„Училишни одмори“ – најновиот тренд на угостителската индустрија чија цел е да привлече повеќе ученици

Децата од целиот свет треба да се вратат во училишните клупи и станува јасно дека за многумина, оваа училишна година ќе биде уникатна во многу аспекти, пишува Женевјев Шо Браун за Добро утро Америка.

Голем број ученици ќе учат на далечина, а некои семејства веќе бараат начини како да ја искористат можноста што најверојатно се случува еднаш во животот: да ги изнесат семејствата надвор од градот во кој живеат и да ги однесат на одмор во време од годината кога типично би било непрактично. Оваа можност дава трошка надеж за многу родители кои сметаат дека ги очекува многу тешка година.

Хотелите во САД и Мексико веќе нудат одмори за време на кои децата можат да учат на далечина, а истовремено ги опремуваат просториите со посебни „училници“, приватни тутори и техничка поддршка.

Неопходноста е мајка на иновацијата

Во луксузното одморалиште Four Seasons Punta Mita, понудата за „училиштен одмор“ се роди од чиста неопходност.

„Идејата произлезе од фактот дека повторно го отворавме нашето одморалиште и голем број од нашите гости се` уште работа или учеа од дома,“ вели директорот за односи со јавност Мигел Перегрина. „Се` уште бевме затворени, а многу од услугите беа побарани од гостите. Така што го искористивме целиот момент, и ја претставивме сегашната понуда за концептот на ,училиштен одмор’.“

Во одморалиштето, дадилките се другари за учење кои седат заедно со децата за време на виртуелните часови. Лежалките и кабините покрај базенот се претворени во работни или ученички простори. Воншколската програма се состои од активности на отворено во рамките на одморалиштето.

Во најголемото семејно одморалиште во Америка – Great Wolf Lodge – „ученичкиот“ пакет дозволува доцно одјавување од хотелот за да можат децата да присуствуваат во посебно направената училница, што претставува посебно место во одморалиштето наменски дизјанирано за да можат децата да завршат со нивните онлајн лекции. Персоналот е секогаш достапен да се грижи за децата и да им обезбеди каква било поддршка. За време на одморите од школските активности, одморалиштето обезбедува и јога часови на далечина, можност за работа на технички или уметнички проект.

Не изоставуваат физички активности во природа

Во хотелот Poconos Shawnee Inn во Делавер, САД, „надгледуваното учење“ вклучува виртуелни училници, во согласност со насоките за одржување социјална дистанца. Секогаш е присутен негувател во собата кој надгледува како се одвива процесот на учење. Одморалиштето ветува целосно исполнет распоред со рекреација и учење, како што се прошетки во природа, уметнички и занаетчиски активности, одмор и физичко образование и безбедна социјализација. Нивната програма трае до 20 ноември годинава.

Во одморалиштето Monarch Beach Resort во Калифорнија, понудата за  „еду-одмор“, покрај вообичаеното сместување, овозможува искористување дополнителен ден кога собата може да се користи како простор за учење или пишување домашни задачи онлајн, кога на располагање е ставен и тутор. Секако, кога децата ќе завршат со традиционалниот начин на учење, хотелот нуди голем број физички активности на отворено.

„Бидејќи најголемите училишни области во Калифорнија се Лос Анџелес и Сан Диего, а тие прогласија дека наставата ќе се одвива само онлајн, нашиот тим е возбуден поради трансформацијата на нашето одморалиште и просторот од 175 акри во простор што ги инспирира учениците и нивните семејства оваа есен,“ вели Дениз Чапман, одговорна за маркетинг.

Во Џорџија, Риц Картлон овозможува и програма која вклучува другари за учење, посветени тутори кои треба да им помогнат на учениците со виртуелните часови, додека истовремено нудат и креативни едукативни искуства како риболов во блиското езеро или развој на уметнички вештини. Искуствата можат да се договорат според желбите на семејството пред тоа да пристигне на одредиштето и да вклучуваат традиционално туторство, активности за време на одморот, како и ручек на пикник, час на отворено, прошетки во природа и други активности.

Можеби вака осмислените едукативни понуди можат да се применат и во некои од одморалиштата во нашата земја или барем ќе послужат како инспирација.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -