Три предизвици што ќе ја дефинираат работната средина во остатокот од годината

Со новите случаи на инфицирани лица што се појавуваат за време на подготовките за Олимпијадата во Токио и одлуката на Apple да го одложи враќањето со физичко присуство во канцеларија, нешто станува очигледно јасно. Многу предизвици со кои фирмите се соочија за време на почетокот на пандемијата се чини дека ќе станат норма наместо аномалија. Оваа согледба ни кажува дека сега е време вистински да се соочиме со овие предизвици наместо да чекаме да поминат заедно со вирусот, смета Дениз Пироти Хумел, извршна директорка на RevWork Inc, една од 100 обучувачи на Marshall Goldsmith и експерт за организациони култура.

Иако несигурноста секогаш е непријатна, овие предизвици исто така претставуваат области на големи можности за раст. Сакам да ги проценам некои од најновите проблеми – предизвикателни можности – што ќе ја дефинираат нашата работна средина и по 2021ва година.

Усовршување на работата на далечина

Дебатата за работата на далечина еволуира од „кога ли ќе заврши“ до „која е вистинската рамнотежа?“. Она што многумина од нас мислеа дека е привремена промена сега станува јасно дека е се` друго освен тоа. Работата на далечина ќе остане најверојатно засекогаш. Единственото прашање е како да ја усовршиме вистинската рамнотежа помеѓу работа со физичко присуство и виртуелно работење. Позитивно е тоа што работата на далечина обезбедува подобра алтернатива од работа во канцеларија за родителите и лицата кои обезбедуваат грижа за другите членови на семејството, а негативната е тоа што работата на далечина е објективно помалку идеална за многу луѓе. Младите кои сега ја почнуваат кариерата ќе пропуштат многу од искуствата што се стекнуваат со физичкото присуство и со менторството од постарите колеги. Екстровертните исто така ќе бидат емоционално погодени, што пак може негативно да се одрази на нивната ефикасност.

И, ако за пример го земеме Apple, кои тукушто најавија одложување на датумот кога вработените ќе се вратат назад во канцеларија, реалноста е дека последиците од Ковид-19 може никогаш вистински да не ја напуштат работната средина. Најголемото прашање е како да ја создадеме идеалната работна средина на иднината од која ќе имаат корист и вработените и компанијата во поглед на раст?

Поддршка за менталното здравје

Извештај издаден во 2018 год од The Lancet Commission открива дека менталното здравје може да ја чини светската економија околу 16 трилиони американски долари до 2030 год. Дополнително на директните трошоци за здравствено осигурување, лекарства и други видови терапии, трошоците вклучуваат и губиток на продуктивноста. Но, овој проблем е подлабок од поттик на продуктивноста на работното место. Пандемијата продолжува да жнее последици и да го влошува овој тренд.

Проблемите со менталното здравје драстично пораснаа низ сите слоеви на општеството во текот на изминатите децении. Порастот на медиумите придонесе кон згоелмувањето на предизвиците поврзани со менталното здравје за помладата демографија, во досега невидени размери. Поттикнувањето на свесноста и промоцијата на дијалогот за менталното здравје е исто толку социјална цел, колку што е цел во работните средини. Компаниите презедоа поголема улога и одговорност во насока на поттикнување позитивни промени со цел да ја помогнат поддршката што општествата веќе ја започнаа. Да имаме надеж дека овие напори ќе придонесат кон поздрави, посреќни и поиновативни работни средини.

Негување на разноликост во работните средини

Инклузијата и разноликоста се најважните состојки на најуспешните работни средини на иднината. Модерните работни средини се под закана на пореметување и автоматизација. Оттука, компаниите мора да ги негуваат најдобрите карактеристики и способности кај секој вработен. Инклузијата е клучна во осигурувањето позитивна организациска култура која негува доверба и му овозможува на секој поединец да расте секој ден.

Инклузијата исто така ќе биде клучна и во усовршувањето на работата на далечина и во поддршката на менталното здравје. Разноликоста во перспективите, креативноста и професионалното искуство ќе ја поттикнува иновативноста во иднина. Компаниите мора да најдат начин да продолжат да негуваат силни култури во организацијата, имајќи ги на ум барањата што општеството ни ги наметнува и кои секогаш еволуираат.

Дневно поттикнување на поединечниот и колективниот раст

Како да им помогнеме на луѓето да растат како поединци, но и колективно како работна средина и заедница? Како да го засилиме тој раст на дневна основа?

Условите за живот на милиони професионалци и опстанокот на нивните компании зависи од одговорот на овие прашања. Студија спроведена во 2019 год заклучува дека повеќе од 120 милиони работници во некои од најголемите светски економии ќе треба да одат на нови тренинзи за да стекнат нови вештини во следните три години. Повеќето предвидуваат дека оваа цифра е само врвот од сантата мраз.

Работната средина на иднината ќе бара решенија во гореспоменатите три области, имајќи една централна тема на ум: поттикнување на индивидуалниот раст, како и растот на тимот. Рамнотежата помеѓу двете нешта е исполнета со нијанси и предизвици, но сега е подостижна и тоа повеќе од времето на почетокот на пандемијата. Истрајноста што ја покажавме во изминатите 18 месеци ме возбуди повеќе отколку кога било претходно кога се работи за иднината на работната средина.

Извор: LinkedIn

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -