Фази во кариерата што ги поминува секоја жена

Подемите и падовите се составен дел на секој човек што гради кариера. Со оглед на тоа што емоциите кај жените се поизразени, кариерните промени ги доживуваат малку поинтензивно.

Остварувањето на баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот е еден од најголемите предизвици на секоја жена, која наоѓа свој начин да ги помине следниве неколку фази во својата кариера.

Истражување

Фазата на истражување најчесто се случува пред вработувањето или во почетокот на кариерата. Тогаш се дознааваат нови работи, се учи, истражува, се разгледуваат опции и начини како една жена може да функционира во деловна смисла.  Се јавуваат идеи и планови, но во најголем број случаи тие се нереални поради недостиг на искуство.

Промена

Оваа фаза може да се случи во било кое време од кариерниот развој. Промените можат да дојдат планирано или ненадејно, предизвикани од самата индивидуа или од други лица/околности. Може да биде промена на подобро, но за жал и на полошо.

Конфузија

Конфузната фаза се случува кога тешко се постигнува баланс помеѓу приватниот и деловниот живот. Тое е еден помалку хаотичен период којшто може да трае многу кратко, но и долго, во зависност од способноста на личноста да се организира. Продуктивноста најчесто опаѓа во оваа фаза, а се јавуваат и сомнежи во сопствената способност да се функционира на деловен план.

Откривање

Кога конфузијата ќе се надмине, следува фазата на повторно откривање на сопствените можности и умеења. Откривање на поефикасни начини и методи за завршување на работните обврски. Фаза во којашто жената се чуствува силно и го има потребниот ентузијазам за работа.

Посветеност

Фазата на посветеноста ја карактеризира добрата организација, одличните односи со колегите и претпоставените, фокусирање на работата, но и пронаоѓање на баланс помеѓу обврските. Личноста свесно, одговорно и посветено работи на својата кариера и ја гради во нагорна линија.

Фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -