Три начини одново да се заљубите во работата

По предизвиците од 2020 год и последователните промени во 2021 год, голем број професионалци во светот на сметководството и финансиите искусуваат поголем стрес од вообичаено. Овие професионалци даваа екстра напори за да им помогнат на организациите да ја пребродат финансиската анксиозност предизвикана од пандемијата, и ги преминаа сопствените граници за да обезбедат се` што можат за лидерите на компанијата, смета Кевин Редер, потпретседател на Recruiting at LaSalle Network, фирма со седиште во Чикаго која работи на регрутација и менаџирање човечки ресурси во областа на сметководството и финансиите.

Оваа ситуација во комбинација со личен стрес, како ненадејно менаџирање на детска нега или нега за постарите членови на семејството, онлајн учење, или пак грижи по однос на сопственото здравје и сигурност, и товарот на пандемијата може да биде незамислив. Наталожениот стрес често пати води до чувство на преоптовареност со работата, што често пати пак може да доведе до незадоволство од работното место. По такво стресно време, голем број професионалци во сметководството и финансиите почнаа да размислуваат за промени.

Сепак, во овој момент, клучно е темелно да размислите за причините за напуштање на работата и дали сегашната позиција вреди да се остане на неа.

Професионалците во сметководство и финансии би требало да размислат на следниве работи пред да дадат отказ од сегашното работно место.

Прво размислете

Пред да почнат да бараат нова можност, професионалците би требало прво да размислат за прашањата што следат:

Дали стоите зад мисијата на компанијата? Задоволството од работата може да произлезе од чувството на гордост дека стоите позади мисијата на компанијата за која работите. Несогласувањето со мисијата може да биде добар индикатор дека личните цели и мисијата на организацијата не се усогласени и можеби не се компатибилни, што е знак дека треба да продолжите понатаму.

Дали ви се допаѓаат колегите? Размислете дали вашите колеги прават да се исплати вашата улога во тимот. Статистиките покажуваат дека задоволството од работата на вработените се покачува за 50% кога тие имаат близок однос со нивните колеги. Покрај работењето од дома, вработените поминуваат голем дел од времето со колегите виртуелно, што значи дека е витално да имате солиден однос и ниво на почит едни за други.

Дали имате силна врска со вашиот менаџер? Непријатен однос со менаџерот може да го намали ангажманот на вработениот во организацијата, како и самодовербата од неговото работно место и посветеноста. Ако чувствувате недостаток на комуникација, слаба врска или негативност од вашиот менаџер, тогаш тоа е доволно причина да го промените работното место.

Дали работата ви причинува задоволство? За секој професионалец клучно е да ужива во работа што ги одредува неговите секојдневни обврски. Заглавеноста во погрешна работна функција може да ја замагли перспективата на вработените, не само како кариера, туку и во животот. Би требало да размислите дали би било возбудливо и охрабрувачки ако се вклучите во нови проекти со нови предизвици и одговорности.

Откако ќе размислите за овие прашања, би требало да ви биде јасно дали треба да останете или да ја напуштите таа работна позиција врз основа на поврзаноста со компанијата, менаџерот и вашата улога. Ако одлуката е да останете, еве ги начините како да го подобрите задоволството од работното место.

Сопствен кариерен развој

Често пати, луѓето сакаат да ја напуштат моменталната работа ако се незадоволни од нивната улога. Учењето нови вештини и правењето напор во кариерниот развој може да понуди нова смисла за цел, што на крај ја зголемува вредноста.

Преземањето иницијатива да учите повеќе и да развиете сет вештини може да ви помогне во доаѓањето до успех на работната позиција и да го подобри задоволството од работата. Исто така ги охрабруваме менаџерите и одговорните да продолжат да инвестираат во развојот на талентот на вработените, со тренинзи за нови вештини и дополнителни сертификати, не само поради тоа што треба да останат конкурентни професионалци, туку и бидејќи тоа може да ја подобри нивната ефикасност во работењето и да им помогне да остварат развој во кариерата и исполнетост од работата.

Уште еден начин да се инвестира во кариерниот развој е со приклучување кон професионални организации, не само за да се поврзете и учите од други професионалци во индустријата, туку исто така бидејќи овие организации и асоцијации обезбедуваат пристап до вебинари, настани за вмрежување и слично…

Зборувајте со менаџерот

Професионалците во сметководството и финансиите не би требало да се плашат да го кажат своето мислење, бидејќи ако тие чувствуваат недостаток на поврзаност со работата, нивниот менаџер најверојатно веќе го забележал тоа. Проактивноста и зборувањето за тоа прашање со менаџерот е одличен начин вработените да покажат иницијатива.

Пред да го закажете состанокот со менаџерот, професионалците би требало прво да состават листа од причините поради кои се чувствуваат фрустрирани на работното место, или што ги плаши или им причинува да се чувствуваат несреќни, како и предложени решенија. Не се состанувајте со менаџерот со листа поплаки и никаков акциски план.

Размислете што недостасува на позицијата. Дали има нешто конкретно што би ја направило таа позиција попријатна? На пример, по работењето на долги проекти, како буџети или предвидувања, вклучувањето во различен проект може да понуди нови и возбудливи аспекти на тоа работно место.

Друга идеја е крос-секторска работа, што пак може да ви помогне да ја ревитализирате вашата позиција и да го поттикнете сопствениот ангажман. Вработените имаат можност да ги користат нивните вештини на нови начини, што пак може да им даде нови и интересни предизвици. Можноста да станете партнер со други лидери и други тимови може да обезбеди создавање нови професионални релации, што пак истото така може да го зголеми целокупното задоволство.

Фокусирајте на создавање интерперсонални односи

Силните работни односи и пријателства можат да им помогнат на професионалците во сметководство и финансии да уживаат во нивната улога многу повеќе. Тешки периоди и кариерни неволји му се случуваат речиси на секој професионалец, и пријателствата од работа можат да помогнат во надминување на овие проблеми и да го зголемат целокупното задоволство од работата.

Истражувањата покажуваат дека вработените кои се блиски со нивните колеги се посреќни на работа, повеќе ангажирани, имаат подобри односи со клиентите и нивната работа е подобра.

Иако секој нов вработен прво се концентрира на учење на функцијата на позицијата и успева во тоа, како што станува повеќе навикнат во улогата, треба да е свесен дека е важно е да се поминува повеќе време во поврзувањето со колегите. „Среќни часови“ после работа, ручек со членовите на тимот, и внатрешни настани за вмрежување – сите се одлични можности да се сретнете и поврзете со другите во организацијата. Интерперсоналните врски на работа можат да им помогнат на професионалците да донесат повеќе вредност во нивните тимови и да го подобрат задоволството од работното место.

Дали да си одите или да останете?

По размислувањето, пробувањето нови тактики за развој на кариерата, разговорот со менаџерот и фокусирањето на создавање односи со другите колеги, сепак може да се чувствувате како работното место да не е соодветно за вас. Што и да се причините поради кои сакате да си одите, клучно е целосно да ги разберете влијанијата на вашата одлука и да ги одмерите позитивните и негативните аспекти.

Ако се преземени сите неопходни чекори и сте го оживеале односот со вашата работа, запомнете постојано да ги одржувате овие совети и навики. Без разлика како се менува вашата позиција, барањето нови начини да се подобри ставот и исходот, вие ќе имате напредок во кариерата кој ќе биде постојан и фокусиран.

Извор: Financial Management Magazine

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -