Хрватскиот главен град разорен од силен земјотрес, Сараево и Белград солидаризираат со Загреб

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтерова скала ги разбуди жителите на Загреб во недела (22.03.2020 год), во раните утрински часови. Потресот бил почувствуван и во Австрија, Босна и Херцеговина и Словенија, пренесува Вечерњи лист. 

Загреб земјотрес

По овој земјотрес уште два нови тремори го тресеа тлото.

Медиуми во земјата истакнуваат како Загреб и Хрватска сега се соочуваат со два големи предизвици: борбата против коронавирусот и санирањето на штетите предизвикани од земјотресот.

Загреб земјотрес

Најголеми штети се видливи на старите градски градби. Погодени се и куќите постари од 100 години каде кои можат да се видат урнатини, пропаднати фасади, а оштетени се и голем број на автомобили.

Загреб земјотрес

Земјотресот ги погоди и болниците во кои се лекуваат заболените од коронавирусот, и каде нега добиваат трудни жени, новородени бебиња и голем број други пациенти. Едно од најкритично погодените места е болницата на „Петрова“ улица, каде 100-тина навивачи на фудблскиот клуб „Динамо Загреб“ понудија помош во евакуација на трудниците, неодамна породените жени и бебињата.

Загреб земјотрес

Загребската полиција, противпожарната служба и војската неуморно работат на расчистување на улиците од рушевините.

За време на земјотресот, улиците на Загреб се наполнија со неговите жители, кои ги носеа потребните ракавици и маски, и го оддржуваа задолжителното растојание помеѓу себе. Иако земјотресот ги шокираше жителите на хрватскиот главен град, Загребчани не ги занемарија превентивните мерки за борбата со коронавирусот.

Загреб земјотрес
Antonio Bronic, Reuters

Некои медиуми посочуваат дека овие случувања можат сериозно да влијаат на психичкото здравје на луѓето, затоа е важно граѓаните на Загреб да се трудат да останат позитивни и да си нудат меѓусебна поддршка.

Во знак на солидарност, Сараево на зградата на своето градско собрание постави порака за поддршка за Загреб.

Загреб земјотрес

Иницијативата „Ne davimo Beograd“  ги повика жителите на Белград во 20.00 часот да излезат на своите балкони и со аплауз да им дадат поддршка на жителите на Загреб, на оние кои ги санираат штетите од земјотресот и секако на сите медицински лица кои неуморно се грижат за заболените од коронавирусот на целиот Балкан. Тие напишаа „Да шириме солидарсност и поддршка за сите наши луѓе!“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -