Како креативните работници да обезбедат сигурен приход во несигурни времиња или зошто е сега вистинското време за членска програма

Коронавирусот го паралилизра културниот живот во многу земји. Безброј концерти, промоции на книги, изложби и други настани мораа да се откажат, како и безбројни т.н. „тезги“. Од друга страна пак, сега не е време да му се дозволи на стравот да владее со нашите животи – а секако не кога барате поддршка од вашата матична заедница. Порталот steadyhq.com ви открива како програмите за членство можат да ви помогнат кога настаните и хонорарите се откажани, а вие сте дел од креативните индустрии кои можеби се најпогодени од епидемијата.

Поврзано:

Глобалниот одговор на КОВИД-19 става на тест огромен број културни и креативни професионалци. Ако сте погодени од вонредната состојба, сега е времето да размислувате во други насоки, да барате алтернативни начини за финансирање, и пред сè, да ја вклучите вашата матична заедница.

Сега е време да барате поддршка од луѓето кои ја ценат вашата работа

Членската програма им овозможува на вашите најлојални фанови да ве поддржуваат на месечно (или годишно) ниво, со редовни придонеси, или во замена за ексклузивна услуга, или едноставно затоа што сакаат да ви помогнат да истраете. На платформата Steady, денес има повеќе од 50,000 луѓе кои и` оддаваат почит на работата на повеќе од 650 новинари, блогери, радио водители, музичари, јутјубери и уметници.

членска програма

Која е разликата меѓу членска програма и подигање средства преку кампања (краудфандинг)?

Подигањето средства преку кампања е добро решение кога ви треба да соберете конкретна сума пари за специфична активност. Сепак, овој систем не е толку подобен за да ви обезбеди награда на вашата секојдневна работа. Членовите ве поддржуваат со редовни месечни средства во долг период, што пак ви обезбедува поредовни приходи и ви овозможува да правите планови за иднината.

Дали членствата се вистинскиот избор за мене и мојот проект?

Ако редовно продуцирате дигитална содржина, или пак сакате да го дигитализирате аналогниот дел од вашата работа, на пример да читате онлајн, и веќе имате лојална заедница околу вас, моделот со членство би можел да функционира и тоа многу добро. Еве една брза чеклиста за тоа кои предуслови треба да ги исполнувате за да ви успее моделот со членство:

членска програма
  • Колку е голема вашата заедница? – најмалку 5% од вашата заедница е подготвена и сака да ве поддржи доколку им понудите едноставен, лесен и привлечен членски пакет. Токму 5% ви се потребни за да создадете успешна членска програма.
  • Која цел ја имате поставено во поглед на приходот? – ако ја знаете големината на вашата заедница, ќе можете лесно да пресметате колку можете да заработите преку членството.
  • Што ќе можам да направам со овој приход? – дополнителниот приход можете да го заштедите и да си набавите нова опрема (микрофони, камери, рекордери), или да најмите дополнителни членови на тимот – графички дизајнер, на пример…
  • Како можам да вклучам нови членови? Што да им понудам? – понудата треба да содржи одредени придобивки за нив, како што се ексклузивна содржина, попуст, специјална услуга. Ова може да бидат одлични начини за привлекување нови членови, но не секогаш се неопходни. Според Steady, главниот мотивирачки фактор за некој да стане член на одредна група, не се дополнителните награди туку можноста да се поддржи долготрајноста на проект за кој тие имаат високо мислење.
членска програма

Како членската програма може да ми помогне ако услугите што ги нудат се аналогни?

1.   Не откажувајте, префрлете се на дигитални алатки! Сервиси како  Zoom, Google Hangouts, Slack и Discourse овозможуваат дигитално претставување, можност да организирате вебинари, консултации лице-в-лице, но и понеформален разговор кој можете да го водите во присуство на чаша вино.

2.   Нудете бесплатни карти, ваучери и места на вашите листи со гости. На вашите поддржувачи на месечно ниво, обезбедете им места во првите редови на вашите настапи, штом јавните настани бидат повторно дозволени. Вистинските фанови многу ќе се израдуваат ако добијат и лична кратка порака во вашиот пост или видео во кое искажувате благодарност.

членска програма

3.   Напишете електронски весник. Во ова време на изолација, добро е чувството на зближување со фашите фанови преку дигиталните алатки. Неделен електронски весник може да ви го овозможи ова, и на тој начин да придонесе да ја засилите врската со вашата заедница.

4.   Имајте верба во солидарноста – лојалната заедница ќе ве поддржи дури и кога немате што да понудите за возврат. Имајте верба дека вашата дополнителна дигитална содржина, како што е редовно постирање на вашите канали на социјалните медиуми и увидот во вашиот живот нудат вистинска додадена вредност.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -