Фрази што успешните луѓе никогаш нема да ги кажат

Вашите мисли и работите што си ги кажувате самите себе и на другите се помоќни од што знаете. Овие фрази го одредуваат начинот на кој размислувате, како делувате и како другите ве перцепираат. Она што вие можеби мислите дека е површна и безопасна забелешка може да влијае на текот на целиот ден, па дури и кариера без притоа вие да сте свесни за тоа, пишува Forbes.

Во продолжение се неколку фрази што ќе го поткопаат вашиот успех, и кои никогаш нема да ги чуете од успешни луѓе.

„Еден од тие денови“

Верувањето дека сè е погрешно и дека светот некако кова завери против вас нема да ве доведе до успех. Всушност, верувањето дека лоши работи во моментов се случуваат и ќе продолжат да се случуваат ќе ве истренира да забележувате само негативни страни. Употребата на оваа фраза е манифестација на несреќа што само ќе се претопува во вашето секојдневие.

Наместо ова, обидете се да размислувате за индивидуалните неприлики како некој вид мали тестови. Создадете малку дистанца меѓу вас самите и тест. Набљудувајте го објективно и делувате соодветно. Тоа не е нешто лично, или малициозно, тоа е едноставно некаква препрека пред вас со која вие одбирате како ќе се справите. Одберете да бидете благодарни за постоењето на ваквите тестови бидејќи сега имате шанса да бидете вистински стручњак во справувањето со него. Како што вика Моника од серијата „Пријатели“ – „Не стареам, се подобрувам„“.

„Не сум крив“

Сè е ваша кривица, и тоа е добро. Успешните луѓе знаат дека сè што се случува со нивните бизниси е поврзано со некое дејство кое го презеле или требале да го преземат, колку и да бил тој чекор индиректен. Може да станува збор за ангажирање на несоодветен вработен, или истражување кое не сте го спровеле а требало, или пак проблем што не сте го предвиделе. Во секој случај, ако го поседувате проблемот тогаш го поседувате и решението.

Намалувањето на одговорноста и правењето изговори е пасивен, патетичен одговор на нешто што не функционира добро и не е материјалот од кој се направени победниците. Заборавете на 10-те % работи што објективно не можете да ги контролирате (времето, глобалните пазарни сили, итн) и сконцентрирајте се на работите што можете да ги држите под контрола. Сè е во ваши раце, што значи дека успехот и исклучителноста се во вашите раце исто така.

„Ќе се обидам“

Успешните луѓе одлучуваат што ќе прават и го прават тоа. Како што вели Јода: „Прави. Или не прави. Нема обид“. Ако се посветат на некој проект што треба да го реализираат, тие ќе го исполнат тоа ветување. Одговорот од типот на „Ќе се обидам“ всушност значи: „Ова не ми е важно. Не е приоритет.“ Ако сте во ваква ситуација, тогаш едноставно заминете си од неа.

Том О’Рајан, графички дизјанер и член на тимот на авторот на овој текст, има мантра: одлучи се, планирај, делувај. Ова е разумна рамка. Многу подобро од „Ќе се обидам“ е „Ќе најдам начин“. Па дури и „Нема да го направам тоа, но предлагам….“, кадешто она што го предлагате ќе ја отстрани пречката за некој друг. Никој нема корист од ветувањето дека ќе се обидете да направите нешто за кое што длабоко во себе знаете дека најверојатно нема.

„Да почекаме да видиме“

Чекањето да се види дали нешто ќе се случи е правилна стратегија во многу редок број случаи. Успешните луѓе не дозволуваат успехот да зависи од силите на пазарот или надворешните прилики, тие го прават успехот неизбежен. Замислете си промоција на книга. Ако вашата книга е напишана, вашата содржина е договорена, вашите мејлови со известувањето за промоцијата се подготвени, вашата маркетинг инка е поставена, вашите рецензенти се исто така спремни, како и издавачот, и по сево ова, тогаш е во ред да почекате да видите како ќе помине промоцијата. Но, дури и чекањето нема да биде залудно бидејќи ќе набљудувате, проценувате и одговарате на прашања. Чекањето наместо преземањето дејства нема да ве доведе до позитивен исход. Погодувањето на вистинското време е клучно, а пасивното набљудување може да стане навика од која тешко ќе можете да се откажете.

Наместо да чекате да видите што ќе се случи, предвидете ја иднината. Создадете мапа од различни сценарија со вклучени причини и последици, и имајте план за секој од тие сценарија. Разработете начин на кој можете да успеете без разлика на тоа што би се случило. Направете и план Б. Што и да одберете, имајте јасна намера и контрола на вашите дејства.

 „Тој план никогаш нема да успее“

Успешните луѓе кои имаат верба во нивната способност не чувствуваат потреба да ги кријат сопствените идеи од други. Тие се свесни дека каков и да е значаен напредок во одредено поле вклучува исчекори и остварувања што претходно биле проценети како невозможни. Тие не го затвораат умот од можноста дека нешто, колку и тоа да изгледа неверојатно, би можело да доведе до успех. Наместо да ги слушаат пичинг презентациите површно, тие ќе се фокусираат и ќе поставуваат прашања. Ќе навлезат длабоко во верувањето во вашата идеја и нејзината вредност и ќе имаат отворен ум за секој аспект на вашиот бизнис план. Ако на крајот излезе дека идејата и не била баш добра, тие нема да ви кажат „ти реков“.

Ако се „фатите“ во ситуација во која ги отфрлате идеите на лицата околу вас, запрашајте се зошто. Можеби таквиот став е заснован врз несигурност; или можеби вашите колеги помислиле на нешто што вие сте го пропуштиле а сте сакале први да се сетите. Споделувањето на ентузијазмот и мисловниот процес на другите е многу вредна вежба за сите вклучени лица, и не треба да се занемарува.

„Не е фер“

Успешните луѓе се херои во нивните сопствени животи, а не жртви. Не се наивни да мислат дека нефер околности не постојат, но тие изнаоѓаат начини околу нив наместо да тонат во перцепираната неправедност на сето тоа. Тие знаат дека ако се повикуваат на тоа дека нешто не е фер, тоа нема да ги однесе далеку, ниту пак ќе ги направи исклучителни.

Необјективни судии? Ајде уште повеќе да се држиме до правилата. Скриени сојузништва? Ајде да понудиме нешто поинакво. Неправедни предрасуди? Ајде да бидеме најдобрата опција на пазарот. Успешните луѓе знаат дека секоја пат кога ќе се најдат во нефер ситуација, ќе дојде друго време кога ќе се најдат во многу поповолна прилика. Тие ништо не земаат здраво за готово и продолжуваат да чекорат по нивниот зацртан пат без разлика на случајностите.

Вашите зборови стануваат ваши дела и вашите дела го дефинираат вашето минато, сегашност и иднина. Внимавајте на работите што ги кажувате и немојте да се лизгате во лексички навики кои не ви помагаат на патот до успехот, туку напротив ве тераат да скршнете од него.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -