорските тимови и извршните директори на овие компании. Тие ги откриле шесте фактори на моделот за исклучителен раст, што го споделија со секоја од компаниите учеснички во истражувањето. Во октомври 1989 год, тие обучиле 170 менаџери како да го користат моделот. Компанијата воведе четири нови драјвери во јануари 1990 год и порасна толку голема што заработуваше над милијарда долари во приходи за четири и пол години и стана компанија на годината на Фортун.

Моделот на исклучителен развој

Моделот на исклучителен развој комбинира шест моќни фактори што можат да доведат до раст, успех и развој и на компаниите и на поединците.

Визија. Луѓето во овие исклучителни компании се насочувани од заедничка визија. Знаат кои се и каде одат. „Визијата е клучна. Можете ли да го замислите Џобс во гаражата на неговите родители во Санивил како вели: Apple ќе го промени светот? Е па тоа е визијата на компанијата до ден денешен,“ вели Памбианко.

„Визијата,“ вели Памбианко, „ги поттикнува културата, вредностите и однесувањата – десниот дел од мозокот на организацијата. Визијата исто така ја поттикнува работата и на левиот дел од мозокот – стратегија, стратешкото планирање, бизнис модел. Компаниите со исклучителен раст ги интегрираат левиот и десен дел од мозокот во бимодален модел. Тие се во рамнотежа“. Кога вредностите и дејствијата на една компанија не се во рамнотежа, Памбиакно вели дека „стануваат шизофрени“, што значи дека кажуваат едно нешто, а прават друго. Постои лутин, презир и разочарување, така што организациите што не се во рамнотежа на крајот пропаѓаат.

Стратегија. Успешните компании ја имплементираат нивната визија со стратешки дејства. Памбианко вели: „Многу патишта водат до Рим. Одберете еден што ќе ве одведе таму. Овие компании апсолутно го одбрале патот што ги однел до Рим. Што значи дека нивната стратегија била прецизна“.

Издржливи тимови. Синергијата во издржливите тимови е уште еден моќен фактор што премногу често се занемарува од страна на компаниите што ги третираат нивните вработени како заменливи делови. Во исклучителните компании, вели Памбианко: „Нивните членови биле таму на почетокот и продолжуваат да работат заедно. Тие немале одлив на кадри“.

Инвестиции во инфраструктурата. Исклучителните компании се фокусирани. Тие ја одржуваат рамнотежата со инвестиции во неопходната инфраструктура со цел обезбедување поддршка на нивните тимови. Памбианко истакнува дека „е клучно на тимовите да им се дадат алатки за успех“.

Го одразуваат идентитетот на основачот. Како што наведува Памбианко, Стив Џобс имал многу силна смисла за идентитет, „и се проектирал себеси во речиси се` и сешто што правел, почнувајќи со компјутерот Apple C и потоа со Мекинтош. Мекинтош е проекција на Џобс. Тој одразува кој бил Џобс, а сега е алатка за лична продуктивност за поединечниот корисник. И тој беше неверојатен успех“. Памбианко додава: „По Мекинтош дојде iPod алатка за лична забава; потоа iPad, во почетокот како лична бибилиотека; и iPhone, алатка за лична комуникација и сега, личен џебен компјутер. За „i“ размислувајте како за Јас во името на производот, не како „i“ за интернет. Производите на Apple му оддаваат почит на личниот идентитет на Џобс и на поединечниот корисник“.

Целта на тимот е пред личната добивка. Последниот фактор е алтруизам. Како Гешталд терапевт, Памбианко препознава дека „целината е поголема од збирот на деловите“. Вообичаено е, вели тој, „секој од нас да сака да биде препознаен, понекогаш на сметка на другите. Но, тоа не беше случај во овие исклучителни компании. Има изрека во Connor Peripherals дека ако се фрли топка, можете да чуете како се чукаат глави бидејќи луѓето ќе тргнат да ја фатат топката за да бидат сигурни дека не паднала на земја“. Кога тимот ја става целта над личната добивка, вели тој, „сите се победници“.

Моделот за исклучителен раст во личниот живот

Овој модел комбинира моќни фактори што ни помагаат да растеме и да се развиваме.

Визија. Памбианко ја гледа „способноста за внатрешна визуелизација“ како незаменлив дел од нашата човечка природа и објаснува како „јас, во тивок момент, можам да ја визуелизирам насоката каде сакам да бидам во животот. По визуелизација на насоката, потоа ја артикулирам визијата. Во таа точка, визијата се манифестира во животот“. Оваа способност, вели тој, може да ни донесе „неверојатен успех во животот. Има надеж. Има отпорност. Има инспирација и ангажман“.

Стратегија. Визуелизацијата на нашите цели и развивањето стратегии за реализација е срцето на психологијата на надежта (Снајдер, 1994 год). За да растеме и да се развиваме, на сите ни се потребни значајни цели што го отсликуваат нашиот личен идентитет заедно со патиштата (инфраструктурата) и мотивацијата да се постигнат (Фелдман & Снајдер, 2005 год; Селигман, 2011 год; Снајдер, 1991 год).  

Позитивни односи. Комбинацијата од издржливи тимови и алтруизам, ставањето на целта на тимот пред личната добивка, можат да поттикнат исклучителен раст кај поединци. Истражувањата покажуваат дека позитивните односи ни овозможуваат да растеме и да се развиваме (Селигман, 2011 год). Овие односи ја прошируваат и развиваат нашата способност да живееме посреќен, поисполент живот (Фредриксон & Џојнер, 2002 год), и истражувањата покажуваат силна врска помеѓу позитивните односи и подобреното здравје (Коен, 2004 год).  

Денес, Лу Памбианко го применува моделот за исклучителен раст на инкубаторот за био-технолошки компании Startup Sandbox, основан во партнерство со Универзитетот Калифорнија, во Санта Круз во 2017 год. Преку работата на „подобрување на човештвото и здравјето на нашата планета“, овој нов потфат се поврзува со еминентните истражувачи од универзитетот кои го мапираа човековиот геном и го развија еден од најголемите истражувачки центри за РНК, станувајќи светски лидер во одржливост и диверзитет. Нивното истражување се цитира во илјадници публикации од целиот свет.

Учесниците во Startup Sandbox вклучуваат научници и истражувачи на пост-докторски студии и дипломци од универзитетот, како и луѓе кои аплицираат да работат таму преку нивниот вебсајт. Памбианко ги советува сите посебно за моделот на исклучителен раст во процесот на растење на нивните компании.

Моделот на исклучителен раст продолжува да го менува светот, исполнувајќи го животот на Лу Памбианко со виталност, радост и значење. Кога луѓето го прашуваат зошто во овој период од животот работи со Startup Sandbox, тој одговара: „Да бев жив во 16от век во Фиренца, Италија, ќе имав можност да бидам дел од агенсите на промена во светот. Тоа се случува во Силициумската Долина, во областа околу Санта Круз. Зошто не би сакал да сум дел од ова?“

Со комбинирање на визија, стратегија и позитивни односи, сите можеме да создадеме прилики за исклучителен раст во нас и околу нас. Како вие можете да го примените овој модел во вашиот живот?

Автор: проф. д-р. Дајан Дреер, автор на бестселер книги, обучувач од областа на позитивната психологија и директор соработник на Институтот за примената духовност при Универзитетот во Санта Клара каде работи на истражувања од областа на надежта и личниот раст и развој.

Извор: Psychology Today

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -