Успешните претприемачи откриваат како едноставна промена го менува целиот живот

Езра Паунд, еден од најпознатите и највлијателните поети на дваесеттиот век, кажал: „Секоја голема промена е едноставна“, и не згрешил. 

Поврзано:

Често ја игнорираме моќта на навидум едноставните промени во нашиот животен стил бидејќи наоѓаме утеха во идејата дека големите трансформации доаѓаат од некое софистицирано место. Вистината е далеку поразлична, пишува thriveglobal.com.   

Ниту еден успешен човек не се разбудил еден ден и туку-така решил да си го преврти животот наопачки. Она што успешните луѓе го прават е што разбираат дека промената е потребна, и потоа прават мали секојдневни напори постојано за да овозможат да се случи ГОЛЕМАТА промена. Не станува збор за една голема промена, туку за збирниот ефект од малите промени вкоренети во секој ден во кој се создаваат инспиративни приказни.

Животните промени на неколку прептриемачи не само што го трансформираа нивниот живот на подобро, туку исто така им овозможија  да инспирираат и да помагаат на други да го направат истото.

1. Перфекционизмот и контролата заменете ги со благодарност и ранливост

Добивањето дијагноза дека боледувате од рак може секого да го натера да се онесвести, но добивањето на таква дијагноза по вашиот 50ти роденден е трагедија на едно сосема друго ниво.

Сега замислете дека по оваа вест станувате свесни дека треба да штедите за да можете и второто дете да го пратите на факултет, дека треба да го платите огромниот долг во банка, треба да подлегнете на масовна операција по вторпат, дека има шанси да го изгубите домот, а истовремено живеете со стравот дека може да добиете срцев удар во секој момент, и згора на сето тоа замислете како бракот во кој сте инвестирале 25 години се распаѓа.

Ваквиот след на настани може да го натера и најсилниот човек на светот да изгуби верба. Сепак, Рене Вард, основач на Catalyst Health Coaching, не само што ги преживеа сите овие настани, туку напредуваше и стана подобра во професионалниот живот од кога било претходно. 

Нејзината сила се должи на можноста да го замени перфекционизмот и контролата со благодарност и ранливост.

Таа вели: „Намерното секојдневно живеење со благодарност и водење дневник ми овозможи внатрешен мир, почит за едноставните дарови во животот, и способност да најдам нешто позитивно сред каква било ситуација. Прифаќањето и споделувањето на мојата ранливост го замолчија мојот внатрешен критичар, ја олабавија мојата потреба да бидам одобрена од други, и водеше до нова кариера која ме исполнува, односно да помагам на други жени да го сторат истото.“

2. Воспоставете утрински ритуал

Сите ја знаеме моќта на раното станување. Сепак, она што повеќемината не го сфаќаат е дека едноставното будење едноставно не е доволно.

Ако сè што правите наутро е да го земате телефонот и да ги вртите страниците на вашите социјални медиуми, ниту денот ниту животот нема да ви станат подобри.

Алекс Капоцоло, ко-основач на агенцијата за недвижнини Brotherly Love, го разбира ова и сфаќа дека со воспоставувањето рутина која е постојана но која дозволува флексибилност, овозможува дополнителна енергија што ќе трае до вечер, уште во најраните часови на денот. Најверојатно не сте ни свесни дека постојат рани утрински часови.

Неговиот утрински ритуал се состои од следниве чекори: ладен туш; 10 минути медитација; запишување мисли на благодарност и потврда во дневникот; испраќање порака на некој кој го сака; трчање; гледање видео што мотивира.

Алекс вели: „Порано имав проблем да станам рано, но сега кога имам физички задачи што треба да ги завршам секое сабајле, имам насока што ме тера да го започнам утрото, да ги завршам задачите и да целам напред.“

3. Движете се по малку во текот на целиот ден

Кога седите на столче повеќе од 8 часа на ден, природно е да се јават последици по однос на држењето на вашето тело и целосното здравје.

Здебелување, болки во телото, летаргија, ова се само некои од работите што ги искусуваме кога поголемиот дел од денот го минуваме залепени за бирото во канцеларија.

Но, за Кејт Розалес, основач на Sweet and Simple Life, негативните промени што ги доживуваше беа неприфатливи, па така таа одлучи дека е дојдено време за промена.

Во нејзиниот дом таа постави стоечко биро, и почна да се истегнува, да прави склекови и цел сет лесни вежби за нозете во текот на целиот ден.

Благото движење и едноставните вежби во текот на целиот ден не ја направија само попродуктивна, туку и овоможи да ги симне дополнителните килограми што ги накачи поради седетарниот начин на живот.

„Секој пат кога се борам со концентрацијата на работа, правам чекор наназад од моето биро и правам склекови за да го покачам пулсот. Потоа пијам малку вода и се враќам на работа. Секој пат кога го правам ова, функционира!“

Таа тврди дека нејзиниот бизнис немал да се развие до овој степен ако не ја направила оваа едноставна промена во нејзиниот животен стил.

4. Измерете го она што е важно

Она што ги одделува успешните претприемачи од не толку успешните бизнисмени е она што тие го мерат.

Секој успешен бизнис или организација има поставено сет показатели, наречени „клучни индикатори на успехот“ (Key Performance Indicators), што се мерат со религиозна посветеност.

Но реално, колкумина од нас размислувале да воведат креативен пресрвет во уметноста на мерењето како би можеле да го прилагодиме на нашиот личен живот за да го направиме посреќен и поисполнет?

За среќа, Арон Велки, ко-основач на Ortus Academy, успеал да ги примени овие индикатори на личниот живот, и она што го искусил во тој процес му го овозможил да го живее креативниот живот што тој претходно го посакувал но никогаш не го имал.

Еве што тој има да каже: „Го мерам она што е важно, до степен до кој повеќете би можеле да се почувствуваат заплашени, но бавниот раст на моето мерење ми го промени животот. Сега мерам колку пати го гледам семејството, посетите во теретана, книгите што ги читам, па дури и колку пати испраќам книга на некој непознат. Метриките во бизнисот ги следам на истиот начин, но кога се фокусирав на, и ги измерив работите што ме исполнуваат, мојот живот и бизнис напреднаа вртоглаво.“

Тој додадава дека правењето на оваа едноставна промена му дала насока и јаснотија за она што е важно во животот и за она што може да се игнорира на безбеден начин.

5. Направете чекор наназад за да можете да направите чекор нанапред

Ако има едно нешто заедничко во врска со светот на повеќето претприемачи, тоа е верувањето дека прават сè што знаат за да заработат пари и за да ги заштедат. И ако ови ви делува како мотив, постојат многу реални импликации што повеќето не ги сфаќаат дури не стане предоцна.

Заработувањето пари не значи дека треба да го игнорирате сопственото здравје, ниту пак значи недостаток на одмор или сон. Но, скоро секој самопрогласен гуру за претприемништво се чини како да го пропагира ова отровно размислување.

Исто како голем број претприемачи, Икбал Хусеин, основач на Norm Defiers, стана жртва на ваквиот ментален склоп. Еве на кој начин успеал да го надмине: „Со години се терав себеси да работам многу за да постигнам успех. Спиев само 4,5 саати, верувајќи дека ако спијам премногу губам време. Еднаш дури поминав месеци со дваа саати сон навечер. Поминував помеѓу 16 до 18 саати дневно пред компјутер. Моето здравје се распадна до степен кога не можев да се препознаам себеси. Сè се промени кога почнав да се повлекувам од работа и почнав повеќе да спијам, подобро да јадам, да вежбам и да правам мали паузи. Се изненадив ама постигнав многу повеќе за многу пократко време.“

Хусеин е убеден дека промената во неговиот животен стил го натерала да сфати дека што повеќе човек вложува во сопственото здравје и целосната добросостојба, толку повеќе добива од животот во поглед на лична и професионална исполнетост. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -