Чекори што лидерите можат да ги преземат за да создадат позначајна работа за нивните вработени

Истражувањата покажуваат дека кога луѓето ја сметаат нивната работа за значајна, нивната ефикасност и ставот кон работното место значително се подобруваат. Нудиме стратегија што лидерите можат да ја користат за да создадат значајна работа: креирање јасна врска со и акцентирање на влијанието што работата го има на општеството, клиентите, компанијата, тимот и личниот успех на поединците – инаку познати како петте извори на значење.

Самото познавање на петте извори на значење е одличен почеток, но вистинската магија се случува кога лидерите почнуваат да ги инкорпорираат во начинот на кој обавува работата. Има три чекори што лидерите можат да ги преземат за да почнат да ги интегрираат петте извори:

  1. Одредете што е најважно. Започнете дијалог со вашиот тим за да разберете кои извори најмногу одекнуваат меѓу нив. Ова може да се направи со кратки состаноци еден-на-еден или како групна вежба за време на состанок со целиот тим.
  2. Инсталирајте значење во секојдневната работа. Кога ќе дознаете кои извори на значење највеќе одекнуваат за вашиот тим, најдете мали начини да ги инсталирате во постоечките активности и комуникации. Можеби тоа е додавање „приказна за извршено влијание“ или оддавање признание на почеток на состанок, охрабрување на членовите на тимот да ги водат состаноците и автономно да ја завршуваат работата, или споделување повратни информации од клиентите на неделно ниво.
  3. Создадете врски. Заедничка нишка во сите пет извори е влијанието што работата го има на другите. Обезбедувањето можности за вашиот тим за да им помогнат, менторираат, поддржат или едноставно да поминат време со клиентите, другите тимови, членовите на заедницата, и уште еден клуч е обезбедувањето точка на контакт за значајни искуства, особено кога луѓето ќе се вратат на работа.

Не постои недостаток од инспирација за тоа како другите компании ги инкорпорираат петте извори на значење во пракса. Многу организации пронајдоа креативни и смели начини да ги интегрираат петте извори на значење во нивните комуникации, процесот на регрутирање талентирани професионалци и секојдневните активности.

Влијанието врз општеството

Менаџментот може да ја охрабри организацијата да направи позитивно влијание на општеството преку донирање во добротворни цели по нивен избор ако годишните анкети за ангажираност достигнуваат одредена стапка на учество.

Во една компанија што обезбедува професионални услуги, секој вработен добива месечен мејл каде се истакнати активностите што организацијата ги презела за да и` услужи на заедницата.

Влијанието врз клиентите

Организацијата се осигурува дека секој вработен има барем една интеракција со клиент во текот на годината, без разлика на позицијата и нивото.

Технолошка компанија, за време на состаноците чува едно столче празно кое треба да го претставува клиентот и неговата перспектива.

Друга компанија имплементира правило на „минута за клиентот“, и секој состанок со тимот го започнува со приказна за влијанието извршено врз клиентот.

Влијание врз компанијата

За време на трансформација, извршен директор повикува различен вработен секој ден за да му заблагодари за неговите/нејзините придонеси и да истакне како нивната работа придонела во постигнувањето на стратешките цели.

Една компанија одржа масовен виртуелен состанок каде повеќе од 50 000 вработени даваат свои идеи во дефинирањето на вредностите на компанијата.

Влијание врз тимот

Една компанија одржува годишен настан на кој јавно им се заблагодарува на вработените и на кој тие можат да ја препознаат работата на сите поединечно и нивниот придонес, користејќи онлајн алатки.

Друга компанија им плаќа на лидерите на афинитетни групи (пример, мрежа на жени, односно групи во кои луѓето се поврзани преку заеднички интерес или цел) скромна годишна стипендија за да им заблагодари што ја направиле работната средина повеќе инклузивна.

Влијание врз личниот успех

Една организација го започнува секој проект со дискусија за личните и професионалните цели на членовите на тимот и потоа ја структурира работата за да им помогне да ги постигнат.

Друга технолошка компанија идентификува поединци со висок потенцијал за раст да ја заземат улогата на извршниот директор за време на краток период на ротација, па тие присуствуваат на сите состаноци на менаџментот и добиваат тренинг од прва рака.

Значајната работа е клучна за постигнување ефикасност и во поглед на аспирациите што голем број вработени ги имаат за нивните работни места, но нема уникатен пристап што им одговара на сите организации. Со инкорпорирање на петте извори на значење во начинот на кој се обавува работата, лидерите се поспособни во создавањето позначајна работа за секој член на тимот, а истовремено ја подобруваат ефикасноста и лојалноста на вработените.

Автори: Тимоти Бромли – консултант за организациски трансформации со специјализација во областа на бихевиоралната наука, напредна аналитика и менаџмент на регрутирање талентирани професионалци.

Тејлор Лоричела – консултант за компаниска култура со специјализаицја во областа на бихевиорална промена преку создавање посилни тимови, културна трансформација и дигитални решенија.

Бил Шанингер – дизајнира и менаџира големи организациони трансформации, ја засилува ефикасноста на бизнисите преку подобрување на културата, вредностите, лидерството и внатрешните системи за менаџирање талентирани професионалци.

Извор: McKinsey and Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -