Цанка Велкова:Франшизното работење овозможува домино ефект, колку повеќе другите постигнуваат успех толку повеќе вие градите сигурен сопствен бизнис

Цанка Велкова може да се опише како дипломиран педагог и кариерен советник, но таа е многу повеќе од дефиницијата за нејзината професионална ориентација. Таа е амбициозна жена, подготвена да се соочува со предизвици со насмевка на лицето; да го развива бизнисот со нови производи од областа на неформалното образование, но и да помага и да советува млади луѓе и колеги, постојано ширејќи го кругот на познаници каде границата помеѓу професионалното задоволството и личниот повик се губи.

Цанка е директор едукативниот дел за развивањена мастер франшиза во компанијата „Ст. Џорџ“, во сопственост на успешна жена претприемач на која и` поаѓа од рака да остварува професионални цели и во С. Македонија и во Англија, повеќе од 30 години. Цанка гордо стои на чело на секторот за развивање и ширење едукативни програми како дел од интернационални мастер франшизи и традиционални франшизи.

Според нејзиното долгогодишно искуство во неформалното образование, во Македонија се` повеќе се води грижа децата и младите лица да добијат можност да посетуваат ваков тип на меѓународни програми. Таа и нејзиниот тим успеваат во рок од само неколку месеци да потпишат договори за франшизни центри во Скопје – (Центар, Карпош и Аеродром), Кочани, Куманово, Кавадарци и Охрид. Таа истакнува дека моментално повеќе од 100 деца ја посетуваат програмата на „Школа за брзо читање и мудро учење“ во нашата земја, кои работат со 9 сертифицирани тренери и веќе имаат успешно завршени и сертифицирани први групи на ученици.

Повеќе за принципите за стекнување со мастер франшиза и детали за „Школата за брзо читање и мудро учење“ следува во интервјуто подолу:

Што подразбира мастер франшиза, за каков бизнис модел станува збор?

Нашата компанија Ст. Џорџ ДООЕЛ пред една година потпиша договор за мастер франшиза за програмата на „Школа за брзо читање и мудро учење“ од соседна Србија, која е носител на оваа програма (Сертифицирана мастер франшиза од страна на Европската франшизна асоцијација).

Во одговор на вашето прашање истакнувам дека, како носители на мастер франшиза во Македонија, го имаме правото да шириме франшизни центри низ целата територија на државата со претходно утврдени правила за франшизно работење, преку потпишување на договор за соработка. Не заборавајте дека мастер франшизата е сигурен бизнис кој ви нуди голема можност преку креативен начин да го подигнете вашиот личен стандард на живеење!

Но која е дефиницијата за МФ работење како посебен бизнис модел? Сопствениот бизнис „под франшиза“ секако е личен бизнис, и претставува еден од најдобрите начини за успешно деловно работење. 

Она што е уште поважно, ризикот од деловен неуспех при започнувањето бизнис „под франшиза“ е значително понизок отколку во „самостојно“ работење. Значи,  франшизното работење е начин во сопствениот бизнис да се примени докажан и успешен бизнис модел и со тоа да се намали можноста за неуспех.

Зошто мастер франшиза е сигурен чекор за развој на бизнис, зошто би требало млади претприемачи да се охрабрат да го користат франшизниот модел?

Овој модел претставува одлична мотивација за младите кои би сакале да влезат во деловниот свет преку сопствен бизнис. Постојат повеќе причини зошто младите да го користат овој бизнис модел. Станува збор за сигурен модел што ги содржи сите 9 елементи на еден канвас бизнис модел: клучни партнери, клучни активности, клучни вредности, односи со потрошувачи, пазарни сегменти, клучни ресурси, канали на дистрибуција, приходи и структура на трошоците. Дополнително, моделот на франшизно работење подразбира влегување во бизнис без ризик, а со поддршка на партнери или франшизери кои ги поминале детските болести на бизнисот.

Секој сериозен претприемач ги знае силните страни на овој бизнис! Како паун, „се китите од успесите на другите франшизери околу вас“ и од старт сте успешни!

Франшизното работење овозможува домино ефект, колку повеќе другите постигнуваат успех толку повеќе вие градите сигурен сопствен бизнис!Со нашиот модел, станувате партнери во 6 држави, со над 50 центри со преку 100 тренери, оттука успехот е очекуван! Во нашата земја, 70% од нашите започнати франшизи се стартап бизниси на млади претприемачи, главно жени!

Дополнителен мотив за развивање на ваков бизнис модел е податокот дека поголем процент на бизниси во светот се темелат на моделот на франшизно работење.

Вашата веб страница вели дека сте „официјален партнер на германската компанија „DOOR Training & Consulting“ и носители на мастер франшиза за програмата „Школа за брзо читање и мудро учење“. Што точно подразбирате под ова?

Преку договорот за соработка потпишан од страна на мастер франшиза од Србија, нашата компанија (Ст. Џорџ ДООЕЛ), го има правото за ширење на бизнисот, т.е. основање центри или локални партнери на територијата на С. Македонија.

Школата за брзо читање и мудро учење е проект организиран во соработка со германската компанија  „DOOR Internacional Training & Consulting“  од Визбаден. Во основа проектот е развој и дистрибуција на програмата на „Брзо читање и мудро учење“, наменета за деца од школска возраст, како и за возрасни кои сакаат со помалку вложен труд и потрошено време да постигнат подобри резултати во училиште, односно на факултет или на работно место. 

Школата за брзо читање и мудро учење е проект организиран во соработка со германскиот институт „DOOR Training & Consulting“ од Визбаден, каде повеќе од 20 години нашиот автор на програмата, Часлав Манчиќ, бил долгогодишен соработник и тренер.

Франшизните центри или локалните партнери можат да очекуваат целосна поддршка во делот на наставата и администрацијата, во понатамошното развивање на соодветен кадар, како и совети и насоки поврзани со водење и управување со сопствените центри. Локалниот партнер го користи името „Школа за брзо читање и мудро учење“, за да може да го понуди стандардниот квалитет на давање услуга, осмислен и тестиран долги години во земјата и во странство, и на тој начин успешно да ја реализира својата работа.

Објаснете ни го процесот на стекнување со франшиза, од каде се зима, под чија капа е франшизата, што добивате од Србија од мастер франшизерот во Србија?

Со цел стекнување со право да отворите франшизен центар во некои од градовите или општините во нашата земја, прв чекор е да се обратите на мастер франшизерот во С. Македонија, со кого ги договарате потребните барања и услови за стекнување со правото да бидете дел од „Школата за брзо читање и мудро учење“.

Секоја франшиза има своја политика на работа, подеднаква за сите потенцијални франшизери, т.е. локални партнери. Со потпишување на договорот и покривање на иницијалната надокнада, се оди кон следниот чекор. Се регрутираат тренери кои добиваат првична обука од 15 дена, значи се пренесуваат знаењата и методите на програмата за брзо читање, за брзо помнење, како и методите и знаењата во делот на ефикасното презентирање на наученото градиво. 

Во текот на едукацијата се добива потребен материјал, прирачници, презентации и се` што е неопходно за детално водење на часовите. Понатамошната едукација и контрола се води во мрежата на над 100 тренери од сите земји, директно од страната на Авторот.

На месечно ниво, на посебна онлајн платформа, се одржуваат средби за доедукација и споделување на искуствата како фидбек на секој тренер. Секој тренер се здобива со сертификат од „DOOR Internacional Training & Consulting“  од Визбаден и од самиот автор на „Школата за брзо читање и мудро учење“.

Кои услови треба да ги исполнат компаниите за да се стекнат со вашата франшиза?

Примателот на франшизата треба да има регистрирано фирма (договорите се потпишуваат со правни лица), да обезбеди простор што ќе ги запазува стандардите на нашиот бренд, доколку се работи за веќе постоечки бизнис (центри за странски јазици, едукативни центри…), може да ги користи веќе постоечките ресурси, а доколку се работи за новооснована компанија, секако треба самиот да ги набави сите потребни помагала. Најважно е претприемачот да сака да биде дел од еден систем на меѓународна компанија, и да ги почитува стандардите и етичките правила на истата. Секој договор се потпишува на 5 години со можност за продолжување без дополнителна финансиска надокнада.

Зошто вашиот производ е успешен и за франшизерите и за учесниците во програмата, односно што го издвојува вашиот производ од останатите школи? Можете ли да направите кратка споредба со Монтесори, СТЕМ академија, Хелен Дорон..?

Горенаведените програми се долги години етаблирани и докажани како успешни во својата област и мене лично ми е многу драго кога гледам дека кај нас се` повеќе родители и деца ја чувствуваат потребата од овие воншколски активности. Нашата програма е уникатна и единствена за разлика од другите во неколку сегменти:

– ПРОГРАМАТА Е НАМЕНЕТА ЗА ДЕЦА НАД 8ипол годишна возраст, за средношколци, студенти и возрасни менаџери и кариеристи во различни компании.

– ПРОГРАМАТА ИМ ПОМАГА НА ДЕЦАТА ДА НАУЧАТ КАКО ДА УЧАТ, а нашата методологија овозможува да ја намалиме фрустрацијата на долготрајно седење и учење на памет, без разбирање.

– Учениците во рок од 6 месеци ја совладуваат вештината на брзо читање, мапирање, меморирање и презентирање. Овие вештини понатаму ги користат во училиштата за лесно да ги совладуваат секојдневните лекции од секој предмет.

Наша цел е, преку вештината за брзо читање кај децата, да го зголемиме нивниот фокус, мотивација и љубов кон читањето, не само на потребната литература во училиште, туку и на книги што не се застапени во редовната програма.  

Можете ли да ни го образложите процесот што се случува откако фирмите ќе се стекнат со лиценца? Како се одвива обуката на тренерите и пријавувањето на учениците?

Што се однесува до самата имплементација на програмата, како што веќе спомнав, времетраењето е 6 месеци, а часовите се одржуваат еднаш неделно. Материјата што се изучува е поделена во 24 работилници, додека програмата за возрасните трае од 2 до 3 месеци.

Во кој дел сакате да извршите влијание во општеството, дали е тоа во поглед на неформалното образование, или во поглед на бизнис моделите што се користат кај нас?

Искрено да кажам дека нашата програма би сакала и во двата дела да изврши влијание.

Eм општеството ги гради своите ресурси (човечки) и ги подготвува да запливаат во 21 век преку процесот на функционалното учење и „learnability“, a од друга страна, со овој модел нудиме можност за градење сопствен бизнис со 100-процентен успех!

Како работите во време на Ковид, односно како опстои бизнисот минатата година и зошто ќе опстои и понатаму?

Првите групи во Скопје (Општина Центар и Карпош) и Кочани, започнаа во екот на пандемијата, во јули, кога сакавме да ги поддржиме децата во целата ситуација, која опфаќа забрана за физичко присуство во училиштата, затварањето дома со денови, депресијата и фрустрацијата која и родителите и дечињата ја чувствуваа. Нашето мото беше да им предочиме на децата дека можат да научат да учат во лето, во септември да им биде полесно. На ниво на државите, се покрена акција за поддршка на сите деца од страна на преку 100 тренери од сите 6 земји, несебично да има даваат упатства како да си помогнат да ги совладаат изгубените лекции…. Затоа, сега со гордост истакнуваме дека првите групи на деца се здобија со сертификати за програмата на брзо читање и мудро учење, и продолжуваат да ги изработуваат своите тековни задачи во Клубот на завршени деца од нашата школа.

Кои се вашите планови за иднината, во кој домен сакате да ги проширите услугите?

Нашето внимание моментално е насочено кон зголемување на франшизните центри низ С. Македонија, односно нивна застапеност буквално во секој град. Сакаме да бидеме присутни секаде и само на тој начин ќе градиме мотивирани и креативни нови генерации на деца. Во моментот програмата ја работиме на македонски јазик, а следниот чекор е формирање на центри на албански јазик во сите градови. Да не заборавам да споменам, дека нашата програма „Школа за брзо читање и мудро учење“, по трет пат е добитник на наградата – Balkan Awards, за нашиот придонес во образованието на ниво на цел Балкан. Таа ни служи како дополнителна мотивација да не престануваме со работа!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -