Угостители, туристички работници и транспортери бараат продолжување на владината поддршка

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска и владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителскиот и туристичкиот сктор и компании кои се занимаваат со превоз на патници.

На работната средба беше истакнато дека овие неколку сектори трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, но со навремено креирање на мерки и протоколи од страна на Владата, сепак, фирми што работат во овие дејности останаа ликвидни и во време кога не можеа да работат.

Засегнатите сектори бараат продолжување на владините мерки за поддршка

На состанокот, претставниците на компаниите доставија барање за продолжување на владината поддршка и во наредниот период, а се разговараше за справување со економската криза предизвикана од Ковид-19, за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции во наредниот период, како и за потребата од носење на нови мерки.

На средбата беше истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејност ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати.

Исто така угостителите истакнаа дека со носењето на протоколите од Владата очекуваат зголемување на посетеноста, од граѓаните, посебно од оние кои ќе ги користат платежните картички.

Владата обезбеди 555 милиони евра за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите, а дел за исплата на плати на работниците, со што се спасени околу 60.000 работни места.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -