Финалната листа на Apple за 2019 содржи 230 нови емотикони

Apple доби одобрување од Unicode Consortium за финалната листа на емотикони за годинава, којашто вклучува 230 нови виртуелни фигури.

Некои од новите емотикони се фламинго, видра, куче чувар, вафла, индиски храм, орангутан, твор, путер, кромид, лук, лице што се прозева, како и 70 комбинации на парови кои се држат за раце, со цел да се прикаже секоја нијанса на боја на кожа.

Има и нови бои на кругови и квадрати, а вклучено е и прилично бараното бело срце, пишува Emojipedia.

Ова е шесто по ред апдејтирање на листата на емотикони на Apple од 2014 година. Минатата година компанијата претстави емотикони што се однесуваа на лица со различна попреченост, како и за истополови парови.

Emoji 12.0 се очекува да бидат достапни за корисниците на iPhone за неколку месеци.

Фото: Emojipedia 

 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -