Четири начини како да го истакнете вашиот мал бизнис во преполн простор

Минатата година несомнено не` натера да ги смениме првичните планови и донесе коренити промени на повеќе начини што кој било може да замисли. Бизнисите беа катапултирани во начин на истрајно функционирање, а единствен фокус беше опстанокот.

Како што новите методи за опстанок станаа норма, претприемачите западнаа во шема на користење на нивната порака за да ја премостат празнината од функционирање без преседан до функционирање пост пандемијата. Порастот на малите бизниси, конкуренцијата и презаситеноста од информации создаваат преполн простор кој изискува диференцијација. Соочени со светот кој одново се појавува, сопствениците на бизниси предолго чекаа да им пристапат на маркетиншките активности за нивниот бизнис на нови и иновативни начини со фокус на свесен консумеризам, намерно испитување и човечко искуство – сето тоа без да бидат совладани и победени од тоа што другите прават, смета Пиа Бек, извршна директорка, деловен консултант и експерт за деловни стратегии.

Се појавуваат нови мали бизниси, а претпоставките поттикнуваат борба

Бидејќи претприемништвото доживеа пораст по пандемијата, и порасна за 24% од 2019 год до 2020 год ширум светот, просторите станаа презаситени. Прекумерната конкуренција и информации се насекаде. Но, сопствениците на бизниси не размислуваат за предупредувањата како што се претпоставката дека секој потрошувач во ниша ги користи истите критериуми; или фактот дека следењето рамка од востановени претходници или конкуренти е патот на најмал отпор, и тоа уште повеќе во свет во кој доминира работењето онлајн .

Па, како еден бизнис станува прв од својот вид, што значи дека наместо да се грижите за трката со другите, сами си го создавате местото, дефинирате што значи да се истакнувате покрај стотици слични бизниси?

Вашиот бизнис треба да биде јасен избор за вистинскиот клиент

За да успеете како бизнис значи да одите против она што е општо прифатливо. Ова бара разбирање дека работите што следат во продолжение ќе го направат вашиот бизнис јасен избор за вистинската личност:

  • дефинирање нови критериуми што служат на единствените потреби на специфичниот клиент
  • воведување на вашите клиенти во култура што е во дослух со нивните вредности
  • негување на лојалноста на клиентите преку постојани можности за купување.

Правењето профит на основа на трендовите, обидот да се натпреварувате со другите бизниси за вниманието на истите клиенти или растењето голем бизнис без претходно да се обезбеди критична маса, едноставно не функционира во денешниот свет на мали бизниси.

Како да се истакнете во преполн простор?

  1. Анализирајте ги податоците за да поставите нови стандарди за успех и дизајнирате неконвенционални решенија и услуги за да ги задоволите потребите на вашите клиенти.

Секогаш кога можете, обезбедете човечка интеракција што им овозможува на вашите клиенти да се почувствуваат видени на начин на кој другите брендови не се поврзуваат со нив. Слушајте дарежливо, грижете се на единствен начин и создадете катче на пазарот за кое клиентите чувствуваат дека треба да бидат дел.

Запрашајте се: што е тоа што го правите на единствен, исклучителен начин? Кој е клиентот што го сака токму тоа? Како да ги вклучите тие клиенти за да им ги испорачате искуствата што тие ги сакаат, но можеби не биле во можност експлицитно да ги идентификуваат.

2. Наместо да целите кон презаситеност на пазарот, целете кон создавање култура што на холистички начин им служи на клиентите како човек и како потрошувач, врз основа на заеднички вредности

Бизнисите можат да извршат поголемо влијание со тоа што ќе бидат и ќе веруваат токму во тоа кој и што е нивниот бренд, наместо да се обидуваат да ги задоволат сите.

Запрашајте се: што ценат вашите клиенти? Врз основа на таа информација, кои се најважните критериуми кога се инвестира во производ или услуга како вашата? Кои вредности ги отелотворува вашата компанија? Како можете да ги преведете тие работи во опипливи процеси, испраќање пораки и допирни точки што ги тераат луѓето да се чувствуваат како да го нашле местото каде припаѓаат?

3. Создадете заедница околу вашиот бренд за која клиентите ќе сакаат да им раскажуваат на други

Како лидер на таа заедница, цврсто стапнете во неоткриена територија, и бидете сигурни дека ќе ги поведете и вашите клиенти на тоа патување, вклучувајќи ги во вашата споделена еволуција – или одново дефинирајте ги средините на кои некој веќе положил право.

Запрашајте се: како можете да водите на значаен начин и како да ги охрабрите другите да го направат истото? На кои начини заедницата чувствува дека е на безбедно место каде може да се разговара отворено, да се преземаат дејствија и да се поврзе со другите?

Зошто е сево ова важно?

Стоењето сам во преполн простор како мал бизнис, не значи дека треба само да ја пресечете буката за да остварите успех. Додека растењето бизнис од година во година, генерирањето приходи и остварувањето поставени цели се основни фактори, тие не се единствената важна метрика.

Она што е важно е колку добро можете да го идентификувате, привлечете и вклучите клиентот што ќе стане првак на вашиот бренд: клиентите што купуваат од вас без да се двоумат, одново и одново, бидејќи тие не само што веруваат дека вашиот бизнис е најдобар за нив, туку исто така се чувствуваат како да припаѓаат на група луѓе кои исто така купуваат од вашиот бизнис.

За да се истакнувате како бизнис, не треба да сте подобар од кој било друг бизнис, само треба да сте очигледно најдобар за вашиот клиент.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -